Не ме болат препони, само популарната срамна коска, синоќа ме искина. Осетив и половини како да сакат да ме фатам исто ама не беше страшно. Денес сим ок. Осеќаш ли како земјотрес во стомак кога мрда бебето како да тресе?? Која недела си?
И јас мислев болки се лажните контракции, сабајле ми правеа вагинален преглед, и верувајте тоа се болки
Сакам да прашам дали е нормално 37 недела движењата да се намалени,не дека не ги чуствувам воопшто но се намалени за разлика од порано. Иначе влагам 38 недела барем такс треба да биде иако на контрола секогаш различно ми кажуваат,треба неделава да се договориме за царски во случај да не се сврти до тогаш.Иначе би сакала да го поносам уште една недела барем но во мојот град сме ограничени со анестезиолог само два пати неделно има,а карлично не пораѓаат.
чуствував пред флостернот така сега е помрзеливо, позаспано.. иначе 35+0 сме според денешниот преглед од утре во 9ти пошо понапредно е бебо и ни го преместија терминот..
Јас на преглед кога бев, го прашувам докторот која недела сум тогаш. Вели 7ма. А на сликичката пишуваше 6н и 4 дена. По мое значи 7ма ама не полна. Што знам Затоа со апликацијава и немам мака. Сама си рачуна
Има ли некоја од вас со т.н Т - форма на матка??? Малку докторот ме исплаши дека е по ризично за спонтан до 12та недела кога има ваква форма на матка... Искуство некој?
Девојки, на анализите од Хемолаб ми стои дека наодот не укажува на некое нарушување, но во оваа г.н. (24) СФСА е порепрезентативен наод. Што би можело да значи тоа? Што всушност е сфса?
И јас сум 37+ кај мене е обратно. Мрда како лудо,ептен е активно. Ваљда си имаат и они нивни периоди на игра. Може се уморуваат и затоа се мирни.
Ако ти е шубе оди кај друг доктор. Мојата матична секогаш вика дека е битно да има симетрија, а тоа шо е на граница не е страшно па има и послебички и подебелки бебиња. Важно органчињата да му се добро развиени
Да направи докторот рече во ред е протокот,јас примам и клексани по двапати на ден,другиот вторник сум пак на контрола па ќе видиме.
Лепотици шо мислите за колку време од прилика храната оди кај бебето?? Сум приметила дека кога ќе јадам нешто за 5 мин е активно и мрда. Можно ли е толку брзо да прима?? Мислам нели треба да се свари храната во желудникот. Како ја прима бебето храната?? Знаете ли??
@Fallen.Angel За гарденерела ставај лактогин долу... мене матичниот тие ми ги препорача ... тоа се вагиналитети.. и кај мене тој брис се погоди позитивен.. со едно кутивче (7 апчиња за 7 дена) јас ја исчистив бактеријата.. го повторив тестот и беше чист.. немаше гарденерела...