Здраво и од мене мешковци. И јас бев денес да се шишам. Убаво ми дојде промената. Се прибрав дома, се напив чајче, и се умотав под ќебе. Што убаво си врне. Се спие на ова време, не се оди никаде.. Ќе мијам садови па ќе правам ручек. Деновиве ќе излезам да си купам нешто за мене, за излегување од болница. Бебуш ми се спушти уште малку надоле. Следно ехо и цтг ни е во петок тогаш веќе ќе бидеме 37+6 Летна времево, така си размислувам леле уште 2,3 недели и ќе го имам целиот свет во раце Гледам таму во термини на породување пета сум по ред
Сега бев во вц и на бришење имав бел лигав секрет како мрсул. Можно ли е да е чепот, или почеток на паѓање на чепот? Немаше крв, немаше ни кафен исцедок..
Мамички во исчекување, дали некоја има видено ваква вреќичка низ продавниците? Ова е од Карамел, Р.Албанија, би сакала ако има низ продавниците
На здравје шишање , и нема што да се паничиш ни вечер ни утре, пораѓајот нормално дека ќе биде брз, јас верувам дека ќе биде така уште и ти да почнеш Да
Ме зезаш ли??? Лелеее нее, страв ми еее... Не сум спремнаа.. психичкии.. кажи дека не е чепот. Мислев ќе ми пишете дека вагинален секрет ми е... Малку ме боли и половинатаа... Што да правам??? Срце ќе ми излезе.. Плачам сега..
@Starlič Смири се. Види си ги своите зборови Само ова имај го на ум и друго не ти треба. Што сака нека е, па и чепот нека е, очињата ќе ги видиш набрзо
Јас мислам да не се стресуваш уште од сега. И да е тоа тоа, паника нема да ти помогне. И јас мислев дека ми паднал чепот, па после коа добив една остра болка доле реков готово тргна работава. Еве 3 4 дена поминаа од тогаш, абер немам
Ја тоа го мислев стварно, ама паника ме фати. Не можам да се смирам, плачам.. незнам дали од радост или од паника..
А зошто се плашиш, какво плашење полошо е така немој да се стегаш. Јас и пред некој ден пишав овде,чепот кога испаѓа значи дека породувањето се ближи, може да испаѓа и цела недела ( како кај мене) а може да иападне наеднаш па после пак за една недела да се породиш. Кај сите е различно. Како стегање опушти се..ептен лигаво ли беше ?
Мислам дека гиникологот треба да ти го каже тоа. Јас го пиев, едно апче 200 мг пред спиење. Сега ми го прекина.
Па да. Никогаш не сум имала такпв исцедок.. Ме заболува и доле ниското на моменти, и од позади, па прекинува, па пак... Ама не се којзнае какви болки.. се трпат..
Верувам е чепот, нема потреба од паника, ајде седни на кревет, и земи апликација за мерење контракции. Контракции се мерат така што кога ќе почне стискаш плеј, а кога ќе заврши стискаш стоп. На секоја болка мери си ги. Јасно ти е ?
На почетокот болките не се јаки. Ако се на пример на 10 мин размах, со траење од 40 до 90 секунди, да осиш одма на лекар.
Не не се разбирам јас во тоа. Ќе се правам како ништо да не се случило. Ќе правам ручек сега. И ќе мијам садови.. Ќе пробам да се релаксирам малку..