Можете да го гледате доаѓањето на совршенството без цензура. Да напоменам, немојте да гледате ако не се психички спремни за ова. Овде даваат природен пораѓај од најблиска можна точка ! Не секој има стомак за ова !
Јас сум веќе при крај уште две недели некаде и ќе можам да си каснам кифлички Не правев никаков нифти дури ни приска или како и да се викаше тестот. На 12 недела бев во Систина кај др. Димчев, и тој ми потврди дека не гледа никакви аномалии на плодот, нели со резерва зошто никој не може да ти гарантира 100%. И од тогаш си терам редовни контроли кај специјалист гинеколог и кај мојата матична на 3 недели, досега се се одвива како што треба. Инаку јас со диета бев на граница после јадење значи 8, 8.3, 8.4 (треба да е под 7.8 после 1 час јадење) ама пак ме ставија на инсулин. Прво почнав со ноќниот зошто на сабајле никако не можев да го симнам под 7. Од 8 единици навечер сега сум моментално на 32. А пред секој главен оброк од 3,3,4 на почеток се задржав на 8,8,9 веќе долго време. Како што се ближи крајот посебно 32-36 недела хормоните најмногу го блокираат инсулинот и дозите треба да се покачат. После при крајот како што велат почнуваат хормоните да се намалуваат па со тоа и инсулинот (се надевам ) Шеќерот ако не се контролира може да влијае на бебето и не само на бебето, на плодовата вода и на постелката. Ако не е контролиран со диета, лекарства или инсулин, може да дојде до големо бебе, спремно за раѓање уште пред 8-9 месец, а органите да не му се до развиени. Зголемена плодова вода исто е резултат од неконтролиран шеќер, може да доведе до предвремено пукање на водењакот. Предвреме зреена постелка се оделува од задниот ѕид и исто така доведува до предвремено раѓање. Е сега откако ве исполашив да ви кажам и дека повремени високи бројки не се толку страшни, ама да не е постојано. И некој без скриен шеќер ако си касне чоколадо ќе му се качи шеќерот над нормала. Исто така друго приметив, иако не е вина на мајките да имаат скриен шеќер, се се крие во хормоните од постелката, нашите лекари знаат со предрасуди да се однесуваат кон нас. Има нормални бремености, каде бебето е поголемо од неделите кои што треба да биде, ама нели оти нема дијагностицирано скриен шеќер се е нормално и во ред. А кај мене, буци 1 недела на почеток беше напред, ама нели со скриен шеќер, ме испопаничија и испоплашија до немај каде, па ми препишуваа лекарства за зреење уште на 29 недела, па ме тераа да не се движам да не ми прснел водењак уште пред време (иако немав зголемена плодова вода ниту пак зреена постелка). Ова беа докторите од ГАК, зошто и во Скопје доаѓав на контроли, па на крај да пресече мојот специјалист и да ме утеши да не се грижам и да си уживам во бременоста, без лекарства и без слични глупости, па еве стигнав до 9ти месец со развиено бебенце.
Жено, па јас ти се восхитувам како го гледаш ова. Мислев дека сум спремна ама ич не сум, за ништо! Мајки јас ви се поклонувам, а сега морам во вц.
Јас сакам да прашам како се справувате со луѓето околу вас што се без никаков усул и тронка свест? Па вчера бев со другарки на кафе и една фати да раскажува една хорор приказна за некоја нејзина блиска кога била трудна(Не сакам да ја споделувам тука да не ве тревожам и вас). И јатрва ми е иста, на една комшика вака на една комшика така. А сега викендов идам кај свекрвата и на некој секако ќе му текне да тресе зелени. Значи не ми е јасно како може да се до толку без осет.....
Jas otkako zabremeniv ne sum spremna, ama toe e zivot, ne treba mnogu da se mislime spontano sve neka si bide
Јас и првата бременост бев на инсулин ама бебињата не беа нешто многу големи, дури нормална тежина имаа 3.200 а се породив во 38 недела без никакви болки ниту отворена, цервиксот супер беше. Дури безпотребно ја примив инекцијата за зреење во 36 недела, од страв дека нели викаа со близнаци порано се пораѓале. После ми беше криво што ја примив, дека е кортико и немало потреба дури и докторот на ГАК ме погледна чудно дека не сум морала ама ете. Јас знам да си изедам и бел леб, некогаш да пробам и благо и првата бременост си јадев сладолед дека летно време бев бремена ама приметувам дека не е се до храната, некогаш и со малку изедено интегрално знае да се качи многу а некогаш и компири јадам а не се качува толку. Сега во 16 недела мислам дека почна повеќе да се качува шеќерот затоа ќе му речам нека зголемува доза. Првата бременост бев со 8,8,8,12 цела бременост ама не се замарав толку да мерам постојано пред и по јадење. Сега сум повеќе опседната со тоа, само купувам ленти.
Јас си кажувам да прекинат и да не забораваат дека има трудница во нивно пристуство. Ич не им молчи ако нешто ти прави да се чувствуваш непријатно, на смирен начин кажи си. Зошто се што чувствуваш ти чувствува и малото во тебе.
Никако, катастрофа сум за вакви ситуации. Јас сум особа што собира во себе и ќути и пукам јако по одредено време. Јас сум опкружена со вакви личности од страната на вереникот, моите се многу поразлични. Свеки нонстоп е негативна, а сестра му е таа со вакви приказни и она знае се (нема врска што е доста помала од мене). Што и да кажам не сум во право, имаат мислење на секоја тема, а не помагаат буквално никако. И така, пукнав јас пред некој ден ама пак на нив ништо не им реков туку вереникот си го доби јако. Се испокаравме, ни крив ни должен му изнакажав многу лоши ствари, не зборевме 3 дена и многу ми беше тешко. Сега се трудам после таа грешка да се сменам. Кога сум сама си ги повторувам сценаријата и знам што треба да кажам. Во реалноста домашното воспитување (патријархално) не ми дозволува. А многу сакам да сум безобразна како сестра му. Така да, немој да бидеш како мене
Леле не ми кажувај за ленти, на недела по едно пакетче трошам зошто 7 пати мерам во денот. Па тој аку чек апаратот лентите се 1000 ден. (ебате сексот на суво ) Туку да те прашам со првите кога беше на раѓање, се боцна инсулин? Јадеше? Јас царски ќе бидам ама никој не знае да ми каже како да се спремам пред царскиот. Знам само дека дур се породиш можно е да скокне шеќерот, па бебо да компензира и кога ќе се роди да има намален шеќер. Јас малце паники сум, зошто нема да се пораѓам во Скопје каде што имаат повеќе искуство со трудници на инсулин.
Епа иста сум, ама не е само јатрвата, и моите другарки тресат зелени и колешкиве на работа. И јас си ќутам. А не можам на игнор да ги ставам, сепак допираат до мене приказните. Али сега кај свеки ќе почнат и за имиња да зборат гарант, а тоа секако ќе ме извади од такт. Треба пред да одиме да му кажам на мм да ги предупреди, зашо он ако им каже нема да зборат
Јас два три дена до породување бев таму и мислам дека пред да се породам не примив ниту инсулин ниту клексани, така ми рекоа и нормално вечерта ништо не јадев и не пиев. А им кажав дека имам дијабет и цело време ми го проверуваа шеќерот. Ама овој пат ќе си го примам инсулинот до крај, ќе го прашам и ендокринологот, зашто они не мереа и еден час после јадење. Јас имам апарат Medisign уште од првата бременост и секаде има ленти за нив, 599 денари се. А сега со инсулинот ми дадоа некој нов апарат Tyson bio ги потрошив лентите и никаде не можам да најдам такви.
Другарките ми се супер, освен една што кога и соопштив дека сум бремена почна да плаче за нејзиниот абортус. Колку и да ме шокираше само ја гушнав и не дозволив да влијае тоа на мојата среќа. Пресебично од нејзина страна ама ваљда ја совладаа емоциите. Така да, на другарки, колешки и сл. само као на шала кажи им трудница имате со вас хаха и ако не те сфатат сериозно повтори им. Замоли ги да се воздржат пред тебе.
Бре бре што убаво.. како си лежат ни нозе у вис ни инфузии ни ништо. Мене како ми ги качија нозете мислиш наопачки ќе ме превртат па уште и со инфузија у раката оди мрдни да те видам.. ехх каква желба имам во базен да се пораѓам ама тешко тоа кај нас...
Плус мед апаратите користат исти ленти како Тајсонот, мене тие ме спасија. некаде беа 530 денари сега ги накачија 685 ден. А и јас го имам Медисигн (леле сите апарати ги имам ) ама нели Тајсонот ми го дадоа па на него најмногу верувам.
@Dikinzi @Starlič извини многу, ама ме изнасмеа  Дека не си спремна. Инаку да, чепот може да паѓа и цела недела. Ако имаш и кафеав исцедок може да е ако те провериле вагинално. За болките не знам што да ти кажам - јас кажав изгледа најсмотана трудница сум оти не знам да распознавам и разликувам контракции. Ама види, ако се појаки отиди на цтг. Како и да е, со лесно За хорор приказни - во првата бременост имав такви што јас пред пораѓај а они без усул, екој детал ми го раскажаа, а јас молчев. Не дека и сега кажувам, ама кој и да ви кажува нешто, речете "леле немој да ми кажуваш, страв ми е" и "секој си е различен организам, една иста жена има 2 различни пораѓаи, секоја трудница е различна". И стварно е така
Не сум имала преглед со рака до сега. Така да нема кафен исцедок. Смеј се, не се лутам. Паника ме фати. Сега сум добра. Се надевам ќе почека бебево... Инаку болки ептееен слаби, не би рекла дека за брзо ќе има нешто..