Дали некоја од вас била на заболекар во бременост? Денес ми падна пломба, утре заболекарот ќе ми се јави кога да одам. Ќе му кажам дека сум трудна секако и ќе знае што да прави. Ама ме копка, анестезија може ли или не? Да знам да се спремам психички....
Балони има, ги прават без проблем. Ако сакаш дома може во кутија да бидат балоните и вие само да ја отворите кутијата и балоните за излезат сами (сини или розеви). Јас имав идеа и со торта во средина да има син или розев шлаг. Му рече на гиникологот да ти го пише полот во плико или преку пренатален?
Јас знам дека во бременост не ставаат анестезија. Сестра ми правеше заб додека беше бремена и рекоа мора без анестезија. Јас од тој страв пред да почнеме да правиме бебе отидов на проверка, и што беше за средување да средам Ама пломба кога ми менувале никогаш не ме болело.
Мене ми рекоа дека не се прават заби во бременост, сакав и јас да одам. Сепак види со заболекарот што ќе ти каже
Мора да го направи, не може со кратер во уста да бидам Башка е 6ка долна, претходно не сакаше да ја пипа, ми е страв дека треба да се вади... Офф... ајде ќе видам утре. Фала ви
Јас па баш слушав дека подобро е да се прават. Не дај боже од расипан заб поише компликации може да излезат..
@Butterfly1107 Јас знам дека после 3ти месец може да се прават заби, имало безадреналинска анестезија(мислам така се викаше) . Секако во консултација со гинеколог и забар. Полошо било да ја трпиш болката или да стои расипан заб, отколку да правиш. Тоа сум слушала, искуство немам. Инаку, еве ако може @Annath e стоматолог, па ако може она ќе ти објасни.
За трудници ставаат безадреналинска анестезија (ако веќе има потреба од анестезија). Ќе го средиш, не се секирај. Се прават заби и во бременост
се се прави во бременост без гајле, ако е за анестезија ќе биде без адреналин, е сега тие послабо фаќале што значи малку повеќе болка ама па сигурно стоматологот ќе внимава многу повеќе со тебе него со другите пациенти. јас пред оваа бременост ја направив грешката да не отидам на преглед па си заработив трудна една поправка на заб, среќа лесно поминав, со лесно и на тебе
Јас го знам полот, сакав да направам изненадување за најблиските (голема фамилија сме). Многу девојки сме и сите си сакавме машко. Ни се исполни желбата и затоа сакам нешто убаво да направам
Јас сама си направив торта. Во филот ставив прехранбена розева боја (филот мора да биде бел или жолта боја за да фати бојата поубаво), ги намачкав корите, одозгора цела торта покриена со бел шлаг и со шарени мрвици нацртав прашалник. Ете тоа ми беше наједноставно за правење, а доста ефективно. Само јас и маж ми знаевме за полот, собравме најблиските и ѝ дадовме на ќерка ми да го пресече првото парче Малце се изамериканизиравме, ама ај
Да ве прашам јас сум од источна Мак. сакам да се пораѓам во СК во ремедика,па ме интересира дали кога ќе ме фатат болки или кога ќе пукне водењакот ќе имам доста време за да стасам до СК,и дали ќе смеам да се патувам тогаш? И друго што да спакувам за во болница?
Teoретски ако е постојана болка не е породилна Породилните се јавуваат на одреден интервал боли некое време, па поминува болката, на истиот интервал пак. Како минува времето интервалите треба да се пократки. Така да ако е само болка во половината напијте се вода, магнезиум и легнете си Mоже, без адреналин, знае заболекарката.
Дали имате искуство со контактни леќи за време на бременоста? Дали може да наштетат како и растворот во кој се чуваат леќите? Дали може да се употребуваат вештачки солзи? Купив, ама незнам дали да ги носам!? Прашав во аптека за растворот и за вештачките солзи. Ми кажаа може. Но, сеуште ми е некако страв.
Многу е индивидуално, се зависи зошто е даден. Јас почнав од 6 недела оти 2 дена имав темно кафен исцедок и за превенција. Плус, ми викаше др дека мн долу го носам, дека помлитава ми била матката, не баш зацврстена ( а во Плодност ми рекоа нема врска што е долу, нормално било во 13 недела да е така, ама не им кажав таму дека ставам утрог.))....И затоа и кога бев во 13 недела ми рече се до наредна средба да ги ставам. Е,некни, кога виде дека бебчето се качило горе, рече дека не мора повеќе да ги ставам, немало потреба. Јас ставав 2*200 мг.Така да зависи , др ќе преценат до кога треба....
Јас Утрогестан уште пред трансфер ставав 3×200, па дури во второ тромесечие кога влегов, ми намалија на 2×200. Кажано ми е дека до крај ќе треба да ставам, иако ми е веќе грлото затворено и постелката е горе. @Dance27 Не му се мисли, различно е кај сите. Како што ќе каже докторот, така