Зависи, што ти е? Јас сум затка во носов. Прскам со солен раствор во нос, држам топли облоги на чело, пијам лимон со мед, пијам витамин Ц, јадам супи и чорби со црн пипер, може чај од ѓумбир.
Носот затнат навечер, кивам на 2 мин, се тресам од ладно, се осеќа дека е голема настинка . Не знам дали смеам парацетамол и некои нормални капки за нос , раствор колку ќе помогне. :/
Е слаби се ваквите раствори, си викам ај барем ќе издувам нос ако не друго. И јас кивам, глава наболува. Парацетамол јас би пиела само ако имам температура. Досега не сум се напила ништо. Бев на доктор, правев брисеви да не имам бактерија и без резултат докторката ми рече да не земам ништо друго. Ни Оперил ми рече сега да не земам додека не видиме резултат. Не знам што да ти кажам, консултирај се со матичен ако не. Измери температура штом се тресеш.
Може, јас носам наочари и леќи нај изменично. Не му се секирај ништо нема да му е на бебо. А за вештачки солзи, подобро ако ти се сушат очите да си капнуваш од течноста за леќи, јас така правам. Јас само еднаш настинав во цела бременост (пу пу да не се урочам) и тоа ептен на почеток. Парацетамол не се напив зошто свеки ми кажа ако можеш да ја издржиш температурата до 38,5 не пиј, ама тоа на мој ризик немој да ме слушаш мене. Па се мачкав со викс гради и грб, супи со црн пипер, чаеви, салеп, и под ќебе да се испотиш да ти падне темп. Ама ептен проблем си имав со носот и грлото и земав еден спреј солена вода и прополис за грло. По заебана не сум се чуствувала во живот, ни тоа ни тоа не ми помогна, а во комбинација кога двете ќе ги ставиш мислиш игли голташ. Од 3ти месец навака носот ми е на 50% функционалност (као демек од хормоните) не сум настината, ама сега во последните денови си мачкам викс внатре во носот за полесно да дишам пред спиење. Земав и од тие стикчињата за нос што се вдишува, ама тоа ништо не ми помогна исто.
Да се приклучам и јас носам наизменично наочари и леќи, додуша поретко леќи зошто тие ги носам кога сакам да се дотерам, а цела трудноча сум мизерија жива, ама сум ставала дури и на почеток, ич не ми паднало на памет дека може да штетат
Хахахх јас вчера сабајле му дадов и дека стомак до зави, тешко одат позите кога по едно време ми вели: жено неможам да ти ја најдам хаха се помочав од смеење. А велам шо мислиш ти лесно ми е на мене не сум си ја видела со месеци Ама вика стално си со танга и у хеланки и коа те гледам дека и голем газ имаш хахаха абе викам ти ќе е*беш или вицови ќе ми кажуваш Јас со прва бременост вадев умник а не знаев дека сум бремена. Со вторава гинеколог мк кажа одма заби правење ако ме болат, исто и заболекарот ми рече можеш и операции на забими вадење правење со или без анестезија. Инфекцијата и заболкатата се пострашни од анестезијата. инаку јас се успав денес за у градинка па ја одведов ќерка ми у 9:30. Сега доручкував во една пекара и одам у трговски да ја подновам ќерчето со нешто зимно па успат и за бејби да купам нешто. Утре сум на контрола. I cant wait @flower30 @Starlič @фина96 кј сте
Вчера го купив, бидејќи ми е затнат носот. Бил безбеден за трудници. Па ако и треба на некоја мамичка еве предлог.
@LadyC Има едни капки во зегин, спреј е 300 и нешто денари, го заборавив точното име, спреј назал некако така беше, со тигар на сликата. Мене тоа само ме спаси кога настинав на почетокот. Тт имав не се напив ништо, ама сега да сум ќе се напијам парацетамол. Како пиеме антибиотици на позитивен брис, па парацетамолот е помало зло. Плус ќе ти ја олесни и малаксаноста. И многу течности, ако не ти се лоши, јас едвај по голтка пиев. Се разбира и витамин ц задолжително . За 4-5 дена ќе помини.
Проблемот е мене што ме држи ова месец дена , вака се осеќам смрзнато, студ во коски, ама сега некако ми се ојача со носот и суво грло. Немам мачнини ич,дури ме чуди тоа, мада и со Константин немав многу, па имам моменти кога се прашувам дали е се во ред. На доктор сум дури на 12ти, до тогаш мислам ќе полудам од мисли.
Јас сега се разбудив и се израдував кога осетив дека ме клоцна, пошо вчера ич не беше активна. А болки немам, ке видиме до после
@ddevojce, @Dikinzi Добра сум јас, уште ништо нема. Сабајле имав болка во половината, многу појака отколку вчера,траеше околу 30 секунди и толку. Сега имав напред, на стомакот, тоа траеше околу 15 минути и прекина. Сега нема ништо. Лежам и чекам.. Денес моите слава имаат, Пречиста Богородица, нема да одиме. Нека не чува сите. Нека ни дава здравје на сите.
Ќе се појават, мене за второ малку покасно после 7ма недела ме фатија, еве сум 38ма и уште ги имам. Инаку и јас настинав пред прва контрола, затоа и ми беше страв било што да пијам. Ако се осеќаш смрзнато тоа е, настин, може долго да потрае, носи си елечиња и пиј си топли супи и чајчиња. Евентуално и нешто за нос.
Има ли искуства за второ дете што се породиле пред термин-36, 37, 38ма недела? Слушам било често, првото го родив во 40та недела, беше крупно и нејќеше да искача-царски.
Мене ме породија во 37ма недела ама со првото оти снемав плодова вода. Не знам дали ти менува нешто прво или второ.