Јас се прибрав дома, си ставив кафе и благо до мене одмарам малку. Туку да ве прашам што носите од облека за вас во болница?? Колку време држат во болница со нормален пораѓај?? Кај нас овде околу 3 дена. Јас ќе спремам спавача со таа што ќе се пораѓам, потоа еден пар пижами, два пара хеланки и 2/3 памучни тенки маици на долги ракави, градници за доење не купувам од ќерками тие не знам дали ми стојат а и многу малку ги користив. Најобични ќе си земам за полесно да вадам града. Гаќи ќе земам некој пар чисто да имам, ќе видам како ќе биде со тие мрежастите. Чорапи, влечки за туширање, други за по соба и ходници, и крпи за туширање. Долни маици незнам дали ќе користам. За бебе нема да зимам многу облека, само тоа за излегување од болница и уште 1/2 шпикозни. Од таму има се за бебиња. Ако фали нешто мм ќе ми донесе. @Bebac напрај си инхалација со камилица или топла бања. Ако немаш инхалатор напрај со тенџере свари си камилица 2/3 филтера стави и покриј се преку глава со крпа и инхалирај се. Многу помага ако можеш да издржиш под пареа. Да едитирам @Starlič јас пак за сексот со прва бременост у девети имавме мн често односи со мм дека бебе немаше абер да испаѓа демек ќе испровоцираме пораѓај или болки да добијам, а и свршуваше на неколку пати во мене као демек спермата ќе го омекне грлото па ќе почне процедурата ама пак ништо. Крај на 41 и тоа со провокација ја родив. Мислам многу практикуват секс крај на бременост се со таа цел. Нели ако е се во ред и ако може трудницата.
Ти не расправај многу за сексот, ја стрвна сум, а страв ми е да му дадам, од причина да не се случи нешто што не треба. И јас сум слушнала дека спермата го омекнува грлото на матката. Ајде ако биде се како што треба вечер ќе му дадам Греота човекот се истрпи. Инаку иако водењакот не е пукнат а има чести болки сепак значи дека се ближи пороѓајот, така?
Упдејт Ми го умртвија забот. Треба да одам за недела дена пак. Пола фаца не си ја осеќам и останав дома, немаше шанса да се вратам на работа. На позитивната страна гледно само овој заб е проблем, другите се супер.
Хаха а што да правам, апстинираше и мажот ми, сега го разбирам и него му се сака, јас ретко носам гаќи само танга и хеланки, а дека фркната сум малку, бутови нози само се мањачи по мене ми се спушта А и ти ако си стрвна ич не се мисли, удри, ама најди си поза Па штом си во девети и си со болки пораѓајот се ближи, немаш кај да бегаш. Како влегло така излегло
Лејди, чинам рече ептен си тазе трудница? Ова со тресењево цел месец да знаеш е од новонастанатата ситуација Треба да се прилагоди организмот И мене така во двете бремености на почетокот...нон стоп како болна треси се, треси се, па скоро цел месец ми траеше! За тоа напиј си се парацетамол, а ако ти тече носот само солени капки од типот Марисол, Аквамарис и сл. Оперил не смееш. За грло безбедни се Пантенол пастили.
А дечки, кога мокрите, осеќате ли понекогаш како мала болка/пецкање во долниот дел скрос кај коската некаде? На резултатов од урина имам само плоски епители и калциум оксати (тие нон стоп ги имам). Обично ако ми достуди во ноЗе така ми е. Аааа за оваа работа со односиве , мене дека ми забрани на почеток и дека бев на утрогестан, не ми ни текнува а не знам ни дали ќе ми текни понатаму хахахаххаха
Добар денн... Денес бевме кај гинекологот да ми даде терапија за бактеријата. Пишав и претходно имам Gardnerella vaginalis .Виде дека ми пишува во книшка дека сум алергична на пеницилин, и не знаеше што да ми даде. вели дека може да земам еритромицин, но тој лек не е наведен во антибиограмот, како што разбрав таму се наведувале лекови на кои бактеријата е осетлива. ми рече да се видам со матичен општ лекар да се провери во картонот дали дум пиела одредени антибиотици. Исто такс ми препиша и полигинакс вагиналети. И си ги земав. Бев кај матичната, општ лекар и ми вели да алергична си на пеницилин, но сме ти давале амоксиклав, цефалексин, цефаклор, сите тие содржеле пеницилин... и така не сакајќи да ризикувам земав еритромицин како што кажа гинекологот. Ќе ставам и од вагиналетите, и тоа е... На вереникот му даде флажил и хидроциклин. Го прегледа претходно и него. Туку доста со глупости и со лекови, утрово се израдувавме кога го дознавме полот. Ќе имаме синче, пресреќни сме!!
Мешиња мои, јас се породив природно. Синче 2670гр. Уште сум на бокс,ама морав да пишам Фала ви најмногу на свет за целата поддршка и што ме трпевте овде.