Аиии да е живо и здраво и големо да расте ,да ве прави најсреќни, а тебе по брзо закрепнување Како си ? Како помина ?
Душо, кај нас во болниците е различно од кај вас. Каква спаваќа за пораѓање..јас од нивните ќе користам здравје боже , друго ќе си носам влечки, влошки, сапунче, крпа, чешел, полнач за телеф., шминка некоја (пудро и маскара), и алишта за иапаѓање, за бебе памперс ,влажни, помада, и алишта за испаѓање.
Те пратам одамна и премногу ми е мило. Се надевам дека лесно си поминала и сега помирна ќе бидеш. Честитки, да ви е живо и здраво и само да ве радува
Бравос, сакав да пишам флоуер ја нема сигурно се породила ама ај си велам да не ја брзам. Баш ми е мило нека сте здрави и живи со бебето, големи да растете. На радоста крај да ви нема. Уживајте и честито.
Добро дават и од таму спавачи ама јас ќе си земам моја. Секако хигиенски ствари шампони шминки и тоа да. Ај здравје ако префали нешто ќе ни донесат
@ddevojce Ти девојче ќе одиш на зимовање или на пораѓај со толку алишта? не знам кај ќе се пораѓаш,на гак ти даваат спавача кога и да посакаш, за пижами-хеланки немаш потреба а и нема да си во состојба да дигнеш нога да се облекуваш. Од облека за тебе можеш џемперче и чорапи,дури ни гаќи не ти требаат. За спонтано породување те задржуваат во болница 2 дена,ако се е во ред. За бебе исто не треба ништо,има таму алишта,ако побараш да смениш ќе ти дадат чисти,можеш само ракавички тоа нема,а бебињата имаат нокти и се гребат по лице. Јас во предродилна сала не понесов пешкир,па ми даде болничарката,,можеби и кај родилките имаше не прашав бидејќи си носев. Мене ми почнаа болките во среда ноќта, четврток околу 1 ноќта ми го пукнаа водењакот и за саат ипол се породив Конечно дојде принцот ни се налути и не пиша овде за болките Да е здрав и жив,да ве прави среќни,уживајте сите тројца, ти посакувам побрзо закрепнување Сега можеш да се опуштиш
@flower30 честитки мајка,живо и здраво да е бебле Пиши како помина кога ке можеш,сеа се надевам дека се е во ред и ти има олеснато многу
Софи, не се налутив, немав пак класични контракции Ајде ќе пишам кога ќе можам, само стравот не ме пушти до крај. Докторот сигурно си помисли дека најсмотана родилка сум, ми кажува како да дишам, јас го гледам и правам обратно Инаку, бебево сирото, папочната врвца 3 пати замотана околу врат. Ми го ставија на стомак, ги крева очињата, ме гледаИ ситно, срце. Пак ќе си излезам од болница со рамен стомак ко манекенка Не ме сечеа, испукав малку. Сега кулирам на бокс Имајте убав ден. Уште еднаш фала ви највеќе на свет за советите, за поддршката што ми ја дававте кога највеќе паничев.
Хахах ме изнасмеа, па јануари и баш зимување ќе биде. Аа гледаш џемперчето сум го заборавила. У германија ќе се пораѓам ама да не се шуткам у пижами натаму наваму. Добро па и да се шуткам па што Овде бебиња дават одма штом го родиш не го делат од тебе. На доручек можеш да одиш со бебе, доле у кафетерија слегнуваат трудниците со фамилијата и беебињата у посебни подвижни креветчиња. Одма те скорнуваат да одиш и да се движиш, одма јадеш итн. Абе и јас мислам многу ќе ми е, ама не знам да се пакувам. Се си велам поарно повеќе одколку помалку.
Јас исто ја имав оваа бактерија и гинекологот ми даде вагиналетки Neopenotran forte по 1 навечер да ставам 7 дена и ми помина
@flower30 Другачке по паника да ми тие жив и здрав јунакот,цел живот да ве радува со дада да се гушкаат а мама да се топи од радост. Денес е убав ден Пречиста Богородица. Ептен ме израдува Сега мислам @Sesil е на ред,со лесно мајче го чекаме принцот да се роди
Леле прекрасни вести! Да е здраво и живо, најсреќно заедно со вас а тебе Цветче побрзо закрепнување. Па ќе пишиш како помина, оти и јас сум паника невидена (иако прерано ми е) .