@flower30 вчера и денес го отварам форумов да те прочитам како си и до кај си Честито, живо и здраво да е, ти што побрзо и полесно да се опоравиш
Девојки молам за помош , каде ги осекате движењата , во кој дел од стомакот ? Некако како да го осекам под папок 20+0 сум ми е страв да не е ова долу мн ? Или имам време за мавање погоре ? Иначе сега стануваат поинтензивни ударите а велев моево бебе е мирно бебе хахаха ама ме плаши ова дали е нормално под папок а може и подолу да е ? @flower30 честитки мајка , завршија паниките , но немој да не заборавиш нас тука , пишувај кога ке имаш време , а до тогаш уживај и гушкајтесе ***
Фала ви уште еднаш на сите. Дај боже сите да поминете чесно на пораѓај, од срце ви посакувам. И совет - помалку да паничите Се смеам сега, ама дека од страв дури се губам, ми вика докторот земи воздух и напнувај ко да какаш(извинете на израз) и јас отварам уста и ми вика "кога какаш ја затвораш устата" во себе си викам, "е да ти знаеш како го правам јас тоа" Ме префрлија во соба. Бебето не ми е донесено. Сега да ми донесат да јадам, оти гладничка сум И не ве заборавам, ќе пишувам пак, ама сега ќе ви давам совети "како да не бидете ко Флауер"
На почетокот јас осеќав само во линија на папокот. После почнав насекаде, а на крај само некое делче ќе ти се испакнува (лакт или ноџе кој знае). Не можеш да знаеш како е завртено сега, мислам дека немаш потреба за грижа. Лекар што ти кажал? Тој може да види дали е доле или не, ние само си нагаѓаме.
Последно кога бев пред 10 дена ми рекоа дека е се во ред , ама јас одма филм правам , иначе свртено е карлично а тек на 20 сум на преглед ке видиме дали ке издржам до тогаш
@flower30 Честитки мила, Те мислев баш денес @Fallen.Angel што убавоо Јас едвај чекам да го дознаам полот. Мислите дека може нешто да се види на прв скриниг во 12та недела?
Ајдеее ако има нешто ќе ве известам наредна недела Јас битно смислив за девојче име ако е машко,оставам на маж тоа
Не е страшно. Мене цела бременост ми е стомакот доле, и јас осеќав удари ниско дури кај јајници и во препони. Сега мрда на сите страни, не се знае со што мава.
И ние со мм уште во 10-та недела смисливме комбинација на две женски имиња, другите две можни варијанти не ги ни разгледавме (двојајчани близнаци носам, а тогаш не знаевме пол). И испадна баш комбинацијата што ја смисливме да биде потребна за некој месец Да прашам нешто.......рано ли е за количка да размислувам? Денес влегов во 6 месец. Од една страна шубе ме фаќа дека има уште многу, од друга страна свесна сум дека може и нема многу време, зашто може и да дојдат многу порано никогаш не се знае со близнаци......Чекам да почнат божиќните попусти па да нарачаме нешто, не ми се остава за понатаму зашто ќе треба по редовна цена да купуваме а се неверојатно скапи, па попустот многу добро би дошол Рано ли е?
Јас исто мислев рано е за купување и во 2те бремености, ама искрено порано - подобро. Прво, од финансиски аспект, да не се собере се во исто време да се купува(ти плус и дупло ќе купуваш). Друго, и се да е во ред бременоста, после (знаеш де) не ни можеш толку да шеташ со стомак до заби Е сега, ако е онлајн тогаш ќе си го гледаш само финансискиот дел Ама ајде и да не е сега, после Нова Година можеш да си пазаруваш
Цветче, нека е жив и здрав, син на мајка Завршија значи болките и грижите, сега останува само убавиот дел - мајчинството Отсега да те читам по темите опуштена и без паники Те гушкам
Баш заради финансискиот дел ми е најмногу За облека не му ја мислам, евтино е овде за облека, ама другите работи, а посебно количките се страшно скапи. Има и некои од по 500-600 евра, ама се продаваат само онлајн, немам кај да ги видам. Не ми е познат квалитетот и функционалноста. А овие што ги знам, сите што ги возат по градов (посебно за близнаци) се лудило- и во функционалност и во финансиски дел Да не зборам дека не ни е до крај опремена куќата со мебел, и тоа треба да се докупува После Нова Година попуст нема......дури за Валентајн, ама количките нема да бидат на попуст за таа пригода