Јас денес буквално се си спремив. Докупив Памперси, Козметика за бебе итн. За мене за во болница козметика и за хигиена. Влошки памучни и обични, за доење навлаки за гради итн. Уште гардероба да средам и во торба па да чекаме здравје боже. Детската соба треба уште да подсредиме, креветчиња, транспортер да средам, лулашка, количка ама ќе биде едно по едно.
Какви пелени купи? Гледам најмало бројче нема од сите, на повеќето или им фалт по рафтови или почнуваат од 2ка, видов Памперс 1ца (што не ми се опција за долго користење) и Кан бебе (ок ми се ама не и прв избор) знаете ли други?
Жени, во зегин денес поминав прават акции, павловичевата на Галафарм, Mustela кремата и некои други производи
Слипи, Бекутан, Дајперс... Еден куп има. Се зависи бебушот како ќе ги поднесува. Јас Слипи земав од Зегин. 80 пелени не беа ни 400ден. Не знам дали беше акција или редовна цена им е толку. Ми остана името у сеќање од внука ми таа со нив порасна затоа и први ми паднаа на памет. Ако не ги поднесува ќе мењам. Земав 1 величина за од 2-5кг. 2ката се од 3-6. Ептен е мала разликата
@Autumn_ фала ти имам ќеркичка поголема и може затоа си се збунила, сега е синче Инаку, јас и пред 9ти спремив торбица, ама дека ми викаа порано треба да се породам. Почни си, што треба да си купиш полека и спремај. Јас 2,5 недели доаѓав често на контроли и се си ја носев во кола. И ме враќаа. Па се смееше мм, вика "аман ќе им речам, да те примат веќе, ми скисна од носење и ставење торбица во кола" Јас и во предродилна кога се качив, ми побараа влошки да си ставам, па ми донесе мм,оти торбицата ми ја донесе откако се породив. @Alishan30 фала ти мила, ајде направив место во темава, доаѓај @Sexybaby86 се надевам ќе биде полесно сега и ќе намалат паниките и нервозите. Ама, сепак тоа сум јас, никад се не зна со моите стравови
Лелееее можеби ќе ви здосадам но морам да ви се обратам... Цел ден поминав без болка, еве сега почнааа. Ептен ја осекам доле во препони ми мрда, како игли да боцкаат, уфф ептен ме заболува, ме боли и половината и стомакот ми е тврд ко камен.... не можам да издржам. Мм спие, да го будам??? Има ли простор за паника???
Честитки срцка, баш се израдував, да сте живи и здрави двајцата, односно четворицата и да уживате во секој миг поминат заедно.
А зошто не појдеш на дежурен?Барем ќе ти направат цтг и еден преглед да знаеш на што си. Мислам во 9ти си влезена?!
За почеток еве од кој земав. И пред тоа зедов уште еден пакет. Имат на памперс сега и некој нов у продажба. Инаку почнуваат од 0 на памперс. Потоа здравје и живи од кога ќе потпорасне кај 5/6 месеци менувам со марката од дм. Така правев со ќерка ми. Памперсот со ќерками ми пропушташе кога потпорасна и нонстоп беше мокра, го сменив и испадна дека пелените од дм се подобри. Ама ај као за почеток од мерак, шо се вели амбалажата продава, нека биде памперс.Инаку јас купувам овде се со купони и проценти. Се што е на сликата е со 20% намаление. Кутијата што е со влажни од марката на дм ми е гратис и пелените се исти од нИвната марка. Кога бев у мк со ќерками кога беше бебе и помала купував кан бебе. Знам имаше и на бекутан и на виолета и дајперс исто. Ама ако во мк во дм ги има тие пелени топло ти ги препорачувам. Заборавив да прашам дали се продават пелени на хипп во мк?? Овде има и тие се нови сега. @Sesil @фина96 мериш ли контракции и болки на колку време се или болката не престанува. Оди во секој случај. Ако не е ништо ќе те вратат. Ајде среќно
И мојот термин беше тогаш, па еве денес се породив Ок, јас сум си плашлива и доаѓав при болки. Ништо не е страшно и сега да дојдеш. Ќе те стават на цтг, ќе ти направат ехо Ако не се контракции, ќе те пратат дома. Како и да е, пиши што си направила. @kockichka фала тиза малку не се погодивме заедно
Не сум сретнала до сега. Или не се стигнати до кај нас или се ептен скоро донесени па ги немам забележано
Дечки од лично искуство ви ѓи препорачувам Виолета пелените, прво користев памперс се додека не го сменија паковањето, па почна да пропуштаат на 2 саати, од 12 саати суво газе, почна да ми прета у сон, а со вреќичка спиеше, леле кога ја фанав еднаш цело грбче водено, она и студело зимото беше, и одма мењавање, земав одма Виолета и за ништо не ги мењавам. Еве од вечер ќе и ставам, и сабајле кога ќе стане прво млеко пие, па ја чекам да кака, и после ја соблекувам и во градинка, чудо е како пеленава е бомба полна од мочки, па плус и какана, и да не ги подречам еееептен малце некогаш од доле кај ципите може да пушти, ама тоа е ептен малце коа ќе се соочите со тоа како мајки ќе видите шо кажувам И плус виолетата немаат внатре гел ( топчиња шо би рекла), како тетра се чист памук, и само они се такви, некогаш и јас ставам други пелени, посебно ако начекам на попуст одма зимам, ама Виолетата ги користам за спиење за навечер, и за испаѓање оти мака немаат, а ако земам други на попуст тие за преку ден. Секако знае да ми кака многу некогаш, па само фрлам штотуку нова пелена, и на 3-4 саати ја соблекувам. Се извинувам за постот напишан тука, а не во темата за пелени.
Виолета 2 ка Подобро ти е од 2ка да почнеш. Иначе имаш дајперс, пуфис,бекутан, кан бебе, памперс, слипи..и уште 10 други видови
Е алал да ти е,јас немам абер уште Најдов едни дебели шпикозни на Али експрес, у Велес ништо не можев да најдам убаво, и ги нарачав, тие за од болница здравје боже. И јас треба да се спремам, ама некако си викам има време Иначе креветче стаса, оградички стасаа, алиштата ги прегледав од малата уште да ги исперам , нешто купив ситно од шпикозни, зошто нешто имам, нешто ќе донесат коа ќе идат на гости тетките, а ако не погодат ќе си купам И така