Еххх што било убаво вака второ дете.. со првото ептен рано почнав да мислам што како ми треба па списоци па чуда.. сега е полесно на ништо не му ја мислам сега здравје пред крај само тие некои ситници
Мене завчера прв пат така ме лупна како што опишуваш... Како со главчето долу и испаничив викам оваа смислила порано да излегува.... Ама срека само еднаш направи така.... А вчера па дека работам седечки со раширени нозе и од 8 до 12 се работев кога станав од стол како да ми ги кине некој мускулите каде што почнуваат да растат срамните влакна.... На секое дигање нога ја осекав таа болка..... Ама срека си дојдов дома си легнав и пројде... Денес смислив да испијам дупла доза Магнезиум пошто почнаа и грчеви по нозе на најневозможни места во сон да ме факаат па ке пијам 500 мг Магнезиум. И така вторник сум на контрола едвај чекам да дојде за да ја видам и молам Бога се да е во ред, тогаш се договоривме и за фамозните брисеви па ке биде весело Се надевам куклата мајкина ке почека бар до 36та 37ма да си порасне и да пројде Нова Година па после да искача
Дај линк кај најде шпикозни да разгледам Јас ташна од али нарачав и мн убава се погоди и за брзо стаса позитивно ме изненадија
Ќути Со првото крајот на 7-ми, со второво исто Јас стално нарачувам од али експрес, можам да кажам дека 60 % од алиштата ми се од таму, секогаш гледам колку продажби има продавачот, фидбек колку му е позитивен, ќе ти дадам одма линк да најдам само
Колку што знам, на секои две недели прават распоред. Јави им се и прашај ги кога ќе имаат нов, зошто битно ти е да закажеш термин. Мене секогаш ми кажувале кога да се јавам
https://m.aliexpress.com/item/32843048138.html?trace=wwwdetail2mobilesitedetail Еве, јас ова го нарачав, пиши baby long sleewe romper на пребарување и ќе ти даде се и сешто. Инаку сега од Али стасуваат многу брзо нарачките, за 2 недели се овде, порано многу се чекаше, 1 месец минимум..имам чекано и 2 .
Светска си!!! Си допишав што ми фалеше во мојот список. Туку се мислам каква торба да земам за моите работи во болница. Бебо ќе го спакувам во неговата, да не е глупаво со торбица да отидам а? Има една во Sport Vision што ми се допадна, мислам дека ќе ме собере. Ем ќе се подновам И какви влошки да си земам, нема да ми требаат од тие меките зошто нема да имам рана одоздола, па мислам стандардните Always. Леле еден куп глупи прашања.
Ако те собере во оваа можеш и со ваква, јас ќе планирам со обична кп за планинарење, и се во неа да ставам, за да не м'кнам 300 торби, поучена од претходно А за влошки во болница не знам дали даваат освен такви класични после породување како Вир шо се, да се користат други. За таму земи си без крилца, бидејќи иако е царски ќе лежиш неколку саати на кревет, па со тие ќе им биде полесно да ти сменат, или пак ти да си смениш..со крилца малце терсене е ..
Јас планирам со една торбица, односно мини куферче да одам. Имаш ти далеку повеќе работи од бебето. Пешкири, влошки чуда тоа се зафаќа место. Јас си купив од локо кроко како ранец торба (во прилог), ама нема шанса да не собере двајцата во ова, па ќе носам едно куферче, ранецов понатаму ќе го користам и онака собира многу како бунар е. Не знам дали ќе те собере во ова, ама подновување не е на одмет . П.с има тема на форумов што да се спакува за болница, ако не сте знаеле за сите, јас од таму се си видов .
Повелете и оваа страна, работите шо ги има на али ги има и тука, ама од добар произведувач. Не сум зела од тука ништо,неќна ја дознав странава, ама се токмам,ако планирате прво прашајте за колку време е доставата, да не ги чекате многу оти може и они да ги немаат на залиха па да ги нарачуваат.
Страв ми е дека ќе му се големи одма 2ка, а Бекутан, Слипи и Дајперс исто мислам се од 2ка, барем не сум начекала 1ци, јас сакам најмали, сега ми текна и на Бејби Лав од ДМ
Тие се за од 3-6 кг, ја планирам одма со двојка да почнам, и да се поголеми кога ќе ги стегнеш со лепенките таман ќе се.
За два-три дена . Ајде ти закрепнувај, па се читаме во мајчинските теми. Уствари јас уште не сум почнала да пишувам таму, малку ми се искомплицираа работите па слаба сум со време, ама ќе почнам во блиска иднина. Честитки уште еднаш и се читкаме. Поздрав и до сите други мешиња. Се' ќе издржите, среќата е неизмерна, а сега спијте колку можете. Јас не сум сврзала повеќе од 2 саати од 28-ми
Лелее камо да можам да спијам. Ќе си легнам околу 22/23 во 02 обавезно се будам докај 04 нема никаков сон. Таман ќе заспијам во 6 ме буди маж ми, ајде стани, доста спиеш. Не дека нешто му треба ама демек цел ден сум дома па ќе спијам. И тешко дека и сега одмарам. Може нема толку да ми биде тешко кога ќе дојде бебето, сега се навикнувам што ме чека.
Од слипи мислам има 1. Пожелно е да земиш со индикатор. Слипи и памперс имаат, за дајперс и бекутан не знам.