Девојки, кога се испитува скриен шеќер 3 часа треба да бидеме само на глукозата или може нешто да каснеме после првиот или вториот саат? Јас мислам дека ќе прегладнам ако мора три саати без јадење на седам.
Сега само што се вратив од др. Не ме прегледа ни вагинално ни абдоменално, и кажав за кафенкото и бидејќи во понеделникот беше се' во ред, ми рече да не се плашам и пак ми даде утрогестан и да мирувам. И кажав дека бев порастрчана денес со обврски, па рече можи се има поспуштено или ако притиснало на грлото од матката. Ја прашав што да правам ако денес и вечер пак ми се појави, таа рече не очекувала од утрогестанот. Искрено, не е нешто обилно или многу, ама мн ми е страв. Па ќе ја следам состојбава, се надевам нема да треба довечер да трчам по болници. Кога го ставав утрогестанот со апликатор (така и изминатиов период го ставав) при вадењето имаше на него малку како слузче со чоколадна боја....Се надевам не е страшно....Сега само ќе се проверувам на секои 5 минути, и како може човек да е смирен и да мирува кога се има некој проблем...Само Господ да е со нас
Не смее апсолутно ништо, ни после првиот, ни после вториот саат - само вода (и тоа не многу количински одеднаш, зошто може да ти се слоши и да ја повратиш течноста, па да биде џабе тестот). Оди што порано сабајле кога ќе испитуваш и не се плаши, се издржува без јадење @lavinija28 а зошто не го пиеш Утрогестанот? Јас во прво тромесечие на неколку пати имав кафен исцедок и докторката ми нагласуваше да не го ставам вагинално, туку да го пијам (при крварење/исцедок подобро било да се пие, да не се чепка долу непотребно). Ефектот секако е ист.
Не треба ништо да јадеш ни пред, ни меѓу боцкања. Единствено што ми дозволија беше малку вода после првото боцкање зашто си побарав и бев прежедна.
@Sexybaby86 Досега ги ставав вагиналнонцело време,имам мн осетлив желудник и ми е страв да не ми делуваат со нус појави. Во 6 недела кога имав кафенко исто ги ставав...па ќе видиме
Ако работите повеќе од 1 година и платата ви варирала во таа година дена просек се прави и се исплаќа, ако е иста, исто и породилно земате и ако сте 6 месеци истото важи.
Па да, ама од постот на @crazylady ми изгледаше дека ќе има некој промени, а јас нели не гледам тв и вести не сум во тек со настаните
Па и мене ме зачуди прашањето искрено како и тебе, да не мисли ради покачувањето на платата што го најавија, ама пак исто би било
Па заради покачувањето прашувам да не има некој измени.. Пример ако е 14.500 минималец дали и породилното ќе биди исто или ништо не се менува? Edit Ете немало врска според вас
Секако си заштитена со нив, сеедно дали ги ставаш или пиеш, само сакав да споделам што ми кажа тогаш докторката. Како ти кажале тебе, така терај си Инаку на желудник не прават тегоби, ама многу успиваат, па јас секогаш ги пиев навечер пред спиење
Мила на било каков исцедок во различна боја треба преглед,па било абдоменално или вагинално.Јас да сум на твое место би си отишла на второ мислење и кај НОРМАЛЕН ГИНИКОЛОГ,а не на прегледано....Понеделник за понеделник,денес е четврток,состојбата кај трудница се менува за пола саат а не за неколку дена.Јас не би одела веќе кај овој гениколог,тотална негрижа кон твојата состојба која не е баш наивна.Не сакам да те плашам,но.......Ти одлучуваш Секое добро
Не се грижи, и мене во петти месец истото ми го рече, се консултирав овде, и испадна почеста појава е, и некои други трудници пишаа за истиот коментар. Мозочето не е дозатворено и има време до 7 месец да се затвори. Не е ништо загрижувачко
@фина96 Срцка цел ден те мислам. Како си? Беше ли на преглед. Нешто ми вели дека си се олеснила. Пиши ни.
Искрено, сега ќе одам на приватен и тоа вечерва. Не знам дали е загрижувачки, ама не можам да седам смирена вечерва додека не знам на што сум. Па ќе известам после....