Епа вечер ако небиде од чистење и од секс незнам што сака повеке. Ако ме нема утре знајте на бокс сум .
значи подосаден период од мојот живот нема..сама по цел ден.. а мажулево мое кога ке дојде уморно од работа го мрзи што е жив. го убив по телефон и јас, ама бадијала. почнав и серии да гледам.. лудило ме фаќа жими се. ама гледам не сум единствена идна мамица што умира од досада дома. ха ха... ОД денеска влегуваме свечено во 4 месец и со однос на тоа што пред 7 години имав еден спонтан абортус малку ми олесна да ви кажам искрено што полека одминуваат тие ризични 3 месеци. Прочитав кај тебе МеU слична ситуација а баш се прашував што ли ќе да е тоа. Почнувам да чувствувам како нешто да ме гребе одвнатре, ме сече и одненадеж тоа, а болно е до немајкаде. Па се засекирав што ли ке да е тоа пак сега????
Колку немам желба за секс тоа е чудо...Ај се надевам дека ке му дадам сега деновиве , малку поопуштена ..хахаха...
идни мамички, немам време многу за пишување, така одвај се искраднувам на работа да ве читам, важно со вас сум едно прашање, до кога се пие фолна киселина?? т.е тифол?
И јас денес влегувам во 4 месец, односно 13 недела...Јас имам понекогаш болки во стомакот, ама ми рекоа дека матката се шири и нормално е да боли...Незнам дали на тебе, ама мене ептен ми се познава стомакот..Баш сум трудница со стомаче...
Јас уште пијам , во 13 недела сум...Незнам ни јас до кога..не ми кажа докторот да престанам, па ке пијам до следна контрола...
И мене богами ми се познава. До душа јас и така сум си буцка, имам стомаче и без тоа, но сега пак нема собирање, нема тактитки, хахахахахахха...Како мало топченце
Мамици јас ве напуштам...Вечер незнам дали ќе се уклучам....Останете ми супер со најубави мисли..И се читаме во понеделник..Поздрав и бацки...
мене ми рече да ја прекинам фолната, кога ке влезам во 4ти месец, дека било убаво да се пие само до 13 недела после веке не, и јас не од тогаш не пијам фолна. ама пак овие другите витамини што ги пијам содржат 600мг фолна, а тие се пијат додека цица бебето.
не знам како е кај вас- сите витаминчиња во едно или како кај мене- се посебно.. цела аптека. посебно токоферол, фолна, магнезиум, калциум.Без врска, не биваше ли едно таблетче со сите витаминчиња????
Тоа ти е мила моја, т.н гнездење - спремање на домот за бебето, мора да биде сè цакум пакум, оти после дека тешко нешто ќе биде на место Поради тоа што фолната киселина е најважна за органогенезата (спречува појава на развојни аномалии на главата и 'рбетниот столб) задолжителна е во првите 12 недели, после тоа не мора, ама секако е во состав на повеќето суплементи на железо и мултивитамински препарати кои ги пијат трудниците. Помага и во ресорпцијата на железото од цревата, што е многу важно кај бремените жени кај кои резервите на железо се намалуваат. И мислам дека некој спомна џигер - не мора целосно да го исфрлите од исхраната, ама не претерувајте, богат е со витамин А кој има штетно влијание врз развојот на плодот.
Јас фолна на почеток пиев чиста, а сега ја има во Прегназонот, само ми се смачи и од него, ме тера на јадење , а за витамини мисламд ека си внесувам доволно со храна. Планирам да го допијам и прекинам. бетер од животни сме значи само во мене никако да се разбуди животинското ,ич немам ќејф за чистење, може рано ми е уште
Рано е, во деветти месец се јавува, крај на осми, почеток на деветти... ќе видиш и ќе осетиш, не верувам дека си исклучок
да, витамин е секако, мене може ми рече да ја прекинам бидејки треба да пијам б-комплекс по две на ден од доктор волц, тие содржеле гледав на кутивчето и фолна киселина
и јас фолната ја пиев докај 12-13 недела , потоа прекинав сега пијам само Прегназон... Осекјам почнувате да се губите , уште малку и ке пристигнат маженцата. интересен ми е мм кога ке влезе дома прво стомакот ми го бакнува и си праи муабет со бебушко што сме правеле денес ? дали е добро и бла бла .. . хаха срценце бе возбуден е многу како поминува времето се повеќе ми расте мешето а он е се повозбуден
Идни мамички јас сум 7 месец и до сега немав некој поголеми маки, ама од скоро ребрава мислам ми се кршат внатре. Читав по интернет дека е нормално и дека е од растење на бебушов. Никако да си најдам место, само се местам, вртам, сучам. А и многу ме чеша стомаков бре, мислам дека одам до лудило навечер. Затоа спасот ми е масло за бебиња до мене, спијам и се мачкам. За витамините јас пијам само две, едното е фолна киселина, а другото е мултивитамин за бремени. Ги пијам цела бременост и докторот ми рече да си продолжам до крај.