Џени, Агрона Јас од почетокот имам бел секрет секој ден нон стоп, исто така и мене брисевите сите ми беа негативни само пап тестот излезе дека имам кандида.Употребив вагиналети канестен исто и се мачкав и со маст канестен ама бел сектрет не престана.Прашав јас и други ми рекоа дека е нормално во бременоста затоа не и придавав значење. поздрав
^ Значи slimy да не се секираме со Џени. Јас имав и претходно така помалку бело прање, но овие изминати денови некако се позачести и потечно ми е. Затоа еве кога видов дека Џени праша ај реков и јас да прашам да не прашуваме тука насекое да ја полниме темава со едни исти прашања. slimy ти благодарам на одговорот, дај Боже се да биде во ред.
уф девојки, ми олесна. Фала ви на одговорот. Инаку Агрона, веројатно Слими има право, се случуваат промени во организмот и можеби затоа. За да бидеш посмирена, еве јас правев уринокултура и крвна слика минатата недела, се беше во ред, да имаше некоја инфекција ќе покажеше, не е тоа, така што ете Слими е паталец, нејзиното искуство кажува дека не е ништо страшно.
ова неможам да го поднесам повеќе, јас сум се повеќе и повеќе омалаксана, како претепана, спијам 100саати, неможам да ја поднесам миризбата на цигари на мм и само се нервирам, самата не се поднесувам а камо ли некој друг да ме трпи ваква... потоа, неможам да јадам, а гладна како кучка сум, се ми мириса ништо не ми се допаѓа.... ох макии мој, помош некоја?
Здраво ! Имам едно прашање: многу сум настината веке 5-6 дена се лекувам природно и со бонбони за смуканје, ментол -инхалација и грчка маст, чај, лимон,мед,гјумбир ,супи,нема ефект,ке мора антибиотик , ангал дали некоја има прскано на грлото?
Е драга моја, па ти си БРЕМЕНА, тоа се симптомите, сите ги поминуваат, која помалку која повеќе, помош не може никој да ти даде,освен еден мој совет... Откако останав бремена, како и сите други се разбира, бев пресреќна, сите убави и неубави работи, гадења, несоница, нервоза, плачки, се сфатив дека мора да помине, затоа што ние сме благословени, во нас растат човечиња за кои вреди се да истрпиме. Јас воопшто не се жалам, а поминав скоро се, секој ден нова работа, затоа што единствено нешто на кое сум блаодарна е што е се во ред со ова мало суштество во мене, а јас...јас ќе издржам...Верувај и ти и се ќе помине... Поздрав...
За антибиотик најубаво да си прашаш матичен гинеколог, знам дека е дозволено после 12 недела ама кој и каков незнам Јас кога настинав не ми даде антибиотик, ако 12 ми беше помината, ми рече да пијам сируп мукоплант на билна база што е и чај од бел слез
za angal ne znam ama za septolete sprejot za grlo znam deka ne e za trudnici I ni pastilite za smukanje.Taka da bi ti rekla nezemaj na svoja raka gore dole site tie dejstvuvaat slicno
Уф инхалациите мене матичната не ми ги дозволи, заради капките. Е сега ако ги правиш со чај од камилица е друга приказна. Бонбоните исто не знам колку се добри, а за спрејот за грло мислам треба да се консултираш со матичниот лекар. Некои лекарства изгледаат наивно, но по составот и не се баш. Затоа за се консултација со матичниот ти препорачувам.
Здраво, бремена сум веќе 6та недела. Вчера имав кафеав секрет на долниот веш. Бев веднаш на доктор и ми рече дека се е ок, го виде дури и срценцето на бебето, почнало да работи. Денеска имам само така по една капка кафенкасто Дали сте биле во слична ситуација? Страв ми е :/
^ Јас во 11 недела имав кафеавко така. Бев на гинеколог и ми рече дека тоа е поради тоа што се оформувала матката со плацентата се спојувале тој период таа недела (така ми рече тогаш и така ја сфатив јас). Тогаш ми препиша да ставам вагиналетки Утрогестан од 200 мг за поддршка на бременоста за да се зацврсти плодот подобро. Најдобро и препорачливо е да се става вагинално првите три месеци. Јас го ставав навечер пред спиење. Не знам друго што да ти кажам, најдобро е да се консултираш со матичниот гинеколог да му се јавиш да ти објасни што да правиш или да си појдеш директно да се видиш со него/неа да си направиш муабет, доколку можеш. Но, еве прочитав сега дека си била и не ти препиша ништо да ставаш како на пример Утрогестан? Немој да се нервираш, опушти се смири се. Скоро на секоја втора бремена жена и се случува тоа. Ете и мене ми се случи за жал. Само одмарај сега, не кревај тешко, лежи не се напрегај многу. И пиши ни што ќе направиш. Ти посакувам се најубаво. Поздрав !
Да, заборавив да кажам, на првата контрола ми кажа да ги ставам вагинално Утрогестан 200 два пати на ден, и сеа ми рече да продолжам со нив. Ти благодарам на одговорот, одмарам колку што можам повеќе. Не се напрегам и не кревам тешко. Поздравче
Како сте мешиња? Ние ја тераме 37 недела! Денеска си ги исправме и испеглавме сите алишта, мама да ги нареди уште во плакар и спремни сме КОМПЛЕТНО! Докторката ни кажа дека веќе од 6-ти март жабецот ќе биде зрел и подготвен да го види светот. Од тогаш ќе бидеме во исчекување.. Како поминуваат деновите, така сум се повозбудена, а во исто време и исплашена. Исплашена од тоа дали ќе бидам добра мајка?! Возбудена затоа што КОНЕЧНО ќе се сретнеме! Ноќеска го сонував и за прв пат му го видов лицето. Во овие 9 месеци го имам сонувано 4-5 пати, но ниту еднаш не успеав да му го видам ликот. Во сонот имаше темно сини очи како моите, носе и уста на тато. Една МНОГУ УБАВА комбинација од нас двајца. Колку убаво се чувствував.. колку го сакав.. го галев и бакнував.. а беше само сон! Едвај чекам да се сретнеме, да се гушкаме и бакнуваме на јаве.. ЕДВАЈ!
Pa jas сум во поодмината бременост 8 месец и јас сируп хербион , мене матичниот ми дозволи за смуканје анги септ, инхалација со тие како лабело шо се ментол. еве 6ти ден ен поминува за жал морав антибиотик ама оној кој е дозволен
Леле Јагода ни се ближат термините , јас се тешам вториве бебиња излегуваат побрзо Нема да чекам долго Ние исто сме при крај со подготовките , алиштенца спремни , денес купивме и цуцли , пелени исто :lol Големата дада само го гали мешето и му дава бакнежи . Најубавко е кога ќе се разбуди прво го бацува мешето и после мене . Или многу сака кога ги гледа сликите од ехото и им ги покажува на другите и така гордо им кажува дека тоа е Дадај *така го вика братчето* Инаку мене веќе долго време ми е ниско спуштен стомаков. Бебево е веке во правилна позиција, спремно за излегување . Инаку повеќе луѓе кои случајно ќе ме сретнат одма прашуваат да не носам близначиња Како и да е... да уживаме во последниве недели и да чекаме нестпливо на бебињава кои после нема да ни даваат раат да видиме
Кога се чуствува клоцањето на бебето во стомакот?Јас досега го немам осетено,освен ептен онака слабо,но како што ве читам би требало да го осеќам бидејќи сум 6 месец
bremena sum 5 nedela vcera bev na eho i mi kazaa deka ima hematom na plodot mi prepisaa da pijam DABROSTON tableti 2 pati na den i da odmaram ve molam ima li nekoj sovet mnogu sum isplasena pomos
Jас почнав убаво да го чувствувам клоцкањето на бебуш пред две недели. Си клоцка и тоа како. А оваа недела поинтензивно клоцка. Тупка внатре туп-туп. Еве моментално го осеќам како клоцка негде лево долу и тоа во минутката 6-7 пати клоцка се тегне ли што ли прави не знам. Се шири сега има уште место.
Ете сме и ние, контролата беше подобра од одлична да речеме. . Крвната слика и уринарниот статус одлични, бебушка акробатката таа цело време како некој да ја тераше како да застане, па лесно ги меревме ножињата, рачињата, рбетчето, нервниот систем си е супер срцето одлично... Презадоволни сме немаме зборови. Инаку, да се пофалиме ... ова малечко е девојче(не со 100% сигурност, но девојче е) Пресреќни сме, посебно тато, кој воедно навиваше за девојка. Имајте убав ден мамички.
Здраво Мамички сакам да прашам дали знаете кога точно се прави првиот главен скрининг кога ги гледаат сите органи како се развиваат? Јас сум во 15та недела и до сега имам правено само обично ехо 2 пати и се беше ок, и во Систина правев плус ехо со намера за проверка на дауноф синдром, но само со ехо, не ми земаа крв. Кажаа дека се е ок Што е следно од прегледи? Малку ми е проблем што не сум постојано во МК, а средувам документи за странство по што мм доби работа пред пола година. Кај и да е ќе средам и документи па да си најдам тука гинеколог, али до тогаш сум таму-ваму...