Ти не се важиш. Ќе го истресеш бебето некаде по пат, ако те земам со мене. Једино шетање што ти треба моментално се скали. А може да ти донесам нешто јас да прошетам да каснеш, благичко а у. Така бива .
Зашто ма нејќеш со мене да шеташ? Аууф види ја ти неа. Си станав јас, си каснав блакце, да не биде џабе станувањето
Многу сакам ма со тебе да се шетам, грешка си баш, ама прво олесни се па ќе се шетаме. Вака те читам паднал чеп, болки, скаменување меше и уплав ме фаќа. Не озбилно, несоница цела бременост имаш или сега ова е од возбуда дека веќе се ближи Д ДеЈ?
Имам, ама не памтам од кога. Може некаде од 6 месец. До 9ти станував ова време бидејќи бев мртва гладна, па јадев. Сега ќе се разбудам за во вц,, па ќе ми текне да каснам нешто блакце и толку ми се губи сонот. И си дежурам вака ко ти А наспиена сум, одморена, затоа ми се шеташе.
Мене ме мава секој ден ама у различни термини, денес дури и рано... А јас сум уште у рана и се ми се спие, спијам многу и преку ден и пак имам испукани капилари у очи од навечер еве вака што се сецкам. Јас и наспана примам друштво дома , ама по ладнотијава едвај до работа идам . Како мечка сум зимно време , а за мене официјално зимата тропна на врата.
За спиење и мене ми се спиеше. Секој слободен момент за спиење го користев. Маж ми викаше де бе па јас сам ли ќе седам, ај стани, а мене срце ми плаче за спиење. Сега не толку многу.. Ама рано легнувам, 21:30/22:00 у кревет сум,може затоа се будам вака.
Ооо мила не знам дали ти е прво? Ако ти е, спиј додека можеш, после животот станува интересен и ненаспана ќе си околу две години. Тоа се слатки, слатки маки.
Даа прво е Знам отприлика што ме чека. Ама тоа е, слатки маки се. Само да се живи и здрави, друго не е важно. Ќе се навикнуваме едни на други. Ајде отидов јас. Добра ноќ
Дека вчера се фалев спијам .. Настинав сега на крај се изнервирав значи носот ми е тапа. Па почнав филмови да си правам како ќе дишам на пораѓај ако не ми помине до тогаш и оди заспиј сега. И бебе го вознемирив тропа сега. Утре почнувам турбо да се лечам, морам да убрзам .
Истиот проблем го имам со носот. Ај што не можам да дишам па и тече ко чешма. Ставај солени капки или земи капки за деца од аптека.
Јас најобична спортска торбица ќе земам со мене, се ќе ми собере во неа. Да не макнам други торби со мене, ем полесно за носење и попрактично, се во едно. Да зНаеш дека многу се добри тие од дм. Пишев пост дека сум мн задоволна. Тука ги има од единица. Јас имав скоро теи месеца таков кафен исцедок од кај трети докај шести месец. Застарена крв од матката. Не ми даде никакви вагиналети или апчиња. Само ми стави инекција за крвна група дека сум негатив како за сигурност и само од себе си исчезна. Рече има жени што крварат цела бременост така да не е страшно ако со бебето и нременоста е се у ред. Не се секирај не е страшно пак ќе ти пишам. Приметив кај мене од односи и од преранотеност ми се појавиваше. Како си сега?? Честито, живи и здрави да сте
@ddevojce Имав пишано после тос, бев на приватен и се' беше ок. Јас немам односи, ама од ниска постелка и рече дека можно е неколку пати да се јави по некоја капка кафенко. Вчера можеби не беше баш алармантно, ама испаничив и морав да се проверам. Вечерта немав веќе ништо а и утрово ☺
Живи и здрави да сте , само убавини Супер чим се е во ред, ајде опушти се малце, иначе постелката може да се качи сама од себе горе не се секирај, ако не се качи тогаш царски, ама имаш време мислам
Добро утро, еве ме пак Не се секирајте, мирна сум, нема панични постови @Miss.N честитки, да ти е живо и здраво бебчето, да ве радува цел живот Јас уште сум во болница, чекаме да дојдат визити па да видиме до кога ќе седиме тука. Само сакав да ве поздравам