Вчера бев на контрола, на доплер, бејби е супер расте напредува 42 цм, не мери килажа, чудна работа го прашав вика отприлика 1200 1500 грама ( а осми месец сум 31+6) колку е нормално килажата за бебе почеток осми месец. Се свртела со главата на долу лежи повеќе на десн страна ама не е цврсто во матка легната и има простор и вода. При вагиналниот преглед пак ми рече при пукање на водењак да легнам и да викнам брза помош и со колата да бидам легната транспортирана. Бидејки ако имало простор можела папочната врвца да слегне надолу и беебто да ја претисне со главата и да го прекине доводот на крв до бебето па недај боже да се искомплицира. Додека не ми каже деуго на наредните прегледи, треба така да правам. Се надевам се ќњ се среди до тогаш. Од десната страна протокот е добар и добро пулсира, а од левата протоколот е слаб и слаб е доводот на крв. Ама не е страшно оти плацентата лежела десНо кај што е бебето. инаку хрчакот ни е болен вчера и со него имав цел ден работа уште тоа фали. Антибиотици му давам и апчиња за болка. Леле сум заспала на кауч у дневната пишувајки.
Убаво шо ти објаснил вака детално докторот, ама можел да скрати некаде за да не паничиш. До душа те гледам дека не си паничарка, и доста опуштена си, ама можел само да ти рече да одмараш периодов повеќе, и ако пукне водењак да лежиш. Воа ептен стресови според мене( ама според мене). Иначе килажата е тука некаде за 32 недела, до 1800гр треба да е +- .
@Dikinzi јас добра, фала богу. Болничарката сабајле ме пофали, кога ме праша како сум и викам супер. Вика "ее браво, како со песна викаш", демек позитивна. Ааа си викам, прашај ги мешињата во Труднички Е сега, уште чекаме педијатар. Од вчера сабајле идеМоже од Кина доаѓаЈас сум добра, сега да видиме за бебето само. Мали синоќа ме тренираше цела вечер. Во мене спие, го оставам вришти Така, ај поздрав сега
За паники не ме фаќат, ништо нема да ми донесат освен стрес и немир малку страв имам нормално бог да чува нели, живеам на трети нема лифт у зграда морам пеш по скали или они со колички да ме слегнуват. Имат такви колички за по скали са да не треба ти да одиш. Такво чудо нејќам. Плус ако сум некаде излезена у град на гости или у трговски шо ќе праамм и како да праам. Он додуша не ми раскажа ништо, само рече да не заглави папочна врвца доле, викам може ли да се искомплицира вика да. А ај јас дома си се разгуглав да видам шо чудо е тоа и пише дека многу ретко се случува тоа, после треба со царски бла бла. Малку се исплашив нормално. Затоа сега ќе гледам деновиве да си стасам дома се, генералка да си направам, креветче да наместиме колички итн. Мислам нема индикации за предвремен фала богу и во девети да се случи, ај имаме време уште сигурно ќе се намести како шо треба. Многу е конзервативен докторот објаснува на некој си дијалект таму германски викам не те разбирам говори ми литературно, некој старски изрази, мед сестри исто се сите забегани кој на дека, има една збркана не знае на која страна да фатиш, јас и велам шо ми треба она гледе како теле у шарена врата. Ама добар е докторот има познавање, затоа и сум кај него. Аа исто и цтг правев вчера пола саат. Ме налегна мед сестра у една никаква положба неможеше да најде тоновите на бебето де на та де на онаа страна, си велам до сеа сто пати ќе наместев
Убав ден мешиња и честито на сите со бебушите во рачиња да се живи здрави...јас одамна не сум активна тука ве читам полека па дојдов да ви кажам бебушот добар ми рекоа личи на дунда зашто со ноџињата скрстено и така клоца се смеам докторот на скрининг вика многу ти е хиперактивно викам ако нека биде сега после нека е мирно хаха...битно здраво е се е ок со органите нормално си расте 400 грама е ко една банана хахах влеговме во 21 недела се клоцаме по цел ден и така
Да ве прашам зимските бебиња како ќе ви спијат во вреќи или со јорганче. Ќерка ми со јорганче ја полривав, сега сакам вееќичка да земам ама се дудам која величина да земам. Дали поголема па да не се губи во неа или мала, после нова да купам??!! Дали Вреќата да биде како кимоно или со ракави?
Јас планирам моето во вреќа и купив на кимоно за почеток најмалото бројче што се продаваше така ми препорача сестрата . Јас имам друго прашање беше ли да се пријавиш во болницата каде што ќе се пораѓаш како што ?
Баш вчера ми даде упат за у клиника го прашав дачи треба да се пеијавам таму ми рече не! А со првата бременост имав др доктор и тој ми даде упат за на клиника дека бебе нејќеше да излегува. И тоа петок ми даде упат а во сабота ми рече оди таму ќе те средат, па беа малку како налутени дека не сум се пријавила. Тогаш не знаев германски. Ама ќе се јавам да прашам. И ти си исто у герм?
Да исто во гер мојот па ми рече не ти треба упат зашто немаш посебна дијагноза , се јавив јас во болницата ми закажаа термин и ми рекоа мајчина книшка и картицата од АОК и да појдам. На жената од пријател на маж ми пак докторката рекла нема потреба од закажување . На некои страни што читав само потполнувале некои формулари таму, некои па им вршеле прегледи па незнам ќе видам во среда имам термин таму.
Jas znam deka ne ti treba posebna dijagnoza za da ti dade upat mene sea mi go dade pred da vlezam vo 9 toa e samo za da se prijavis ti pravat ctg ti objasnuvaat nesto i toa e se
изгледа дека секој доктор и секоја болница е со свои правила затоа сто пати ги препрашувам да не лутам навака натака
Ако не може така нареден пат да најде тонови, запамти од претходно каде ти било. Ја кога се пораѓав таа ден, и дојде една од друга смена не можеше тоновите да ги најде , се уплашив, ама и покажав со прст каде да го намести и почна да се слуша. Ух добра е си викам ми олесна. Они сега уште имаат нешто простор за мрдање, ама у 9ти треба веќе да се стационираат и ударите да бидат на едноместо во стомакот, па за брзо и ќе научиш коему е газе, кое ноже, и каде му се рачињата дека скокотка со нив Иначе не ми кажуј за немање лифт, ти барем си на 3ти ја на 5ти