Јас уште од 7 месец го имам притисокот мене ми беше 150 со 90 терапија метилдопа 3×1 и б6 3×1 се испитав и тироидна, ехо на срце и 24h урина се е во ред. Само што касно ми закажаа уште од ноември чекам ехо на бубрези на 12декември а на 17 декември ми закажаа да носам холтер јас им викам може ќе се породам до тогаш они е ако де ќе си олесниш ама тоа е. Инаку јас воопшто немам мака т.е не го осеќам притисокот ама ми кажаа дека не е добар за бебето. Така да додека си под терапија немаш проблем. Мене сега ми е 120 со 80 со терапијата ми е како што треба. Уште малку имаме до крај и јас сум 33+4
Јас се осетив како да ми е пренизок пошто ме болеше глава кај тилот и ми се спиеше.... А истовремено и мн. топло ми беше Се израдував викам низок ми е притисокот да пијам кафе ама кога клетиот се покачил и да подмолен е баш..... Јас сум вторник на гинеколог па ке видам и он што ке рече а до тогаш ке мерам.... Иначе немам никакви отоци или слично само се задишувам доста и уморувам дури и од зборење
Мамички гледам се жалите за притисокот и мојот многу низок ми е понекогаш и ми се зближува, еве чекам инфузија да ми приклучат малку да се освежам, сабајле се изгубив од него и цел ден сум како малаксана а и времето е за никаде
Епа ај добра вечер. Ми текна сега дека докторот ми имаше кажано да одам на трансфузиологија и да ми проверат крвна група. А јас знам дека сум нулта негатив и пред некое време ја проверив на приватно во Жан Митрев и на мало како картонче ми е напишана. Не знам дали тоа да го приложам или ќе треба со упат од матичен да ми проверат пак... Вие како правевте?
Некоја да не имала болка тапа над папокот, под градите? Веќе половина час како ме стега, не знам дали ми е од храна, бидејќи вечерав ориз со печурки и брокула?
Прашувам затоа што ќе треба нели инекција да ми стават околу 27-ма недела, и после пораѓај ако има потреба.
Женички, вие што имате ниска постелка (плацента),што правите? Можеби е рано кај мене, може ќе се крени, читав на нет за овој случај дека треба одмарање и пазење. Е сега, мене др ми рече дека не морам да лежам или одмарам бидејќи цервиксот пак бил долг. Па онака ме интересира некои ваши сознанија за ова или искуства П.с -кај мене делумно го препокрива цервиксот....
Мислам дека желудникот те боли. Мене ми е така кога јадам тешка храна. Пијам повеќе течности па ми помага тоа.
Мене до 18та ми викаше дека е ниско после дека е горе.... Не обрнав ниту јас мн внимание на тоа ниту док ми кажа дека треба да се грижам. Едноставно ми рече дека на почетокот е нормално да е ниско и како напредува бременоста се качува нагоре Верувам и кај тебе ке се качи, секако слушај инструкции од доктор
@lejlla каде си? Дали е се во ред ??? Те помислив те нема некој период, ако сум грешка однапред се извинувам Се надевам се е во ред
Матичен ти дава упат за во трансфузиологија,и таму ти испитуваат која крвна група си, а може заедно да одиш и за кумбс тест, па после тоа ливче си го носиш за време на пораѓање.
Која недела си Лавинија? Мене во прво тромесечие ми беше доле,цервикс целосно покриен,и си се качи горе,сега е на идеална позиција рече д-рот.Функционирав нормално,само без односи.Додуша и сега немаме,еднаш само пробавме и не беше тоа тоа
Тука сум, ве пратам добра сум инаку, бебите се во мама и си бриме денови, колку повеќе толку подобро не е лесно да се стане мама на две беби одеднаш ве поздравувам
Да се пријавам и јас бев со ниска постелка, мислам не беше дојдена до цервикс ама докторот на неколку пати ми кажа дека може да имам мало крварење, иако немав. После натаму се качи, миислам околу 25 недела ми рече дека е океј.
Спиете ли? Јас сум 33та недела и никако не можам да спијам навечер, секој час се будам.. Се ближи времето, паника почна да ме фаќа... Од кој доктор сте задоволни во кумановска болница за пораѓај?
И јас многу често се будам не знам што е работата, се осеќам како се превртувам додека спијам а и во тоалет одам повеќе пати во ноќта. И мешко некако ми е голем ми смета при спиењето дали дека бебе си е понапредно си расте.. инаку според циклус 31 нед