Како го осеќавте бебето пред да осеќате клоцање? Денес осетив како мравчиња да ме лазат, па не знам дали тоа е тоа или си умислувам нешто
Да да , ама и овака и онака се јавуваат, тоа им е работа Добро е кога не се паничи, ама некогаш пусти мисли.. Пиши на youtube како правилно да го поставиш бебето, ќе ти извади многу видеа. Која недела стаса ? Прво ете така се сеќааваат кај бешиката доле, кога си легната на грб, или кога си во седечла состојба со притиснат стомак. На почетоко се сеќаваат ретко, 2-3 пати во ден, некогаш и само еднаш, а после стануваат се поинтензивни. Јас ѓи опишувам како грчеви (пред гасови) , како да ти пливка рипка, или под вода кога си (базент,море) и кога се доближуваш со рака по тело ама не осекаш допир него како бран некој, ете така се првите удари.
Тоа е, како мравки да имаш во стомак. Прво е мнооогу нежно. После ќе почне се’ посилно и посилно, дури знае и да здоболи некогаш. Кај мене сега во 7-ми баш асално клоца, се познава и на стомакот, си се радувам Ќе плачам во 9-ти
Го дигнав син ми пред малце, имаше ноќен терор, мене ме бара , никој друг. Сега ме болеа јајниците малку повеќе, ама брзо се смирија. Се надевам беља не си направив.
Нормално е да се има исцедок се додека е во бела боја и не чеша, но штом иде на кај жолто па и зеленикаво е инфекција најчесто кандида. Јас цела бременост сум со кандида со жолто- зелен исцедок имам 10 врсти вагиналетки испробано но после секоја терапија за два три дена поново почина.
Има будни? Каснав пица после 5 месеци знаејќи дека ќе ми биде лошо, па еве ме со ужасна болка во желудник, си седам и си плачам . Што од болка, што од мака за големата ќерка ме удира памет што ќе прави без мене додека сум на болница. Просто не знам во кој момент станав јас позависна од неа отколку таа од мене. А бе не можам да дишам ако не е до мене, а јас сум дома, на работа беше подруго. Си имаме толку заеднички активности дома, иако секој ден ни е пресликан, јас ја сакам нашата рутина, гушкање, доручек, играње, читање сликовница. Буквално се правиме заедно, еве утрово и алишта диплеше со мене ( читај еден дипло еден растура). Сега со новиот член, се ќе се измени, знам дека е за убаво.Се надевам само дека нема да се осети запоставено и ќе се трудам да бројам и до 100 ако треба пред да ја искарам, оти филмот почесто ќе ми пука. Досега не е карана од мене, да не биде сега дојде бато и мама ме кара, никако Си кажав нешто надвор од тема, а на се ова ме поттикна тоа што докторката ми одредува датум за.пораѓај.Тоа страшно ме нервира и ме опадна психички,зошто да одиме така, зошто да не чекаме процесот да почне природно, па терминот ми е далеку За некој ден сум на контрола и планирам да ја одбијам, таа запнала ќе те породам. Постелка уште не е ни втор степен, отворена 2 прсти без болки, цтг мирно, зошто брзање??? Има меѓу вас некоја така породена со провокација без да има болки претходно? Да сподели искуство дали одеше брзо или бавно, компликации и слично. Памет само таму ми е. И во вагиналните прегледи
Ист случај бев, делимно го покриваше цервиксот, имав мало крварење и ми рекоа од тоа е. Одмарав да, не кревав тешко никако, и избегнував скали, ама мали прошетки на рамно правев и си се крена сосем, воопшто не е ниско сега.
Веќе не знам кога ги немам, и траат и траат и секој пат си викам готово ќе почнат да болат и да се вистински, а 35та сум
Го носев на ветеринар, баш и не е можно многу да се направи за хрчаците кога се болни. Му давав до синоќа антибиотик и со апчиња против болка продолжуваме уште. Утре треба да го носам на контрола. Колку се гревчиња како се борат и они за живот, едвај дишеше, сега се оправи малку ама уште е пасивен не се движи и не јаде и не пие. Со шприц му давам вода да не дехидрира. Има некое воспаление. Многу се неѓни и осетливи и многу од нив се раѓат со проблеми кои покасно се јавуваат. Се надевам ќе се управи. Ауу не прашувај, вчера ама посебно денес одма ме укочуват у место. Си. ВЕлам ако ова така боли како ли е пораѓај хаха заборавив. Истовремено половини и стомак ко камен ми станува и боли. Ќе пушти ќе фати околу минута, после пет мин пак ќе фати. И после пак неколку саати се исто така во текот ма денот. Да, се додека е бел е бо ред и не ти прави проблеми со чешање или да смени боја и мирос. Низ цела бременост имам. Јас цела бременост носам пазарлци од продабница тешки. Ќе одам за едно излевам со сто и едно. И ќерка ми ми седи во скут ама не ја дигам дека е 25 кг. До 8-10 кг дигам Ох за недостигање и за зависност не спомнувај. Со душа ќе чекам да се породам па да дојде во болница да не посети. Нека биде се во ред со бога напред и кај мене и кај вас, ама мајка мисли и на тоа дете што го има дома. Мојата ќе прави 6 и ние имаме ритуали, дури не сакам да ја носам на градинка да поминува време со мене максимално да искористиме. а за пораѓај со провокација, јас ја родив така бидејќи неѓав нимболки ни водењак ми пукна едностабно не имсе излеваше па во скоро 42 кораше со провокација. Ми ставија едем вагинален чеп, 24 часа го носев у мене. Болките ми почна вечерта околу 2-3 па ја родив во 3 попладнето.
Лежев во кревет и гледав еден смешен клип, така јако се насмеав и стомакот доле ме пресече. Ме држеше болката добри 15секунди па помина. Баш беше јака болка, ептен се исплашив. Се надевам дека не ја повредив бебата
Дали некоја мамичка е будна како мене? Мене многу ми се повраќа неможам да заспијам, повраќав и го мерев притисокот 95 со 75. Но не ми поминуваат мачнините не знам како ќе заспијам. Сабајле ќе се јавам на докторот за инфузија пак да ми приклучи
Како си сега, се надевам си подобра? Јас бев така на почеток двапати одев на клиника за инфузија поради низок притисок и повраќање. Ако си на почеток на бременост не обрнувај многу сега внимание на јадењето, пиј само течности, почесто но помалку. Ако те бболи глава парацетамол се напиј и лежи во темна просторија и одмарај. и јас цела вечер не сум спиела, беба претеше на сите можни страни, изгледа се заврте веќе со главата надолу баш како шо треба цел стомак како јајце ми се направи и ги осеќав ударите право од срамна коска па нагоре према. папокот се право. Сега најизменично од двете страни
16 кила е. Од тоа и се исплашив. Ама не можам да го оставам така, грев ми е, многу се вознемирува, а не сака кај татко му... :/ Добро утро, сите спијат , јас на едно окце ве читам. Толку сум стнала спанка, минимум 12 саати спијам.
Еве пред две три недели се породив со провокација три недели пред термин, заради намалена плодова вода и претходна киретажа. Вечерта ми ставија некаков катетер со балонче за да ме отвори барем пола прст, за 12 часа го извадија и ми го пукнаа водењакот и ја почнаа провокацијата преку инфузија. Болките постепено се интензивираа и за околу 2 часа бев отворена 3 прста. Искрено многу интензивни ми станаа контракциите, многу болни и чести и побарав епидурална. Ама да знаев колку брзо ќе продолжи се’ може ќе одберев без. Зашто после час два бев спремна да раѓам и го родив за 10 минути. Ти посакувам и ти лесно да поминеш!