Сум успеала некако да заспијам барем малку, но сега кога се разбудив уште го има нагонот за повраќање а се осеќам и омалаксано, додека бебе внатре прави секакви акробации и не спие.. Не сум на почеток, 31 недела сум, одвреме навреме имам и силни менструални болки не знам дали се должи тоа на лажни контракции а за карличната коска да не ти зборувам сега кога се разбудив колку ме болеше. Не ме боли глава а за течности пијам доста еве вчера пример испив над 2л вода, пола кило цеден портокал и плус и газирано се напив за притисокот но не помага.. го чекам докторот да ми се јави за да приклучиме инфузија се надевам ќе се освежам
Јас се породив со провокација два дена пред термин поради зголемена плодова вода, висок притисок и шекер. Провокацијата брзо реагираше, ме фатија болки, ми го пукнаа водењакот ама бебе не сакаше да излегува. Беше многу високо, се заглави па мораа со форцепс да го вадат иначе ке мораше царски. Ова ми е трето дете и сите ми се со провокација родени, не ме фаќаат болки сами. А има ли причина зошто сака да те породи предвреме?
Добро утро и од мене . Неколку дена многу ме боли половината пијам магнезиум ама не помага, вие како се справувате со болките?
Ми олесна што ве прочитав сите , знам оти се нормални и ѓи очекував, ама друго е коа ќе прочиташ Неее ,сите така не боли, таа е најгрдата болка Нормална е Не се секирај, ништо не е , ако ти е страв клекни гушни го, или на кревет седи со него. Јас импровизирам..како што спомнав погоре..тоа е ..ама љубов мајчина inlove:
@LadyC штеди се во првиот триместар колку можеш, ова ми беше совет од докторката. Мојата е година и 10 месеци и има 15 кг, значи горе доле исти се со малиот твој. Јас ја кревав и ја кревам кога морам, тоа е. Гледај кога веќе мораш, да клекнеш и така да го подигнеш, да не си исправена. Мојава докторка баш строго ми нагласи никако да не ја дигам малата, ама тоа во пракса малку потешко. Оваа бременост ич не се штедам, влечам корпи со алишта, чистам, перам, пустам... Во првата бев како кралица, ништо не пипав ама кога имаш веќе едно дете за гледање, тоа е
И Кирил е 17 кг, гледам да не го кревам многу, но сеуште спие во креветче и не се качува сам плашливко е и морам... А и самиот веќе ми го гледа стомакот и ми вика: - мама боле меше, големо е...
Вчера бевме на гости, со саати седев на кревет и сега грбот ме боли. Сабајле кога станав левата нога укочена ни беше, како некој грч да ме имаше фатено. Излегов се прошетав еден круг околу населба и дома. Си сварив чајче ќе се топлам сега. Инаку да прашам јас сега се водам дека сум на одмор, мислам дека сум до 11 декември, т.с до заддутре, утре сум на преглед, породилното можам ли да го отворам од 12? Вие што користевте одмор како правевте??
Имав страшно лоша ноќ киселините ме убија , бебето клоцаше на сите можни страни на која и страна да легнев имав болки до плачење и така месечарев пола ноќ во некоја полуседната положба со милион перници сум заспала. И потоа ми почнаа соновите како тоа водењакот ми пукнал како тоа ми почнало породување и пак милион пати се разбудив па се префаќав да не сум водена . Милион филмови во глава, па денес откако станав сум како претепана земав еден магнезиум се напив и од креветот не мрдам . Вчера спремав се за во болница, спремав други работи што може ќе му се потребни на маж ми и сега филмовите на најако во глава
Јас по одморот отворив 1 недела боледување од општ матичен и после боледувањето го отворив трудничкото... и месец дена после отварањето се породив ...
Здраво на сите трудници. Јас сум стара членка на форумов веќе 10 години, но го изгубив пасвордот и на меилот и тука и морав да направам нов. Името ми беше исто само сега го додадов и бр.2 Можеби некој ќе ме препознае, но читајќи и следејќи ве долго време мислам дека повеќето сте сите нови. За тие што не ме знаат да се претставам: Живеам надвор од Мк, поточно во Гр каде што сум и мажена. Имам синче скоро 7 години е, пред 2 и пол години изгубив второ детенце здраво право на 18 месеци, беше 1год.и 6 месеци, ќеркичка. Болката е преголема која никогаш нема да исчезне.... И ете сега да се пријавам пак во оваа тема, повторно сум трудна во 6тиот месец сум, 25 недела и замислете, носам женско Имам лесна бременост како и другите 2, исти, така и оваа, до денес се одвива се како што треба, да се надеваме и така да продолжи. Одев на работа до пред месец и пол и си зедов боледување, сега си седам дома и му се посветувам повеќе на син ми. Ќе се пријавам и во другата тема да си пишам и термин. Ве поздравувам сите и се надевам на убаво дружење во оваа тема
Ми се јавија од систина за скринингот да закажам ,и закажав кај Гордана Петровска, некако тој Димчев не ми е по ќеиф нз зошто. Се надевам не згрешив. А и претходно сум била кај нејзе на прегледи . Веќе ја знам, а пак Бојаџиев ми го пиша на ливче Димчев ама ја кај нејзе закажав.
Ич не се пазам и јас, како луда сум низ дома, да ме видиш само како одам ожпо улици кога се брзам некаде, летам. Перам влечам теглам секој ден со усисивач катастрофа, се наведнувам абе луда шо да ти кажам, ај поарно така фит да сме него легнати, фала богу да биде се во ред до крај. Добродојде, ти посакувам многу среќа за понатака. Жал ми е за загубата гр ти е германија или грција? Инаку ај да се пријавам пак со лажните комтракции Мене ме мават одвреме навреме половини, и стомак ми се стега повторно уф 33 недела ја започнав 32+2 се научив да ги бројам. Активни ли се бебињата кај вас. Кај мене нонстоп прета, срце мајкино нека си прета тоа му е и работа
Супер е докторката и јас сакав кај Димчев ама на крај кај неа закажав и сум презадоволна од прегледот. Добар избор
Еве при крај ми истече веќе инфузијата, но некако нагонот за повраќање не ми поминува, каснав овошје и вода пијам од се ми се повраќа, неможам да јадам.. Менструалните болки пак се присутни дали се тоа лажни контракции?
Добредојде и од мене. Жал ми е за за загубата на детенцето. Ти посакувам да си ја истераш како што треба и оваа бременост.
Јас сум стара членка и те памтам убаво, Калиас. Се сеќавам на загубата, многу ми е жал навистина. Но ете сега имаш причина да се радуваш одново Добредојде во темава, и на форумов повторно. Тука сме за се’ што треба За Гордана Петровска, најтопла препорака од мене. За скрининзи има специјалност, исто како Димчев, а исто така е посветена на водење ризични и инвитро бремености претежно. Мене ми ја води и оваа, а и претходната бременост, она и ме породи со првото. Многу фина, професионална, достапна за се’ што треба. Презадоволна сум од неа
Жал ми е многу што ти се десило тоа..имам ќеркичка и јас и да ти кажам сега не се осеќам убаво поради тоа што го пиша..немој да ме сфатиш погрешно, ама доволно си правам филмови низ глава и одбегацам вакви муабети оти ми се болни на мозокот, доволно е тоа шо се затворив дома, те молам стварно е болно да се слушне таков муабет. Иначе ти посакувам лесна бременост и добра мисла