@Kallias2 , на секое качување температура на малиот на тебе ми текнува Секоја чест на силата што ја имаш после преживеаното Со лесно да ти е бременоста, само убави работи да ве пратат сите тројца, наскоро четворица
Во Април баш пред велигден ја загубив и мајка ми, од срцев удар. Во април почина и мојата принцеза...ист месец, ист датум...друга година...потешко од тоа нема, сега имам 2 ангела на небото кои сигурно ме гледаат и ми се восхитуваат на мојата храброст која ниту јас не сум свесна колку многу ја имам. Немам друг избор туку да продолжам понатака, да живеам како можам, колку и да е тешко не можам ништо да направам против вољата на Господ Бог.....
Ноќеска имав многу јако срцебиење, сонував нешто и кога станав срцето си слушав мислам од што чукаше толку јако , ај се местев некако да заспијам ми се смири, ама приметувам се на лева страна кога спијам така ми се прави, нормално ли е?
Да, од преголема возбуда се случува така. Јас кога останав со првото трудна, и кога идев од вц да му кажам на сопругот, едноставно немав зборови..срцето толку јако чукаше што се слушаше тадури и он го слушна Немаш потреба од паника, длабоко дишење, пробај да се смириш и се ќе биде во ред.
И кај мене исто,плус па и дишењето ми се пореметува и многу длабоки вдишувања правам, па после и бебето се размрдува, па си мислам ете го возбудив и него. Исто имам впечаток дека кога сум на лева страна некако понезгодно ми е мене. И пооптреретена сум :/ Некако одма мисли дали го гмечам стомакот, дали добро лежам.
@Kallias2 добредојде во темава Те знам и јас,со години сум членка,и приказната ти ја памтам точно.Драго ми е што си храбра и што ке ве огрее уште едно сонце Имај лесна и убава бременост
Јас цел живот спијам на десна стр бидејќи кога лежам на лева ми се чини дека потешко дишам или дека му тежам на срцево и потешко заспивам. Сега понекогаш морам да менувам поради здрвување, ама претежно на десна ми е поубаво.
Малово толку многу мрда што дури боли. На средината на папокот се оптега, ама многу болии. Гура ли гура, ќе пукнам..
Здраво девојки имам две прашања ? Прво што правите кога ве грепка грло ? Дали смее да се прска проанги ? Ако не смее што прскате ? Иначе проанги е на база на прополис , ? Второ прашање ми е по цел ден ли ви се активни бебите ? Моево синоќа бидејки бев по слави и имендени посебно на едниот именден ме поулаве од мрдање , а денес беше помирен нежно ме галеше хахаха , иначе 20+5 сум и уште не осеќам мн силни удари , мирно ли е бебево или уште ми е рано за силни болки ? Ви благодарам
Да, лажни се. Тоа е тоа. Одмарај сега ако ти е тешко не јади, нешто полеко јади и никако цитрусни овошја или зеленчук бидејќи го надрљануват желудникот. промени позиција на спиење Да, исто денес и јас пишав преги одма од срамната коска па нагоре према папокот и се до желудникот. Ногичка видовме преги Се потесно станува у стомак кај мама па затоа и претат
И мојот буци е ептен активен денес, цел стомак ми го разместува. Како што си седев на креветот и кучето го осети и тоа почна со носот да го бутка од надвор. Абе лудници...
Си седам во кревет, буквално седната, од градиве не киселини туку оган мислам излага Бебе размрдано збеснато. Жими се ич не му се пријатни удариве, ептен ќотек изедов од него Утре сум на преглед се плашам да не ме задржат, 39 недела баш од утре почнувам. Што да кажам, на докторите не сакам да се спротивставувам, а тие си тераат шема со пораѓаиве, сами си бираат датум. Не велам дека им е сеедно, ама и царски да ме земат исто им е, јас ќе го кркам стапот од готово вересија, бебе абер нема, докторкава ме закажува, чисто дека е дежурна. Ќе има расправија утре, се познавам себеси Ете некој сподели позитивно искуство од провокација, некој не, но она што е заедничко е кај сите што имало потреба од неа, кај мене е чиста волја, се почесто почнаа по приватниве да закажуваат и природен пораѓај. Како и да е, си исплакав денес солзи една кофа, си ја изнагушкав ќерка ми, утре пред одење уште една тура плачење за неа и така... Се надевам ќе си се вратам дома после преглед, ќе ве известам. @Kallias2 мило ми е што читам убаво нешто од тебе, за мене ти си најхрабрата жена што можам да ја замислам. Со лесно да ти е
Лелеле браво жено.Те памтам,те читав.Само да ти посакам лесна бременост,и многу убави моменти.Жена борец
@Kallias2 со лесно мила. Ќе се дружиме тука секако. Те памтам од порано, алал да ти е и на храброст и на сила! Појака жена не сум сретнала!
Здраво БирМелек. Ти благодарам на утешните за мене зборови. Да се надоврзам за ова моментално што ти се случува со пораѓајот, истото и мене ме снајде со второто, 38 или 39 недела бев ако не се лажам и бев на цтг и докторката која сакав да ме породи ми кажа еден датум ако до тогаш не се отворам природно да одам и да пробаме со провокации, затоа што беше тогаш дежурна и после мислам ќе идеше некаде на семинар и јас толку се вознемирив, плачев дома, дека второ нели и повеќе страв има, си мислиш што ќе биде, како ќе биде, ако нешто не тргне како што треба па да мора царски (јас ич царски не сакав) лелее не спиев тие вечери. Терминот за ден два ми се ближеше и еден ден излегов од дома и одев пешачев брзо, се качував по скали не знам колку пати и наредното утро ми падна чепот. Се израдував малку викам добро е, ќе биде природно, почекав да видам како ќе се одвива се затоа што болки немам никакви, баш на ден пред терминот, тој ден кога бевме договорени да одам да се пораѓам, ми почнаа болките. Земав торбата и отидов во болница. Ме виде докторката 4 прста отборена и ми вика колку ди среќница, денес ќе се породиш. За 3 часа веќе се породив. Дај Боже и кај тебе така да биде, да си дојде само по себе се како што треба и баш така како што треба.
Дали знаете кои чаеви се безбедни во бременост? Моментално дома имам чај од црн слез и од жалфија, нај свежи ми се тие. Во ќесички не конзумирам. Барав на google ама нема нешто посебно да кажат да или не во бременост...