Добро утро женски, кога правевте втор скрининг? Мене др ми рече да појдам 23 или 24 недела, тогаш и за срцето нели има испитување, ама не знам точно кога е најдобро а да биди истовремено и за скрининг и испитувањето за срцето. На систина читав мислам од 19-22 недела, а и тоа како да рачунам-јас сум 19 недела а според Плодност бебето е понапредно како за 20. Која од неделиве да ја сметам, знаете ли?
Мене не ми е јасно како така форсираат пораѓај без да има некоја причина. Ај да има намалена плодова вода, или да пукнал водењак а да нема болки за одредено време и така и така...ама воа ајде дојди ќе ставиме провокација и оп ќе излезе, чекај бе малце не иде тоа така. Затоа у Чаир мислам чекаат до последно, и тераат уште таму природно..провокација прифаќам само после 40 недела, или 41 недела во која јас ср породив, без провокација без епидурал. Речи и нека не форсира, бла бла.. терај си по твое. @Miss.N Како сте ? Како си ?
Мислам дека подобро да си отидеш порано накај 19 или 20 недела, значи оваа недела. Имам читано дека е подобро порано. Плус и штом бебето е понапредно, исто што порано подобро. Кај мене исто е 5 дена мислам понапред, и сите испитувања ги правам што е можно порано. Ако на пр.3 скрининг треба да правам 28-32, јас одам 28 или 29 недела, не чекам. А за срцето, јас мислам на скринингот може да се пушти да се слушне и се мери растојанието меѓу ударите. Барем кај мене така беше.
За што е третиот скрининг? Јас правев првиот за даунов во 12 недела со приска па после 2 скрининг за по органи и системи 22 недела и докторката на Гак ми рече за еден месец тоа му дојде некаде 27 недела за ехо на срцето и толку.. Матичната не ми кажала ништо а сега сум 29 недела
Дали може скринингот да се прави на две места(мислам да не е штетно) ?да одам на приватно и кај матичниот?
А зошто кај матичниот да одиш? По протокол скрининг не прави матичен, иако горе доле на ист начин го прават, земаат мерки. Оди си кај некој што е специјалист за тоа.. Инаку не би требало да штети, некои мајки прават ехо почесто. Јас цела бременост на 1 месец правев, а сега на крај утре ќе правам, а правев во петокот.
Пиши како си поминала. И мене ми е во мисла ќерка ми, како ќе ја оставам како ќе помине пораѓајот, се молам се да биде во ред. Да се вратиме здрави и живи дома сите комплет. Уф уф со лесно да ни биде на сите. Јас пијам шумско, пеперминт, камилица. Некни направив пунч, многу сладок. Скатњ рецепта ??
@BirMelek јас незнам зошто некогаш докторите не ставаат во таква незгодна ситуација. Да не знаеш како да постапиш... Терет, кој на трудница посебно, не и е потребен. Добро е што веќе си на крај и ти посакувам како и да се одвива се, да се заврши најдобро ❤️ @Kallias2 и јас се сеќавам на тебе. Ти посакувам лесна бременост ❤️ @LadyC да споделам искуство и јас дека од почеток, се до еве при крај, постојано ја кревам мојата ќерка и носам тешко иако знам не се препорачува. Не сум видела мака можи затоа. Ќе се припазуваш, но сепак со мало дете дома неизбежно е некогаш да го крениш. @ddevojce мн ми си интересна за читање И тоа за купувањето во маркет, одиш по една, а излегуваш со куп... слатко ме насмеа, се препознав, иста сум секој пат. Инаку јас веќе почнав 9ти месец. Во болницата каде што ќе се пораѓам морало термин да закажам, за средување документи и нз др што. Па термин имаа дури кога ќе бидам 38ма недела. Се надевам ќе истерам дотогаш. Имам заборавено, шарените алишта од бебе на колку степени ги перите? Поздрав до сите
Дај ! Сакам(е) нормално. Нема нешто што не се сака мислам кога си бремена. Инаку еве прв пат ми се приповрати од миризба јака што чистела жената влез. Порано ми се свиѓаше мирисот иако јак. Бре едвај издржав да се качам до дома , ко Змај ќе се отворев. Како бе утнав сите од мое доба со децата бреее и @Lorins , @kavadar4anka @BirMelek и други на кои сега не ми текнува. Што убаво си се дружевме тука
Posto gledam deka se luti koga pravam na drugo mesto. Mene najmnogu mi e strav da ne steti na plodot. Nema ti kazano nisto maticnata zosto tolku cesto te gleda na eho?
Светли на 60, шарени на 40. Во цела бременост се гледа 1 месечно, осврн ако не дај боже е комплицирана бременост. Во 9ти ехото е почесто, баре колку шо знам јас.
Немаш гајле, сигурно докторите оцениле дека нема потреба. Во мкд изгледа некогаш не одат на 3 скрининг. Јас сум во странство и овде се прават три (околу 12 н., околу 20 н. и 28 н.). Во мкд исто, само ако има индикации, барем така сфатив од форумов. Некоја друга членка нека ме поправи ако грешам
Денес бев на прв скрининг кај матичната. Навистина сум задоволна. Ептен убаво ни објасни и ни покажа. Сега мм вика да не сме оделе во Систина. Докторкава рече задоволна е од мерките. Леле беба цело време мрдаше со раце со нозе Среќа невидена
Утре 19 полна уште ја немам осетено бебка, едвај чекам да почне да мрдка, вие кога го сетивте вашето бебче?
Пред 15та, зависи како е наместено може затоа не ја сеќаваш. И јас мислам така, и мене не ме пратија на трет скрининг.
Дали може матичен општ лекар да ми даде упат за хемостаза и д димери? @Veki4kaa јас почнав да го осеќам многу слабо пред 2 недели дури не бев сигурна дека тоа е тоа. Сега зачестува мрдањето ама пак е како да ме гали одвнатре. Може едноставно кога мрда ти да си раздвижена и не се погодил момент да го осетиш.
И јас сум 19+2 и немам нешто посебно осетено. Понекогаш како цревава да ми кркорат ама си велам дека ми е баш од цревата, а се има случено од деснава страна( кај што мислам дека нема баш црева -на едно место како под градата ама надесно) како да ми завибрира нешто. Др ми рече можи накај 20 недела ќе почне да се осеќа
Добри сме фала ти многу што помисли на нас, вчера се прибравме од болница.. Јас некако сум преморена неможам да се приберам тешко ми е, телово мислам ми се треси .. како исцрпена.. нз дали е нормално тоа.. ? ме фака страв дури .. во која состојба бевте мамички ?
За жалфија и јас знам дек ане се препорачува...Планинки да си земеш?Сега се продава сушен по пазарите,или нане, чим несакаш филтер.
Планински имам ама од лани е, некој ми кажа ако стои многу да не се употребува, затворен е во тегла ама шо знам, шубе ми е да го правам и камилица исто имам сушена, во тегла ги чувам сите чаеви ама и таа е ланска....