@LadyC Литро вода да зоврие и се стават 5 филтери чај од шумско овошје. Да отстои 10 мин, се тргат филтерите и се додава пола литро сок од портокал, пола литро сок од јаболка, 1 кеса ванилин шеќер, 1 исцеден лимон, 1 прачка цимет, и 4-5 каранфилчиња. На тивок оган да повари околу 10-15 мин, ги тргнуваш зачините и пиеш. Наздравје. Оваа рецепта ја прават у градинката. Инаку да напоменам можеби и сте прочитале дека као у бременост не се препорачувало цимет и каранфилчиња да јадеш, демек контракции ќе добиеш бла бла што ти знам ја. Цела бременост јадам слатки и колачи со цимет, посебно сега пред божиќ и пијам исто пучн кога одиме на божиќните марктови и дома правам и пиеме. Треба да изедеш количини огромни за да те “фатат” болки! Ти треба сон мајка, затоа се тресеш, преморена си. Одспиј малку, ќе се освежиш.
И јас мислам од премореност дека е , дека ти треба сон @ddevojce како што кажа, пробај благо касни за енергија, или провери притисок. Сега хормони ради млеко дивеат, други се смируваат, органи се враќаат на место, не е лесно..ако не отиди чисто на доктор. И уживајте
Па не треба да се лути, тој треба упат да ти даде.. Инаку сега сум 9ти месец, затоа правам на ГАК ехо толку често, со матичниот завршив. А за кој скрининг прашуваш ти? Првиот знам дека некои матични го прават, ама за вториот убаво е кај друг да си одиш.
Ова за било кој продукт да пребаруваш низ интернет излегува да не се конзумира заради Х причини. Еве пример, тревките (жалфија, нане..), одредени зачини, еднаш ептен ми се пријаде ананас земав таман каснав, кога не знам што ме натера, читам во некои земји каде е забранет абортусот се користел незрелиот ананас (а овие што се носат кај нас се секако зелени берени па зреат по пат) како средство за абортирање во секундата ми се одмили! Некои демантираат со тоа што во цела бременост јаделе без никакви последици. Така што, не знам, можеби зависи од самиот организам, сепак мислам во првите критични месеци треба повеќе внимавање.
Легни на грб,а претходно нешто слатко касни за ужина и држи ја раката под папок негде.Кај мене првиот пат нежно како некои меурчиња беше,па цела недела ништо,и почна наеднаш со клоцкања.Без гајле не се секирај за тоа,ке ја осетиш кај и да е
Пишев и порано, пак ќе напишам и ананас јадам и се живо и диво. Болки туку така не идат. Треба количини невидени да изедеш па да добиеш.
Тек во 21, можеби и предходно нешто сум осетила, а да не сум знаела дека е баш бебето. Кај мене наеднаш почна со клоцање, сите ми викаа ќе осетиш како некои пеперутчиња да имаш во стомакот,нежно гулицкање ама нее Мајки, фала му на Бога до сега имав бременост каква што на секоја жена и посакувам. Искрено не ни се понашам како трудница, ниту сите околу мене ме доживуваат така, гледаат дека без проблем уште си облекувам хулахопки сама или чизмички. До сега бременоста ја поминав по патишта, ора на свадби и авиони. Последен лет ми беше во 34 недела и конечно се смирив со патувања ама последниве неколку дена почнав да осеќам умор и после неколку чекори имам ненормални болки во долниов дел од стомаков, буквално не можам да се движам. На преглед ми рекоја дека ништо не е страшно, бебуш притиска долу, материцата се припрема за пораѓај и то е то. Кого и да прашам од трудници што биле ни една не имала такви болки, па сакав да прашам дали некоја од вас ја има/имала слична мака?
Ја само да ве поздравам и да споделам дека јадам на тони мандарини,портокали,кисели краставици,цвекло..и све остало што е кисело..После киселина ме убива...За некој саат пак лупам мандарина..Трудница!
Јас немав болки цела бременост и поминав релативно лесно. На крајов еве почна и мене доле да ме стега како да ме сече кога се движам повеќе. Не паничам, мора и нас да почне да не боли по малце, да знаеме што не чека на пораѓај
Здраво мешиња, Само да ве поздравам и дадам еден совет(од мое искуство). Напрајте си ги микробиолошките брисеви, доколку дозволуваат докторите, порано 34-35 нефела. Ако има бактерија обавезно пијте терапија и обавезно повторете хи брисевите. Јас од таа бактерија, и не ги повторив брисевите и веројатно требало антибиограм да ми направат за точно која терапија да ја пијам, а не онаа што ОБИЧНО делува на стрептока, заглавивме уште на ГАК. Извинете, не сакам да ве плашам и не пишувам ништо друго, само најискрено сакам да ви го дафам советот. Поздрав на сите, на мешињата пред пораѓај со лесно.
Дали има тема со списоци што се е потребно за бебе во првите месеци? Исто сакам да прашам каде сте го ставиле/ќе го ставите креветчето на бебето? Јас имав идеа собата за бебе да ја уредиме со креветче, фиокари, фотеља за доење. Ама и свекрвата и мајка ми рекоа дека бебето требало да спие со нас и дека креветчето треба да биде во спална. Ама па од друга страна си викам мм како ќе спие за на работа ако ние по цела ноќ се будиме? Сеа баш се замислив....
Да има тема пребарај тука што се е потребно за бебето има добри насоки . Креветчето на бебето го сместив во спалната бидејќи во друга соба ми е незамисливо во тој случај и јас ќе треба да спијам во детската. А маж ми во зависност од потребите ќе си спие во дневна.
Мешиња, сте пиеле ли чај од маточина? Сакам да пробам нешто природно против несоници, ама не сум на чисто. Читам се’ и сешто, искрено не пазам на тоа која храна што може да предизвика, јадам и пијам се’ што мислам дека е ок. Еве за нането на пример тука прочитав, а секоја вечер си пијам по една шолја чај. Цимет исто конзумирам со салеп многу често, итн. Инаку притисоков во минус мислам ми е отиден, очи ми се затвараат. А се мачам со несоници навечер, која иронија Некако ептен уморно се чувствувам, исцедено, не можам да мрднам од кревет денес цел ден. Синоќа се онесвестив, мислам дека од низок притисок беше, па ќе одмарам дома неделава. Утре сум на контрола, едвај чекам да ја видам цуца што прави и колку пораснала Хемоглобинот на последната кс ми е паднат, може уморов и на тоа да се должи, па ќе видам дали ќе ми даде докторката некој препарат. Само Тотхема да не е, уште имам трауми од тие ампули колку се гадни Заради нив до ден денес не можам да помирисам сок од боровинки, со таков ги пиев
Јас сум тежок живец можда не летав ама по патишта сум цела бременост и се е во ред ФАЛА БОГУ. За болката што ја осекаш и умореноста и јас ги имам од недамна. Ке изодам 200 метри и треба да одморам, ке качам скали и треба да одморам и слично И таа болка јас ја лоцирам отприлика кај што никнат влакната како да ми се кинат мускули од кога подолго ке постојам или поработам нешто и си бара одмор. И докторот ми рече дека е најнормално тоа пошто тежи веке беба 34та сум инаку
Девојки само на јадење мислам , на пола саат гнетам нешто и се е калорично. Мислам дека психата ме ј**е и си поигрува со мене. Нема шанса вака да ми се јаде ко нездрава постојано. Еве сега сум на работа , јадев пред 2 саати, значи ми се лоши од што сум гладна, не знам како ќе ја истерам последнава што ја чекам од 17:30 кога мислам дека ќе ја голтнам . Значи сериозна сум, мислам дека нема да ме сфатите колку се осеќам гладно.