Мешковци, ај едно домаќинско прашање Мислам дека и претходно имаше пишувано за ова, дали во бањата чистите со доместос или со нешто друго? Јас неколку пати имам исчистено со доместос (реално, премалку) и набрзина бегам гледам да не дишам многу.Исто и во кујна на пример, шпоретите со какви средства? Не знам колку е се' штетно... Понекогаш не знам дали е тоа правилно, ама си велам абе ајде нашите баби, прабаби се' работеле а ние сега многу нежни
И јас мислам многу разгаленост- не! Хаха, ок е да се чуваш, ама не е ништо страшно одвреме-навреме да се исчисти. Јас вака правам: за во тоалет ставам во школката доместос, затворам капак да постои некое време, и потоа со тушот со жешка вода го измивам, со ставена крпа на уста и нос за да не дишам многу, а и прозорчето го отворам. Ако ви е блиску тушот и ако имате прозорче е супер. Инаку да фатам да тријам, не сакам. А за во кујна, со арф плотната ја чистам, некогаш со гумена ракавица, другпат без. Можеби преку нокти или кожа навлегува, ама не е секој ден ваквото чистење. А за нокти да ги печам, гелови да ставам, тоа ми е непотребно, и поштетно е, според мене. Секако добро е преку ноктите да се види состојбата каква е, имаш контрола.
Исто и моето за 2 недели понапредно само што сум поназад од тебе, според циклус полна 31 а според бебе 33та, зборот ми беше за соништата ме отепаа овие неколку вечери, неможам да спијам убаво секое вртење го осеќам, како полубудна сум а сонувам, како бебе ми зборува, како се порагам, се препотувам и мене ми е прво детенце а сум била присутна на природен порагај и тоа на два па знам што ме чека
Јас чистам ко и претходно,сите средства се безбедни и брзо се чистат од крвотокот.Сеа не да се претерува со комбинации солна и жешка вода,јас не попарувам ништо,чистам почесто и тоа е тоа.Ако ми засмета миризбата ставам крпа преку уста за да не кашлам.Има илјадници жени кои работат со хемија,што по фабрики,по хотели како собарки,фризерките исто,па немаат особени првилегии.Претпазливост да,но претерување не,ке направи само паничарки од нас. @Butterfly1107 слична дилема имам со креветчето.Јас сум против навикнување предолго да спие детето во иста соба со родителите,сметам дека си има потреба од свој простор а и похигиенски ми е.Во првите 6 мес до год е зависно од близината на мајката нели,емотивно и плус за доење,после тоа си има бебифон со камера а и се слуша ако заплаче,не се работи за пат околу светот,10 метри ги делат две соби максимум. Ние ке имаме бебешка соба,со маса за пресоблекување,плакар и фиоки плус фотеља или столица,и минимум декор.Креветче сакам на тркалца,дека е мобилно,па ке видам дали ке сме во спална или јас и бебе во детска.Ова дека ми е жал за маж ми,не сум сигурна дали ке е наспан,а се буди во 5 ипол на за работа.Ова ми е само првичен план и желба,јасно е дека родителството во теорија и пракса не е исто.Сакам да си имам насоки и цели во глава,но не се трескам дека мора да биде баш така
Нокти не ставам општо, моите си ги лакирам. Не се фарбав во прво тромесечие, мој избор беше тоа, иако со години се фарбам со фарба без амонијак. Сега во 16-та недела конечно се исфарбав. Не чистам ништо, ептен ситници фаќам. Другото на други им го препуштам. Максимум ми е олеснето одржувањето на домот уште од претходно. Свилена или не, така ми чини За спиењето на бебето се согласувам со @dunika, како јас да сум пишала за тоа и таква ми е замислата и мене.
Еве и кас со еден долг пост Вчера бев на контрола демек последна кај матичен и брисеви земавме дека 34та веке Беба е супер и понапредна за една недела докторот одличен немам зборови се ми објаснува стално, ама кога почна да ми кажува кои се знаци за порагај мене почна страв да ме фака се си мислам има време далеку е ама ето га зад аголот Ми рече дека нема изгледи за брзо рагање дека навиваме од 5ти Јануар па натака да е ама вика и утре да се роди ке биде во ред..... И мене почна да ме облева ладна пот.... Чекај бебо уштр количка со таткоти не сме одлучиле која Шала на страна се израдував мн за тоа што е се в ред па кога треба да биде ке биде И она овие денови веке осекам притиска на се можно сегде ја има срце мајкино тесно почнува да и станува, па мама губи воздух и се движи како пингвин ама се е за луге За чистење додека чистев стандард со нормалните средства чистев ( Domestos i sl.) сега малце го злоупотребувам сопругот А за нокти до кај 6ти месец правев гел лак после престанав (ради тоа дека недај боже ако нешто се дешава во организмот ноктите менуваат боја) И да веке што и да јадам после тоа ми е во устата кисело/слатко па не се умарам што јадам кога секако тоа гадно чуство следува Убав ден на сите
И кај мене секој преглед ми беше кај различен доктор.. имав закажано кај др Гирески .. првиот преглед ми беше кај него, се запознавме се договоривме за денот за пораѓај, идев секој 2 ден на преглед и се различен доктор ми се погаѓаше... после кога да ме прегледаат и кога воочија дека ми е намалена плодовата вода и движењата на бебето беа намалени на смена беше др Ива презимето не знам како и беше... она се задолжи за мене да најдат место на патолошко бидејќи воопшто немаа место, се беше зафатено.. едвај најдоа место.. и конечно ме сместиа.. др Ива цело време ме надгледуваше за тие ден ипол дур се породам.. таман дојде моментот за раѓање др Ива не беше на смена се погоди др Адела Поп Стефанија, Зулбиери и Калчов/ски.. но др Ива комуницираше со Адела за мене бидејќи имав ризична бременост а уште поризичен пораѓај.. среќа па се се завриши како што треба и имав среќа што горе споменатите доктори се погодиа на смена таа вечер... сепат тие се нај најдобрите гинеколози на гак.. задолжени се за цезарија и ризични пораѓаи..
Дене 28+6...-- Лета времево, не ми се верува синко уште малце ќе полни 3 години, а второво е на пат Од саботата официјално почнавме со шопинг за крофната моја Во понеделник сум на редовна контрола, па ќе ја видиме Кога ќе ми текне на породувањето ми се прави хорор филм во глава Бременоста ја следам овде во Кавадарци и во Ремедика, здравје таму и планирам за породување Чистам како и претходно, од вечер ставам Domestos и утредента плус Cif, осеќам гадење но се издржува не е страшно... Првата бременост ми беше како песна, само околу породувањето што имав компликации. Сега од самиот старт имам гадење, еве и со спиењето имам мака станувам по 3 пати навечер се пресоблекувам, се препотувам и не можам да си најдам позиција, па планирам да порачам перница за спиење за трудници (ако имате совет ми е добродојден за првото не порачав), имам болки доле кај коската меѓу нозе и така бла бла, слатки маки Женските изгледа се поопасни од машките деца бебава е поактивна за разлика од батко и, шиба-растура. Прв пат Кирил го осетив околу 19-20 недела, а сега околу 15-16 недела, најубаво чувство на цел свет... Во оваа бременост имав несреќни моменти кои не ги посакувам на никој, прво во средина на октомври го загубивме свекор ми кој ми беше повеќе од татко, па после две недели дознав дека на моето работно место влегува друг заради политички цели... Доста стресови преживеав, но фала му на Господ се е во ред... Доста се жалам, сега имам нова работа и ми е 100 пати подобро. Поздрав мешиња и секое добро
@kavadar4anka перница имам од pillows_lala, на Инстаграм побарај ги, многу е убава. Перницата со навлака е 1600, а плус навлака за менување е 500. Си избираш дезен на навлака.
Здраво. За чистење ги користам продуктите на Frosch, се наоѓаат во Дм, мислам дека и Тинекс ги купував порано дека од првата бременост ги користам. Нежни се, еколошки и немаат воопшто интензивен мирис како абразивните средства.
Здраво девојки.Вчера бев на преглед и доживеав шок,плодовата вода ептен намалена и калцификати на постелката,а сум 34 недела,бебето според големината е 33 и 4 дена,а според килажата 32 недела (2033гр).Ептен слабо качува на килажа.Првпат вчера бев на ЦТГ и испадна во ред,сега во петок сум пак. Дали некоја има слично искуство?Ве молам за утеха ептен сум исплашена.
Ги пробав случајно Денкмит средствата за чистење на ДМ и феноменални се. Плус и еколошки се и не смрдат (барем овие што ги имам пробано). Кога чистам сама, нив ги користам, а еднаш неделно ми доаѓа жена со години веќе, па она со Доместос ми чисти плус. Башка средствава од ДМ беа сега на промоција (може и уште се, не знам) за 59 денари. Особено од ова за вц школка сум презадоволна, стакло ја прави, буквално свети, а мириса ептен нежно и убаво За фарбање и нокти сте збореле. Се фарбам редовно, на 3 недели и првата бременост и сега и немам проблем никаков. Нокти исто ставав гел со години, сега пред некој месец го извадив и си ги оставив природните (се лакирам чат пат). На пораѓај гледајте да немате гелови и чуда, ни па обичен лак. Ноктите треба да се голи, голем показател се за одредени здравствени состојби во бременост и пораѓај.
@Sexybaby86 и јас го користам истиов гел од ДМ,за парите е изненадувачки добар. Исто и од Фрош(зелените со жабче)сум презадоволна,не се воопшто агресивни.
Фрош не сум ги пробала, ама користам нивни спреј за вадење бебешки флеки од облека и одличен е, трага не останува на алиштата на бебка. Па ете совет плус за кога ќе дојде женската на свет Ова од ДМ стварно пријатно ме изненади, воопшто не е агресивно, а чисти и избелува одлично.
Zdravo dali se vo red bolkite dole kaj jajnicite matkata pri legnuvanje i stanuvannje ( minimalni i momentalni ) ?
За ноктите читав последно дека и лак обичен бил штетен и влегувал во крвотокот, за гел сигурно и тоа, ама кој да знае и јас со години се лакирав и гел ставав и се фарбав, па и во другите бремености исто у се фарбав и гел ставав прњку еден месец и на пораѓај дури со гелни нокти бев, а сега ништо од тоа ама ме фати стрв сакам бар за празниците да имам малку средени нокти, планирам во Мк да идам и да бидам бар средена малку од малку, шо знам.....
Направи си ги, ништо страшно Јас и со ќерка ми додека бев трудна, а и сега со вторава, ги правев со гел до кај 6-ти месец постојано Една другарка пред некоја година ставаше филери во уста, а притоа била трудна, ама не знаела. Жива се изеде што како, ама на крај се’ си беше во ред, бебе се роди живо и здраво. Муабетот ми е, сега не филери нормално, ама повремено нокти или фарба, не гледам некоја голема штета. Имам читано доста околу ова и никаде не постојат фактички докази дека влијаат ваквите работи штетно на плодот, не е успеано да се докаже. За пораѓај единствено знам дека не треба да се има ништо на нокти, зошто бојата на природните нокти може да покаже потенцијален проблем ако има, но и ретко кој доктор ова го кажува, барем кај нас
Zdravo devojki, ve molam za pomos.. pred edna nedela ispituvav beta hcg vo plodnost vrednostite mi bea 1222, deneska prativme na klinika vo skopje i mi stigna rezultat ama stoi beta hcg vo tumorski markeri... ima li i nekoja isto vakvo iskustvo?
Женчиња и јас со прашање... Болки како менструални си имам секој ден, некогаш помалце, некогаш ми се појаки, знам имав во првата бременост, ама не памтам дали е нормално да ме боли некогаш повеќе и иако се издржува.
За ноктите си скроз во право. Се оперирав пред неколку години и имав обичен лак. Ми рекоа прво да го избришам, па ќе ме внесат во операциона сала. И така во 5 за 12 ми купуваа ацетон и памук