Исто и јас овој пат имам повеќе и почесто отколку првиот, можда дека бев со цезариа, седнување станување осеќам на секое пецкање
Да така стои, јас правев на ГАК и си стои тумор маркери Не се секирај така им е означено, ништо не значи тоа, битна ти е вредноста
Нормално е, јас бев и на дежурен една вечер кога ми беа појаки, се си беше супер и претпоставувам се случува. Јас последните 2 месеци имам премногу енергија и не знам да седнам и ваљда се преморувам. Од друга страна, тие што одмараат еднаш ќе се прошетаат и губат енергија. И во двата случаи ќе имаш болки. Така да, пиј си магнезиум и не му ја мисли многу.
Фала ви. Ништо не пијам освен фолна до утре. Утре сум сабајле на гинеколог едвај чекам. Што ќе ми каже он да пијам тоа и ќе пијам и тоа ќе правам. Ми ја знае историјата со претходната бременост и ќе знае што се да ми препише. Фала ви пак најмн
Здраво женски.. За фарбање не сум се фарбала никогаш во животов, решив кога ќе ми подбеле косата да почнам, досадна сум знам. Ноктите цела бременост 2 пати сум ги налакирала за свадби, ме мрзи да правам бриши излакирај цело време, а таман кога останував трудна почнав редовно да си ги правам со гел ама престанав. Инаку 38+3, конечно ми направија цтг за прв пат. Не го разбирам, ми рекоа само за 2 дена пак да одам. Се надевам малиов се спрема полека барем следна недела конечно да се запознаеме .
Еве, има цик цак линии ама ми рече една другарка требало на планини да личат, да не се волку шпицести
Јас не сум експерт ама според ова што ги читам феминките последниве месеци имаше доста случаи што се породија вп твојата недела и се е во ред со бебињата Не дека ти ке се породиш сега ама и да дојде до тоа и според мојот матичен бебе е веке спремно во овие недели, само што ако се породиш сега ке треба да поседи во инкубатор по протокол (ништо страшно) А исто ми текнува дека некој имаше пишано за да се зголеми количество на плодова вода да се јадат суви овошја и да се пие мн течност посебно вода. Јас се надевам дека ке биде се во реди ке си истерате бар до 36та а и да дојде до предвремен порогај биди смирена и слушај доктор, и мора се да биде добро
@elenaklasik германски филм.филмот не беше ништо посебно ама глумецот како глумеше не пукна. за фарбање и нокти ми беше шубе да правам, ако сакам може да се лакирам. Само педикир направив доле летоска во мк и него го извадив полека полека. Ако правите кај некои проверени и што работат чисто и дезинфицираат. за чистење низ дома чистам со средства и шолја и умивалници и под и во кујна. Само туш кабината и кадата ја чисти мажот ми дека треба да се оптегам многу а и ептен ќе ми смрди од средствата. Другото јас набрзина го средувам денес сум многу изморена. Од вчера почнав дома генералка да правам. Вчера и денес спалната ја чистев шкафови, под спална, мм тргнуваше спалната шкафови. Со правосмукалка пајажини по Ѕидови и таван, и врата бришев.Ми остана уште прозор да избришам ама тоа утре. Па се селам у друга соба со чистење. Капната сум цела преуморена.
Јас си пиев и магнезиум од тие во кесички што се. И уште пијам секој ден по 1 кесичка. Мислам дека нема штета тоа.
Ќе личат кога ќе дојдат вистинските болки Ова се туку речи лажни, ѓи има ама и ко да ѓи нема Кога ќе бидат вистинските, и кога ќе оди тоа нагоре до 10-ка, а ќе му треба долго време за да се спушти надоле (како што ти рекла другарка ти како планина ) тогаш ти ја посакувам целата леснотија во пораѓајот
Ќе може ли некој да ми објасни што е финтата со лакот за нокти? Цела бременост се лакирам со месо боја лак. А прв пат слушам дека не чинел лак во бременост.
Не не, далеку од тоа дека не чини. Во случај на анестизирање треба ноктите да се чисти. Има врска со онаа штипката на прст што ја ставаат, стварно не знам точно да ви објаснам како што
Денес цел ден се возиме со кола со маж ми. Поминавме 300км. Стомакот ме скина, ме сече на средина, како да ми се оптегнува на моменти и доле во јајници ме боли, како грчеви. Дали е од возењето?? И бебево немирно цело време, може му смета возењево?!
Тоа е многу пат а ти си веќе 38/39 недела бебето ниту има толку простор во стомакот , а и толку време врзано во каиши во кола му е напорно. Истуширај се ако земаш уште магнезиум напиј се легни и диши правилно пробај да го олабавиш стомакот. Мене докторот ме советуваше во последните недели да повнимавам на себе колку и добро да се чувствувам да намалам на моите активности.