И јас имам дома. Само пази да не те гребне и тоалетот друг да го чисти. Нормално и да е вакцинирана мачката. Мојата како да знае дека сум бремена само се гали од мене.
Женски, пред 2 недели правев микробиолошки, и испаднаа супер, ѓи направивме оти ме чешкаше доле. Е сега после тоа она ме намачка со некое си плаво нешто, и јадежот се смири,ама се јави пак за 2 дена, не е многу не е често , ама пак.. И денеска кога се средував, забележав 2 топчиња, и малку бели. Пошто е 2 смена, одма и пишав на вибер да видам што ќе ми врати. Сакав да прашам некоја дали знае дали чула за нешто вакво.
Добро утро мешиња. Денес толку многу работа ме чека, ама и мрза ме фати уште рано сабајле. Сакав да пуштам машина, да мијам садови, да испразнам еден шкаф за алиштенцата на ќерка ми и елката да ја накитам.. немам сила за ништо. Доле ниското многу ме боли, уште од синоќе, како пецкање некое, можно е и јајниците да сум ги преладила, кажете чаре. Да ставам во шише топла вода, замотано во крпа и да ги топлам малку??
Ја сум осма и мене исто вчера ме болеше нешто како грчеви но немам силаа за ништо сега ја чистам кујната и одеднаш немам силаа секој ден иста песна незнам што да правам да имам повеќе сила
Истоооо но 27 недела сум и уште одам т.е.се влечкам до работа, немам енергија воопшто. Може железото ни е паднато. @Starlič одмарај завиткај се со ќебе. Нели треба да одиш на цтг во 38 недела или грешам? Ако одиш советувај се со гинеколог
Рано ми е јас сум 8 недела и јас сакам да одмарам се да ми е средено ама ете неможам ни креветот да си го средам ќе пробам лимон цеден со вода може ќе ми даде енергија
@Scorpio87 Од синоќе вака почна да ме боли, следно цтг ми е во понеделник @Jana06 јас чував маче ама ми побегна, чувствуваат тие се. Еве ти некоја слика да видиш моето што правеше додека го имав, се надевам мислењево нема да ми го избришат.
Знам како изгледа тоа, не е тоа..се наоѓа внатре. Читав на нет..и гледав слики, испаѓа дека се вагинални цисти, кои се предизвикани од пораѓај. Ништо страшно не е , само кај мене се навнатре во вагината.
Само шо ми врати докторката, ми рече да ставам Polugynax или како и да се викаат, по едно навечер. Чим не рече да дојдам, не е за паника. Него колку пари се тие вагинални , знае некој ? Секако кај неа сум наредна недела.
1 пакување од 6 беше над 300 денари, а обично дозата е од 2 пакувања, односно 12 вагиналети. Мене многу ми помагале тие, супер се, ама поскапички малце.
Почеток на бременост си, нормално е да имаш умор. Одмарај колку можеш повеќе. јас ги користев у прва бременост тие ради белото прање. Ne se sekjavam kolku pari bea, ама една недела ги ставав.
Не се форсирај, такво е првото тромесечие. Одмарај, голема работа ако креветот не го наместиш перфектно. Кога ќе имаш повеќе сила, тогаш сама ќе осетиш дека можеш да сработиш повеќе. Слушај го организмот и одмарај.
Многу е рано за да ти каже,може покасно си оплодена не се паничи со тек на време ке се изедначат неделите со тежината на бебето и најреално се гледа на 2 скрининг. Јас сум иста ситуација според циклус сум 2 недели порано. Со среќа и уживај.
Мене често да, и непцата ми крварат безразлика што користам сензитив Лакалут, труднички сме ке трпиме
За непцата земете си мека четка, јас користам ултра софт од Curaprox и не ми се случило да ми крвават, а супер си ги чисти забите.