Молам Инаку заборавив да ти кажам исто, пред 10 дена кога станав од спиење имав некоја болка чудна долу кај вагината и кога се фатив како нешто тврдо и одам во тоалет и гледам едната надворешна усна или како да објаснам не знам потечена и ме болеше на допир, а тоа беше после вагиналетите, веќе ги бев искористила и после некој ден ми се јавува ова. И затоа отидов во аптека и го зедов спрејот и се повлече за 2-3 дена, сега ништо нема си дојде во нормала. Истото ова го имав и во втората бременост, само другата усна ми беше отечена и тогаш гинекологот ми рече со камилица да се одмивам, ми помина и од камилицата, ми рече тогаш се сеќавам кога и се јавив дека бебето притиснало на некој нерв доле и од притисокот дошло до тоа и ништо страшно. И така и беше. Ама језиво е да ти кажам оти до сега само 2 пати ми се дешава оца и тоа и двата пати во бременост, така да не се оптерерив овој пат воопшто зошто и како. Помина и тоа
Сфаќам, сега ти е досадно сакаш да правиш и други работи а некои не можеш. Јас не го пишав ова во смисла дека ми се смачило или дека не ми е ова битна обврска. Едноставно понекогаш кога син ми се дере и урла како да се наоѓа во џунгла, кога не можам да одам во вц па мора да го носам и него со мене, кога не ме остава да јадам а не пак филмови и серии да гледам, кога нема кој да го почува на 1 час за да можам на мир да се истуширам и да се средам малку тогаш си помислувам колку ми било убаво додека бев бремена и лежев а јас се жалев. Тогаш се жалев а сега што да кажам.
OK, ne rekov deka ne ti e bitna obrska no za deteto se ke istrpime, toa e takov e zivotot na majkite vo isto vreme rados lubov I maka
една е мајка! да ми е жива и здрава 100 години ми дојде на гости , со поклони, ми купила 5 пара блузи-туники, еден пар хеланки и фармерки со здравје да си ги носам
Хахахаха иста е и мојата. И во такви моменти сфаќам колку заборавам што значи мајка. За сите имам време, на сите ќе се јавам, секого ќе ислушам, а неа за крај ја оставам пошто нели мајка и ќе разбере. Сега? Сега не можам да дишам без неа, и' се жалам како мало дете. Многу ми е криво што цел живот не сум издвојувала најмногу време за неа.
@Jana06 изгледа кога ќе станеме мајки ќе сватиме што значи да се биде мајка, ќе ги сватиме нашите мајки дури тогаш, како ни мислеле само најдобро секогаш и се грижеле за нас!
Мене ме гребна несакајќи и ми пушти крв малце, одма со хидроген 3% дезинфицирав, и здраве намачкав, вакцинирана е за се мачката, чиста е, се надевам нема да ми се случи нешто лошо и мене и на бебо , многу ми е страв значи баксуз невиден сум изгледа во се
Мене во првата бременост ми отекоа усните, ама од кога имавме нешто, се одмив со ладна вода и ми се смирија. Излеа ради јак крвоток, после разбрав многу жени си имале мака со потечени усни, и не ради секс него општо им потекуваат, ете може ради тоа што го наведе ти бебето ако притиска на нерв. Сеа за еа немам такво нешто.
Мешиња имам едно прашање,денес на контрола докторката ми препиша вагиналети,биле многу ефикасни за кандида поточно Canesten 3 пишува на рецептата. Сакав да прашам ако има некоја од вас што ги користела од каде ги набавила дали бугарија,грција или сл.. Најдов и слика некоја еве..
Па јас уште не проверив зошто она рече ги имало ама сега веќе не.. па викам да прашам. Сега брзо ги земаше ти??
Хм не, кога ќе размислам последен пат имав кандида во март некаде мислам, не најдов вакви, земав Микорил, што се замена за овие поевтина. Ама ми помогнаа и тие.
Не, мене ми се појави така одеднаш, не поради секс. Којзнае, се нешто може да се случи, чудна работа е бременоста...
Ги има во Грција, околу 5 евра се мислам на приватно идат, има со 1 и со 6, со 3 нема, ги имам користено неколку пати затоа ти кажувам.
Девојки страшна главоболка имам, 9та недела сум, што може да ми помогне? Пиевте ли некакво апче или чај? Можеби некаде пишува ама не би можела да барам сега, па си реков најбрзо вие ќе ми кажете.
Мери притисок, ако ти е низок пиј течности, јогурт со сол... јас ради нискиот притисок имав главоболки
Здраво стари и нови мешиња! Дај Боже да ве има се повеќе. Јас наминав само да ве гушнам и поздравам, чекајќи да заѕвони алармот за последен оброк за бебите па да одиме во хоризонтала со мм Секојдневно растат моите сонца, растам и созревам и јас со нив. Постигнав поврзаност со двете бебенца, аххх, колку се само во исто време и слични и различни. Секој е посебен на свој начин. Со мм од секогаш функционираме убаво ама сега на некое друго ниво е нашиот однос. Убаво, многу убаво се чувствуваме... Домот ми има една посебна светлина и миризба. Нашата кутивка од одвај 60м2 блеска од убавината во неа. Секојдневно ми кажува дека сум добра мајка и дека прекрасна е мојата грижа и нега за нашите две дечиња. Секојдневно се заблагодарувам на Господ за ова што го доживуваме. Галете мешиња мајки, многу бргу доаѓа времето до првата средба.