Не те знам а како да те познавам.... Толку убавина имаш во постовите што мојата душа и срце се полни од мерак за вас 4ца и дај боже цел живот да сте така сплотени и секаде Бог да дава здравје мир љубов полни раце дечиња и сплотеност
Здраво мешки. Утре сум на преглед на ГАК и дури сега почна нервоза да ме фаќа. Имено, на прегледот во 36+ недела мешето на бебето одговарало за 34+5 дена. Следната недела 37+, си беше пораснато соодветно, а во 38+ ми рекоа одговарало на 34+6. И цело време ме гледаа различни докторки и секој треска што му дојде. На прв преглед викаат тежи 2600, на следен 3 кила и последниот 2750. Кој знае утре кој ќе ми се погоди, само си се демантираат едни со други. Господ нека ни е на помош, јас морав некаде да се искажам, се надевам утре ќе се контролирам да не се испокарам таму . Лека ноќ на сите што спијат .
Ајде да ве позз и јас со мешко мој немирен, клоца како мислиш на тренинг е 27 недела стигнавме и уште не ми се верува дека сум во трето тромесечје, некако бргу ми поминува. Киселини ме убиваат, да не е Рупурут не знам што би правела. Болки имам во препони, на моменти и на срамната коска, колковите, ехееее. Почнав да купувам шпикозни, денес и плик пешкирче купив, маж ми е флегма, има време има време ама па и нема, многу работи се за купување. Ве гушкам мешиња и добра ноќ
Бевме на прв скриниг денес. Го видов сонцето мајкино,тек сега сум свесна дека сум бремена Се е во ред, докторот рече подобро не може да биде Се вртеше, мрдаше со рачињата,ноџињата. Се стоопив На претходната контрола се мерев имав 44кг, на оваа 47кг. Многу се 3 кг за 1месец? Докторот ми рече да не се грижам дека мене секако ми фали килажа, ама па не знам, да не стигнам до 90кг до крај ми е страв
Мешињаа, се породив вчера со царски. 3.350 момата 48 цм. Вчера малку се видовме, чекам сега пак да ми ја донесат
@Kate Rina 93 уживај , не се грижи воопшто за килажата. Јас првите два месеца ставав по +2 кг и докторот почна да ме кара , да пазам , да внимавам , а јас не јадев којзнае што потоа па последните два месеца не ставив ни едно кило , ама важно бебето си растеше со 50 кг ја почнав бременоста со 62 ја завршив
Добро утро. Само што се вратив (ни јас не знам како) дома, го однесов син ми на школо и враќајќи се имаме една угорница за дома ни мала ни голема, 5 мин.од дома е и пешки одам секој ден го носам, леле луѓеее ко ми се сврти, ко ми се слоши одеднаш одејќи, а одам скроз полека оти е угорница и да сакаш не можеш да трчаш, нели, ама ова беше нешто за никаде, прв пат толку да ми се слоши, ми се сврте, одам и се занасам, а веќе пред врата стигнав и вадам клучевите и не можев да отклучам влезната врата, седнав доле на земјата, се раскопчав, жива вода бев, немаше па никој околу иначе ќе викнев некој мислев готова сум..... страшна работа,, прв пат ова ми се случува, вака ни во првите недели не ми е било, што и како беше не знам стварно. Ми помина за 2-3 мин. и станав си дојдов дома. Еве сега легнав и си го држам стомакот да ја осетам куклата мамина, рита ли рита па она, како да знае што се случува. Офф Боже мили, арно вика маж ми за секунда не знаеш што може да се деси, некни залепил во хол еден голем лист пишал и тоа со големи букви да се видат од авион, број од мама, тато, прва помош и полиција и му кажува на син ми, му вика да знаеш кога ќе сте дома и ако нешто се деси на мама да знаеш што да правиш, на кој да се јавиш...му се смеев му викам лелее бе па и ти што го учиш детето, што може да се деси, ми вика се нешто може и поарно да е спремен да знае, отколку да се испаничи и да не знае што да прави во моментот. Офф маки човечки, ете каков ни е животот
@Kallias2 ќути поминало, важно сте добри. Добро е така што го учи татки му, не дај Боже да притреба,.ама ако се знае. Колку пати и јас, заврти се удри се на нешто, вчера во отворено вратниче со челово се зедов, уште малку џумка па не излегла..или внимавај и пак ќе се удрам, ќе се засркнам. Навистина, не сфаќаме некогаш дека од мала работа, од обично движење, беља може да се направи. Скраја
Дали вистина е ако трудницата има киселини, бебето ќе се роди со коса? Ова спаѓа во делот на бабини-деветини, ама живо сакам да знам дали има вистина. Мене таквите верувања не ми се логични, бидејќи некои трудници се жалат на киселини мн порано, а коса се формира околу 26та недела, значи, би требало да се појават последното тромесечие?! Исто така вчера слушнав од свекиче дека ако ждригала трудницата, ќе имало косе бебето. Јас подждригнав пред неа и тоа ми го кажа, не ѝ велам, кисела вода се напив, затоа, таа пак упорна, а пак маж ми јас исправа, а бе за киселини важи тоа.
Во првата бременост немав воопшто киселини, бебе се роди со мн коса. Во оваа повторно немам, па ќе видиме дали ќе биди со или без коса.
Јас со првото имав киселини во 8ми месец и се роди со коса. Мајка ми имала многу киселини со мене, келава до 2 год сум била. Значи нема везе. @Kate Rina 93 дај боже кај сите нас да е така лесно мила. Да не спомнаа нешто за пол? Мене уште на скрининг за првото ми кажаа дека е машко . Сите освен мојот матичен де. А за килажа, јас од 65 завршив бременост со 95. Среќа висока сум не се познаваше многу, инаку мав работата ќе беше. Ама како ме породија мислам се извадија од мене. Добро де, скоро се. Оваа бременост ја почнувам со 71кг и 90/60 притисок. Зстоа сум ко утепана. П.с. кога ќе се породиш ќе ти зафалат килограми од неспиење и сл, е тогаш има слим да се сториш.
Те видов дека си пишала овде и си велам- Боже женава уште едно бебе да не има во стомакот @фина96 честитки
Јас се истурив од повраќање до 17-18 недела,батково се роди со коса за фризура. Ама и јас не верувам во бабините деветини,зошто и мене во апликацијата ми стигна околу 7-8 месец дека тогаш расте коса.