@фина96 Живо и здраво нека е @LadyC веднаш го прашав за полот. Рече рано е, не се гледа. Ама и таков е докторот, ако не е сигурен не кажува. Па ќе чекам следна контрола за 5 недели. Или во меѓувреме ќе идам кај матичната да видам што ќе каже
Не се грижи мене куче ме имаше гребнатo дoдека бев бремена. Стаj алкoхoл. Мoжеш магнезиум да пиеш, jас тoа сум пиела. Нема врска jас немав ич, бебе ми се рoди сo кoса
Поштувам доктор што не тресе од ракав ако не е сигурен. Ќе знаеш ајде, нема кај да бега. Ви кажав дека овие три дена само ми се повраќа цело време? Катастрофа сум, гасови полна, мачнини по цели денови и така натаму. Дека нели, ништо не осеќав.
И јас од недела 27ма полна,трето тромесечие вау..ама брзо летаа Јас цела бременост немав киселини и незнам како изгледаат да се надевам дека нема да се појават,иначе со срамната коска се намачив,доле се ме боли и препони и колкови и свашта како 100 кила да тежи стомакот. Поготово во спиење се укочувам и многу е тешко за вртење ама арно е барем спијам Иначе за купување немам ништо јас купено,други ми купија така по некое боди, а маж ми исто рано е па рано е...
Киселини имам и јас, во животов мислам 5-6 пати дали сум имала и тоа од одредена храна, сега нема од што немам.. Иначе цтг овој пат си го разбрав сама, рамна линија синко абер нема. Минатиот пат повеќе преташе може затоа покажало некои контракции. Прашав за мерките, испадна џабе ме испаничила таа во средата. Вистина е дека бебе е малку помало од неделите, околу 2900 е сега, ама друг проблем нема. Протоци ок и вода имам доволно. Следна контрола за 1 недела, 2 дена пред термин, ако не му текне да не изненади порано. Убав ден мешиња
Да се надоврзам со муабетот за киселините и косата. Како влегов во 9ти месец се истурив од повраќање и ме убиваа киселини секој ден секоја вечер и беба стварно се роди со густа и црна коса... иако кај мене така се погоди јас не верувам во такви работи
@LadyC и јас бев како тебе.Прво мачнини, Па после тоа си почнав и да повраќам. И така. Уште повраќам,поготово од сабајле. Се надевам штом влезам во 4ти месец ќе прекинат мачнините и повраќањето. А еве имам пријателка, исто сме со неделите. Таа само мачнини има, ниту еднаш не повратила до сега
јас почнав во 18 благи клоци да осеќам ама не бев сигурна зашто 1 ми е а сега оро игра ми се чини хаха инаку сега 22 недела
Здраво феминки, јас денес требаше да правам 3-4 испитувања на крв (скриен шеќер, крвна слика, токсоплазмоза...), ама како што ми е пореметен сонот, цела сум заборавена и изгубена. Не знаев ни кој ден е, само бев гладна и гледав да си каснам нешто. За утре остануваат испитувањата. А сакав да се консултирам која мокрача ја носите. Во смисла да речеме во 4 се будите и одите во вц, па да речеме во 7 пак одите таа најпрвата или не? Во осум отвара утре лаб., и како што знам мокрачата не треба да стои подолго од 2-3 саати во чашата. Поздрав
Не се секирај за килажата, само припазувај си на благо и тесто бело. Јас исто така првите три месеци имав многу апетит, и си јадев без мера и качив 4-5 кила може што не е малку. А после си ставив ред и си ја одржував тежината, јадев помали оброци, благо ептен ретко, повеќе шетање и ете сега 25 недела имам 5-6 плус (од првичната, од пред бременоста).
Јас со аларм се будев во 3-4, па после 4 саати отстоена мокрача таа од сабајле ја носев на испитувања. Тоа за уринокултура, а за обична урина не можев овие церемонии да ги правам па си одев таму во лабораторијата во тоалет и тој примерок го оставав, од сабајле дома нормално мочкана . Ама за најверодостојно подобро е прва утринска, односно ние трудници колку сме можеле најмногу да ја дочуваме .
Кај кој доктор одиш во систина ,јас сега во среда на 18 ти сум на прв скрининг исто во систина .Инаку и јас сум иста со мачнините од старт имам мачнини а од пред 2-3 недели почнав и да повраќам секое сабајле како ритуал ми е станувам се мијам се спремам и се вратам да исповратам додуша незнам баш моево не е класично повраќање значи нагони почнувам да повраќам да се давам некако и само плумка и жолтила повраќам ,плус неколку пати во денот истово се повторува мачно е ама се тешам дека наскоро ќе завршат мачниниве па ќе биде полесно .Имам едно прашање за тие кои ви е втора бременост дали за разлика од првата бременост овој пат стомакот некако порано почнува да се познава ?
Да, мене уште пред да дознаам дека сум бремена ми беше подуван, како кога очекуваш да добиеш и нели се подувуваш во стомакот и после штом добиеш спласне, е така ми беше, само што мензисот никогаш не дојде, а стомакот си остана надуван и од ден на ден се повеќе се дуваше, а уште почеток си викаш лелеее каде ми е крајот
@elcezelce Исто и кај мене цело време надувам ама сега више 12 недела и почна по малку да ми се познава и јас си викам каде ми е крајот.. со првото бе до 6месец ко манекенка бев а сега сум како со првото во 5ти
Да Елче, многу порано почнува да се познава во втора бременост. Некаде во 14-та веќе имав мешенце овојпат, а во првата бременост до 25-та недела не се ни приметуваше дека сум трудна. Сега изгледам како кога бев со малата пред пораѓај, а сум тек 7-ми месец. Среќа па само стомаков расте, друго не
Баш така мислам дека стомаков сега ми е голем колку со првото во крај на четврти- петти месец негде . Јас па си мислев дека само мене ми е волку голем си помислив леле до крај кој знае колкав ќе ми биде
Ооооо за голем стомак се збори..... втора бременост, близнаци Се познаваше стомаче уште тестот кога го направив На почеток на 6 месец сум, веќе е голем како во 8 кога бев бремена со малиот. Дури и ме плаши до кај ќе расте Од една страна нормално дека сакам што покасно да дојдат бебињата, ама кога ќе се видам во огледало и ќе ми текне дека допрва ќе почнат забрзано да растат....