Поздрав и од мене! Денеска ја имавме последната контрола на гинеколог. Ми земаа брис за стрептокока, го видовме бебушко на ехо, спиеше, но беше многу убаво наместено со лиценцето. Јас ќе имам син со најубавата уста на светот, буценце на мама! Резултатите од брисот, во среда. Се надевам ќе биде негативен како и претходните брисеви. Закажавме контрола во државна (ЦТГ) на 12-ти, па со Господ напред бебушко од 6-ти март кога и да посака може да го види светот. Имам доволно плодова вода, постелката е добра, не би требало во скоро време да се породам, но ништо не се знае. Уште ги примам инекциите, останаа уште 10 на број. На трансфузиологија закажавме контрола на 31-ви март, иако до тогаш би требало да се породам, сепак морам да отидам да направам уште една, последна контрола. Тешки сме скоро 3 кг. со таа килажа +/- 200-300 грама би требало и да се роди бебушко. Докторката задоволна, јас уште повеќе. Критичниот период на предвремено породување го пројдовме. Сега останува да чекаме. И да, возбудена сум, исплашена сум, но едвај чекам да се сретнеме!
Здраво мешиња ние сме добри растеме малку овие дена дека ми е променливо времето ми смета ама ќе помине,се спремаме месецов за брисеви и за prisca,наредна недела сме се надевам дека се ќе биде во ред како ми сте сите вие убави мами ве поздравувам
Тигарче, ние сме во иста недела за Приска, се надевам дека ке имаме супер резултати Поздрав до сите големи и мали мешковци
Поздрав и од мене мамички , ние си бевме на котрола си го видовме сонцето малечко клоца игра ли внатре што прави само тоа си знае, мнооогууу претка ми го преуредува стомакот поготово кога седам и навечер кога лежам , докторица ме израдува дека темпераментот ќе си го покаже и кога ќе излезе на бел свет така да ќе биде весело тешки сме 3 кила сме пораснале, сега за сега е мирно море без возбудувања а како ќе оди понатака ќе видиме, остана уште многу малце едвај чекам да си ја видам буцка и обравчињата да и ги изгрицкам по дома се спремаме преуредуваме местиме чистиме ...... се за бебувче имајте убав ден и уживкајте галејќи ги мешињата
Одамна немам ништо пишано,а редовно ве следам. Гледам има и нови мамички,честиткиии Ние сме се поблиску до денот Д,а веќе планирам и да си ја пакувам торбицата за во болница. Една девојка,со која бевме разлика 2 недели или 3 пред неколку дена се породи, па си велам подобро спремна отколку неспремна. Инаку денчево е совршено за шеткање,па мамички испаднете си надвор и прошетајте ги мешињата, и јас најверојатно така ќе направам. Ве поздравувам сите
Јас кога читам дека имате спремано, малце паника ме фаќа Ништо немам ни купено ни спремано, некако рано ми е ќе почекам уште малце од другата недела ќе почнам со шопинг (а веќе 2 недели викам од другата) А искрено се надевам дека бебушќо ќе си поседи подолго оти ако му текне да излегува пред 5 април, ќе ни пропадне породилното Ве поздравувам сите, се читкаме
здраво феминки јас сум нова на форумот 9 недели сум бременаа,да прашам дали може да се иде на заболекар да не е штетно поздрав
Мислам дека до 12 недела не смее да се поправаат заби, но најдобро да си го прашаш матичниот гинеколог. Јас поправав еден заб, без анестезија во 7 месец
Доколку не се користи анестезија или антибиотоци може, дури после 5 месец или 6 се препорачува да се насправи контрола на забите и да се реагира на време доколку има потреба.
Мајки едно малку необично прашање (да не речам глупаво): некаде на форумот прочитав дека пред да одиме на пораѓај да се најадеме па и нешто благо да каснеме за да имаме сила, а на др.места се препорачува да не јадеме за полесно да делува чепчето за прочистување...па ме интересира вашето мислење, јас сум веќе 38.4 недела ситно бројам....
Rusi драга ме фаќа малку паника знам дека се ќе биде во ред,ама знаеш ние девиците за се сме големи паничари имаме prisca и микробиолошки друго имаме??? незнам дали и пап да им кажам да правам зошто над 1 год.не сум правела што викаш ти? докторката ми вика не е препорачливо ама како сакаш ти демек ако има нешто на микробиолошките брисеви излегува поздрав душо се надеваме и очекуваме заедно убави резултати па и заедно одиме на породување
Мамиииии почнаа да ме фаќаат паниките хехех.Денес бев во Плодност на редовната контрола, се си беше најдобро но некако како се ближи времето се поголем е стравот...А си мислев нема да паничам, нема да се плашам ќе бидам силна мама но ете некако не успевам... Се надевам е период и ќе ми помине хехех
И јас на тоа се надевам ама незнам еве ти си поодмината што се вели на крај па те фаќа, ама ајде ние можеме се .Жени сме и ќе издржиме а откако ќе го видиме нашето срце се ќе заборавиме.Мисли на прегратките и љубовта која ќе си ја имаш со бебето и се се заборава и радост ќе ти дојде на душичката.
На мене пак на вежбите ми рекоа освен вода ништо друго, откако ќе ти почнат болките се разбира, и со текк на породувањето се намалувало и внес на вода.
Синоќа сум сонувала како се пораѓам, сонот беше толку реален што еве од сабајле не можам да го исфрлам од глава. Толку ми делуваше сонот реален, дури и болките и напнувањата ко да беа вистински. Со две напнувања сум си ја родила бебушка, но не ми ја дале да си ја видам, одма ја однеле да ја средуваат. Кога се разбудив, неколку секунди како уште да бев во бунилото од сонот, ги осеќав тие постпородилни болки, ме болеше цело тело. Кога убаво се разбудив и сфатив дека се е само сон, болките ги снема. Оф Боже, никогаш не сум се трудела да размислувам и да се интересирам за искуствата во врска со породувањата ама ако сонот ми наговести што ме чека, малку почнува да ме фаќа страв. Сабајлето си го мијам лицето во купатило и размислувам за сонот, ми затрепери срцето од страв, но еве сега пробувам со ладна глава да си дадам кураж дека не сум жена ако не го поминам и тој пат макар и макотрпен. Очињата на моето бебуле најдобро ќе ме научат како се заборава на секоја препрека и едвај чекам да ги видам
Posle mala nezgoda zavrsiv edna nokj vo bolnica. Srekja so bebeto e se vo red. Ctg ne pokazuva bolki ima uste vreme da pomine od povredata ima mal hematom na placentata ama ne e strasno O da pomine denov vo red vecerva si odam doma
аман MacenceEna чувај се колку можеш незнам што се случило али ти посакувам побрзо да помине и да си одмараш наскоро дома