Лелее кој страв и паника ме фати сега.. Дали ќе знам бебето да го избањам, дали ќе знам кога е гладно, дали ќе знам да му помогнам.. Дали ќе знам да се снајдам сама во улога на мајка??
Нормални стравови се тоа кај сите, посебно пред прво дете Дел од работите ќе ги знаеш сами од себе, другите ќе ги научиш за брзо време Се ќе биде во ред, се ќе научиш и ќе бидеш супер мајка, нормално најдобра за своето дете Опушти се малку
Жени доле под стомакот некаде ми се стврдна местото под папок доле кај јајниците негде и почна јајникот да ме боли наеднаш и половината за некое кратко време престана, нормално ли е? 19+2 сум, се исплашив малку, читам на систина страната околу 20 недела се појавувале лажни контракции, се надевам тоа е.
Јас 19+5 и баш видливо ми се познава стомачево, надујано како топче ми е)) а на вечер пак, уште повеќе и заприметувам многу луѓе што не знаат дека сум бремена им паѓа погледот на стомакоов. Ако носам тренерки и пошироко можи не којзнај колку, ама со туника-скрос се познава
Кај Никола Панчевски одам. Супер е докторот сега за сега Инаку за повраќањево и јас така ко теве повраќам ,жолтила,плумка. Најверојатно дека штом станеме повраќаме ,па нема што да се поврати. Ќе издржиме За стомаче имам јас мало,се познава ако носам тесно нешто. Претходно бев ко даска во стомакот,рамен беше. Сега се познава мало стомаче, а 12та недела сум
Ве молам некој ако знае што значат ознаките од првиот скрининг NT, BPD, CRL i NK+ ми рекоа дека вредностите се ок ама сакам да знам што уствари е мерено и дали е ова се што се опфаќа со првиот скрининг како мерки
Да да , ептен порано, баш некна ѓи пишував симптомите во една тема, тука на фемина..и спомнав како си го гледав секој ден стомакот ( од пуста желба да се врати скроз во нормала) и наеднаш заптриметив како доле ми е подуен, си викам аман бре оти е вака како мал балон со вода Иначе сумњав на бременост затоа што имав многу гасови, мокрење, поспаност и само гадење. Па од кога го напрвив тестот сфатив оти ми е така подуен ( над бешиката), а после иато така порано почна да ми се сеќава одошто од прва бременост. Во втора веќе е се друго.. и поизразено..
Јас 32 недела сум со близнаци и огромна сум прав слон 20кг +и повеќе не можам да се поднесам ни можам да се соблечам ни да се облечам ни да станам ни да легнам но уште малку ќе издржам
Ќе му даваш да цица секогаш кога отвори усте или пушти глас, температура за бањање ќе мериш со термометар за бебиња (на нив има означено), ќе мењаш пелени за да го расониш за да цица убаво плус во почеток какаат цел ден, и ако веќе не знаеш што да му правиш а плаче ќе го ставиш на гола кожа или ќе му пуштиш бели звуци, другото време ќе пиеш вода и чаеви за да имаш млеко и ќе слушаш фантастични совети од сите околу, на пример ладно му е кива или рацете му се ладни, слабо ти е млекото, ретко ти е млекото, нехранливо, јади повеќе, пак ладно му е на бебето, и така додека изнаслушаш се од глупости ќе сфатиш дека си станала фантастична мајка. Второ чекам па пола имам заборавено, а за првото не се ни сомневав во себе а поим си немав. Го окркав малку у почеток ама после станавме тим. Читни некој совет за новороденче, не е на одмет
Јас приметив дека жените приметуваат и загледуваат а мажите поима немат. Јас на некои мои колеги, во иста канцеларија што работиме им кажав во 24 недела и беа зачудени, ништо не виделе а секој ден се гледаме
Женски јас го испив тоа шербетот, и морам да кажам дека очекував и полошо да биде. Топло благичко, се издржува. До пола чаша без проблем, а после малку потешко. А кога одев накај клиниката се плашев ако повратам што ќе правам, ќе треба во пон. пак да одам
Јас сега сум во двоумење за втор скрининг. Претходно пишав, матичната ми рече да појдам за следно ехо кога ќе сум 23/24 недела, ја прашав претходно дали има некој скрининг а таа рече не, после е за срцето околу 24 недела. Се јавив на приватно (во Плодност), тие ми рекоа втор скрининг прават од 20-22 недела. Од утре влегувам во 20та (а ме водат и како да е една недела понапред) а јас сум слободна само во понеделници. Па се думам,дали да закажам за овој понеделник (другиден), или да оставам за другиот понеделник (тогаш ќе сум 21 недела односно 22 според тоа што сме понапредни). После веќе празници, а и ќе ми заврши 22 недела....Стварно не знам како да направам )) Се мислам другиден да не е рано дека одма влегувам во 20та баш претходниот ден.....Некој совет, друшки ?
Мислам нема да ти биде касно , мене ми закажаа на 22+1 во ремедика кај Котларова, но нека кажат поискусниве
Девојки 25+2 сум Деновиве некако многу ми е подуен стомакот и тврд на допир, осеќам и болка доле ниско а посебно кога се движи бебето секогаш удира ниско доле и ми прави притисок и почесто мокрам Бебе малку послабо се движи некако од пред една недела. На преглед сум за 10 дена Не го можам магнезиумот никако можеби полесно ќе ми биде за болките
Некако претпоставив дека одиш кај него затоа и те прашав ,иначе одличен доктор е мене ми ја водеше првата бременост и сега вторава пак одам кај него .Инаку него немој да го прашуваш за полот зашто така ќе ти каже тек на скринингот во 21 недела .Јас со првото ми кажа сам во 16 недела , а другарка ми исто водеше бременоати как него и во 16 го праша и и се насмеа и рече почекај до следниот преглед тогаш ќе ти кажам .Да си го слушаш се што ти кажува нема да згрешиш да знаеш