Земи си магнезиум 400 +Б комплекс, во кесичка во прав е, само го истураш во уста и готово. Делува одма, ако имаш контракции можеш по 2 на ден,јас така правам, сабајле и поручек или вечер ( зависи ако одиме некаде по гости или кафана) тогаш го пијам, да ме опушти оти седам на стол и е мачно.
На работа сум и седам по 8 часа во канцеларија, затоа и мк е потешко малку Ќе се обидам после да испијам едно, се надевам ќе ми олесни малку
@elcezelce И на золва ми во 16та недела и го кажа полот, најверојатно добро било наместено бебето Нека е живо и здраво само, полот не е толку битен. Освен што ако е машко допрва име треба да бараме За женско имаме најдено веќе
Мене во 11 ми рече не сакам да шпекулирам, ама мм сакаше да ја слушне шпекулацијата што се потврди во 16 недела од матичниот, машко. На клиника кога бев за приска, не ми ни спомнаа ништо за пол, после и во чаир на 2 скрининг виде дека е машко и онака спомна само. На тие важни прегледи не им е битен полот, а ние изгорени да дознаеме
Те разбирам, затоа и ти го кажав овој магнезиум, не знам каков пиеш моментално , ама шом не ти е убав можеш овој да го пробаш ,така благичок е. А чим седиш многи на работа, кога ќе стануваш станувај полека, и полека раздвижувај се, не брзај оти така од седење па движење полошо може да ти биде. Гледајќи според мене ,кога седам фазла од саат време и наеднаш станувам за до вц, и одам брзо ко порано кога не бев трудна, и одма ме стега стомакот. Затоа само полека
Изгледа ја сетив бебушка не изгледа туку стварно таа беше, сабајле станав во 5 неможев да спијам и така лежев си го галев мешко и само еднаш ми направи туп, како пуканка да ми пукна и се расплакав од среќа, а така имав сетено и претходно на 2-3 пати кога лежев и не бев сигурна дека е она. Сега сум душа мајкина
Мешиња , имав болка во грло но ми се смири за два дена , сега имам друга мака , почнува нос да ми тече и ми се слева секрет неможам никако да го исплукам , чаре да не ми оди долу ? Што примате ? Што е безбедно во бременост ?
Не знам веќе што е работата дали јас претерувам или работите се менуваат?? Веќе два дена по ред останувам кај вереникот и секое утро ми е хорор.. Мајка му замара и досадува а јас сум директна личност и едвај издржувам и се воздржувам да не кажам нешто. Утрово на вереникот му викам едвај чекам малку дома да си одам послободно се осеќам. И веднаш тој ми се налути и се изнервира, треба да одиме на село кај баба му, и тој во меѓувреме се скара со мајка му и пред десетина минути мене ми вели земи си колата и оди си ако сакаш не можам да се нервирам... Не знам .. Можеби претерав што така му кажав..
Ако носите прстени, извадете ги многу ми отекоја мене прстите и морав да го прсечам. Иначе дали планирате да се депилирате пред пораѓај??? Јас сум со план ама пак да прашам.
Девојки од што може да ми прерипува срцето?? Како да губам здив,неможам да земам воздух,вчера и денес ми е така а лежам одмарам. Само притисок не измерив,се надевам ке се смири...
Нормално е во бременоста и мене ми е така на моменти, сепак земи си упут и провери си тироидна жлезда..
Таман е времето за да се сеќава бебчето, уживај во мигот така е само се да е во ред. Хормоните лудуваат, нормални се такви испади ко ќе се роди бебе ти ќе свириш, а другите околу тебе ќе играат @Ann.loves.you мери притисок обавезно. Ако си во поддмината бременост можи да ти притиска бебе на дијафрагма, заради тоа може да се прави така, само не паничи.
Јас имам Хашимото што е под контрола, и пак некогаш ги осекам тие прерипувања а покачен пулс и губење воздух /задишување имам после 10 минути активност шетање или стоење.... Докторот ми рече дека се е нормално и како напредува бременоста ке го чуствувам тоа, така да мислам дека нема потреба да се грижиш
Мешиња да ми каже некоја што го користи Фемибион 2 како го пие? Дали заедно во ист момент се пијат розевата и жолтата таблетка или треба да има временска разлика од едната до другата таблетка.Упатството сум го фрлила а од денес треба да почнам да ги пијам.