Јас се депилирав и во двете бремености само што влегов во 9 месец, цели нозе и целосна интима, на пораѓај ни влакно немав и многу е подобро така, ем ти се осеќаш почисто, поубаво некако, ем нема да те бричат таму
@Veki4kaa Јас од утре во 20 влегувам, баш мислам ти имав искоментирано, деновиве сеќавав како некое поткркорување и си мислев цревава се. Ама денес бев на кафе и баш како што седев на два пати точно под папукот осетив како некој да ме потчукна одвнатре и баш ми беше интересно а и некако денес поинакво кркорење сеќавам, како не од цревава туку како некој мускул внатре да заигрува па си велам дека можеби почнувам да осеќам. Сето ова ми е ново и многу интересно . @Dance27 И јас одеднаш двете ги пијам.
Јас бев во 19та недела на преглед зато што ме фати вирусот па мораше да се види дали со плодот е се во ред, кога прашав за скрининг дали можат одма да ми направат ми рекоја најдобро 22 недела тогаш е се оформено што треба да се види.
Јас можно е да претерувам, не знам.. ама едвај се воздржувам на моменти... Толку збеснувам што мислам дека не сум нормална... Бевме кај баба му. По трет пат истиот муабет го слушам. Праша за полот, ние и кажавме дека ќе имаме машко бебенце и таа одговори само: Ехх добро, требаше женско, во фамилијава слабо имаме ќерки, ама и ти слаб ген си имала ми вели на мене.. Истото го кажаа и неговите и плус некои други роднини... Стварно се нервирам... Ние се плашевме, се секиравме ... Страшно време е дојдено со бенињата секакви работи слушаме, болести, синдроми, аномалии... сакавме само се да биде во ред... А тие девојче сакале да било, па ај после ќе кажат добро е и машко само нека било живо и здраво.. И за многу други работи ме нервираат нивните испади..
Јас цела бременост се депилирам со шеќерна депилација, и докторката и депилаторката ми рекоа нема проблем, баш утре сум на депилација
Прво немој да се нервираш , тоа се глупави муабети , друго очигледно не се свесни како тешко некои парови доаѓаат до бебе , меѓу нив сум и јас , мислевме дека никогаш нема да бидеме родители , така да биди среќна за сонцето што го носиш во себе , радувајсе на секој момент , биди спокојна , хормоните ни се во вис на сите но верувај зс твое добро биди смирена , оставиги , игнорирај се , така сите повеќе ке се нервираат , ова ти е најубавиот период од животот и стави се на игнор , ке видиш колку ке ти биде подобро , те гушкам , глава горе никој не е побитен од бебето што го носиш , мисли само на него на никој друг.
СТРАШНИ РАБОТИ! Дури не ми е некогаш верно дека од свои вакви коментари човек ќе добие. Место да има поддршка, давање сила во период кога ти е најпотребно, тие преговараат за полот, што требало.. . Ти биди посмирена, знај дека сите добиваме слични коментари, не знам дали до менталитетот е. И ако можеш, поретко гледај ги. Помирна ќе си. Поштедена. Треба да се среќни што ќе имаат внуче, самата состојба да е радост. Кажи им така, радувајте се, не преговарајте. Не се создаваат бебиња со раце. И понекогаш и не е така лесно, некои парови и низ цела низа настани и емоции врват за да ги добијат. Нека се малку барем благодарни луѓето, а не и во јацето влакно да се барало. *
Јас вакво искуство немам. Јас се породив, никој не помагаше, никој не се замараше со мене, а со бебето сите. Тоа галење само 9 месеци имав. @Fallen.Angel искрено вереникот не ми се допаѓа како изреагирал зашто сепак знае во која состојба си и треба да е потолерантен, утре бебе ќе имате, што ќе рече пак оди си, не можам да се нервирам? Тоа му била ептен глупа реакција. Инаку мачнини ме утепаа луѓенца, ми се повраќа цели денови, повраќам, ужас ми е. Денес па и ми се спие ептен. Само си го гушкам син ми, по цел ден ме бара, значи вие што чекате прво тек допрва ќе осетите што е мајкичка, ќе ја цените повеќе вашата, и таква љубов е неопислива. За тоа бебенце што го носите 9 месеци, што го чекате долго време, кога ќе го родите и видите ќе сфатите дека никој друг не е воопшто битен. Само мајка никогаш не е преморена, болна прави се, сонот и е небитен, болките не ги осеќа. (Ме утепаа хормони извинете )
Фала ти @Milicka* .. Не им е јасно нив тоа.. И постојано сега за свадба досадуваат, тоа им е поважно.. Кога ќе им кажеме дека нас тоа не ни е важно, важно е бебето да биде во ред тие се бунтуваат, морало свадба, луѓето што ќе речеле... Не ми се зборува , јас во исто време и студирам, утре си се враќам за Штип малку да се изладам од нив, до викендот ќе уживам без нив.. Ќе ми недостига вереникот, ама тоа е... @elenaklasik мила, пробувам да не се нервирам и да се однесувам со нив културно и цивилизирано, но веќе претераа... И не е само тоа постојано ме споредуваат со девојката што ќе ми биде јатрва ( вереницата на брат му) .. Таа повеќе оди кај нив, пие кафе со нив, седи им глуми многу добра, тоа го прави за да ги придобие, и гледам постојано неа за пример ми ја даваат, таа водела поздрав живот од мене.. Таа ова им донела, тоа им купила... Едвај едвај трпам.. @LadyC и мене ме изнервира неговото однесување, ама до некаде го разбирам... После ми се извини.. Сабајлето и со мајка му се скара бидејќи таа го напнува и него, па уште и јас досадував со моите маки. Не го оправдувам, требаше малку да внимава што кажува, но и мене има ми се случено во нервоза да не внимавам што зборувам..
Jas momentalno sum vo takva sodtojba deneska malku izlegov i sega mislam deka sekoj moment bebo ke izleze a ne e bas taka se napiv magnezium i samo do wc i vo krevet.
@Fallen.Angel , тебе да ти е погодено со маж ти, вие да се разбирате е најважно. Да имате муабет, да те разбере и соодветно да реагира. Со негова фамилија ти не се расправај, ама секогаш имај си став. А штом дошло до споредби, јасно ми е. Непријатно е, вештачки. Ние шо не сме глумици, така на второ место ќе сме. Ако бе, нека е така. Биди своја.
Верувај, не можам да изглумам како таа девојка, алал да и е.. Се трудам само да бидам културна и смирена дури и кога ме излудуваат и заслужуваат да им кажам некои работи. Со вереникот убаво се разбираме, нашиот спрат е при крај со изградбата. Свадбата е во февруари, ако не биде готово до свадбата, некаде после тоа ќе биде сигурно.. Сакам бебето да си го чувам на раат, бидејќи тогаш нели сите ќе почнат стручњаци да ми се прават како и сега во текот на бременоста кога ми се мешаат во мојот начин на исхрана, потоа бремена жена не требало да вози... Да сум го оставела факултетот сега и да не сум се враќала во Штип, да сум се префрлела на факултет во нивниот град за полесно да терам.. А како да им објаснам дека не можам сред семестар... Нема разбирачка и само им велам добро или да да... Се трудам да не се скарам и да не избувнам, ама не знам до кога ..
Не се нервирај, сега вие тројца сте семејство и никој не е поважен од вас. Тешко е ако живеете во заедница или на некој начин зависите од нив. Не дозволивајте никој да ви се меша во вашите одлуки, ни твоите ни неговите. Разговарајте за се отворено и смирено, дајте им дознаење дека вие сте родители на тоа дете, ваш живот е и вие ќе го живеете како што вам ви одговара. Разбирам дека сакаш да си културна и од поштовање не сакаш да има расправии од старт ама ако вереникот исто така не може да им даде дознаење дека нивното понашање не е во ред тогаш е проблем. Ако сега на почеток не пресечете, после касно ќе ви е. Нека ви е живо и здраво само детенцето, мисли на него и биди позитивна. И не го оставај факултетот, само имај поддршка од маж ти и се ќе постигниш во животот. Јас го завршив само што останав трудна, за која недела Бебе би требело да излезе, а од нареден октомври одам понатаму со студии. Тешко ќе ти е ама барем никој нема да смее да ти каже пола збор.
Пробувам јас на мирен начин да им го кажам тоа, еве овие два дена се дистанцирав од мајка му, не седев со неа во иста соба под разни изговори. нека сфати сама, не сум таква личност и не планирам да и угодувам. Јас сум без мајка и знам да се снаоѓам повеќе од некои други, нема да ми биде многу потребна. Но ете ќе бидам културна и смирена, како што личи.
Многу е тешко ако така ви се мешаат. Јака ти душа, ти ќе мора да имаш многу трпение. И дај боже маж ти да е секогаш на твоја страна, тоа е најбитно. Во 5 години брак, јас од супер свекрва добив изреметена климактерична жена со која ич немаме разбирачка , ама маж ми е секогаш на моја страна и тоа ми е омилено од неговиот карактер. Ама е реткост, обично мажите се многу приврзани со мајките. Во ниеден брак ништо не е совршено,ама со разбирање се ќе се постигне. Не се нервирај, се ќе се среди. Бебушка е најбитна у моментов. @Fallen.Angel