Ај да си прашам, дали кога си легнувате и превртувате на страна сеќавате болка во стомакот и подолу ниско и како тежина? Јас веќе 20 недела, и осеќам така почесто и тоа навечер. Денес малку со обврски пропешачив и одма имам пецкање и тоа повеќе на левата страна, долу кај јајниците. Не знам, си велам нормално е од што се тегни сето. Денски понемам гајле, се чувствувам полесна ама навечер мн ми станува голем стомаков и ми тежи ( др. Рече нормално, цел ден храна, замор, течности). Преку денот повеќе седам, и кога ќе станам понекогаш исто ме заболува. Се трпи, не е страшно, поминува , но ме интересира дали сте ги имале овие симптоми?Поздравче
Да, истите, нормални се, сабајле коа ќе станеш пак е сплавнат стомакот. А за навечер уште си назад со мачно превртување ,чекај после шо те чека
@lavinija28 Таа болка е кај лигаментите, нормално е. Може да заболи во легнување, во станување, при кивање и кашлање, кога ќе се смееш. Полека станувај и легнувај. Кога ќе ме фати, само прилегнувам и нежно масирам и попушта.
Ми рече само купи си ги вагиналетите, у петок сум на контрола баш ќе ја прашам. А до тогаш ќе го искористам паковањето.
Јас ти пишав и претходно, мене цела доза 2 различни доктори ми ја давале за 12 дена, мислам и во упатството пишува дека е толку дозата. Ама прашај си го лекарот
Јас сум денес за никаде Стигнаа резултатите од брисевите во 34та и имам ureaplasma i chlamidia се чув со докторот и треба да пијам сумамед од денес 2 дози..... Ми рече дека се опасни ако не ги лечам и дојде до рагање ако се пренесат на беба..... Тоа антиб секако ке го пијам ама сакав да прашам дали има некоја од вас со слично искуство да ми каже како прошла
Јас имав кламидија во бременоста, од нигде никаде се појави, ми го скрати грлото на матката и се породив предвреме. Кај мене касно ја фативме затоа што сите брисеви пред тоа ми беа чисти и бељата веќе беше направена. Но не се секирај, ако е на време фатена ќе се среди со антибиотик. Обавезно ставај и вагиналети на база на пробиотик. Ако сте имале во меѓувреме односи со партнерот и он треба терапија да пие и никако односи додека не направиш контролни брисеви. Ако има потреба, пред пораѓај ќе ти пуштат венски антибиотик, на бебето нема ништо да му биде. Ако те интересира уште нешто слободно прашај.
Добро ли е бебето сега??? Мене ми даде Сумамед да пијам а во каква мизерна состојба сум психички моментално мислам и течни гомна да ми речат ке пијам..... Од утре сум 35 + 0 Викаш касно сте ја фатиле кога е тоа касно? Се тресам цела.... Во 12та недела на брисеви немав ништо во мегувреме односи имавме само еднаш (поарно да ги немавме) читам на нет ми излегуваат секакви срања, сериозни компликации и слично..... А прошла недела на преглед док ми рече дека се е во ред
Има тема за уреаплазма конкретно во бременост, јас ја имав на последните брисеви, ама пишав таму ми одговорија, има со искуство. Сега на контролниот после испиен антибиотик ја немав, се надевам точни беа резултатите . Инаку 2 дози сумамед е еднакво на отров за све во организмот, верувам ќе се средиш. Само пиј пробиотик зошто желудник ренде прави сумамедот. И не знам колку прават проблем на крај овие бактерии, сигурно не е убаво да ги имаш, ама јас баш барав информации и повеќе проблем може да направат на почеток на бременост, односно да го изедат плодот и да дојде до спонтан пред 12 недела. И предвремено пукање на водењак, ама ти како што знам си исто при крај. Не се секирај во секој случај, што е тука е, имаш време да се средиш. И ако не стигнеш да направиш контролен брис обавезно спомни за бактерииве кога ќе одиш на пораѓај .
Не се сеќирај, јас се породив дента кога влегов во 34та. Беба е супер, еве ја скоро 7 месеци има. Мене во 12та недела брисевите ми беа чисти, односи немавме цела бременост, околу 25та недела ми се скрати цервиксот, направивме брисеви и видовме дека имам кламидија. Почнав со терапија, ама веќе грлото беше скратено, затоа реков касно ја фативме. Со строго мирување истерав до 34та, во болница примав антибиотик за секој случај и се беше ок. Кај тебе е на време откриена и ќе се среди. Знам колку си уплашена, ама верувај ми ќе биде добро. Не читај мн по гугл, пиј терапија и не се нервирај. Ти си веќе во безбедна зона за пораѓај, воопшто не се плаши, овие бактерии се лоши зошто може да предизвикаат кратење на грло и пукање на водењак. Само кога ќе дојде време напомени дека си имала бактерии, превентивно ќе пуштат антибиотик. Овие бактерии се мн чести во бременост, побарај на пребарувачот ќе видиш колку мн сме ги имале па си имаме здрави и прави деца. Гали меше и не се вознемирувај, тоа поиѓе му штети на бебето.
Ич не се секирај ќе биде во ред чим ти дале антибиотик. Туку мене ме чуди како се добива кламидијата, како се пренесува? Преку сексуални односи?
Jas edna nedela stavav i potoa mi dade dr za kandida i se iscisti nema povejke pravev mikrobioloski brisevi nema nisto
И јас имам мака. легнување-ставање, лежење-поместување од една на друга страна... денес 29+4. еве некој вечери имам потешкотии и со спиењето, сон не ме фаќа
Да, кламидија се добива исклучиво преку сексуални односи, да не ве лажат дека преку вц се добива. Ако си ја имала некогаш и не е убаво излечена, ќе си се појави пак. Едит: Освен тоа имам читано дека може да живее на други места ако не е долечена и после некое време да се спушти на репродуктивните органи и тогаш да се појави на брис. Али не сум имала јас никогаш, мајка ми е доктор и од неа ги знам овие работи.