Јас ја имам маската од Зегин Vogmask, и минатата година таква користев и сега си купив иста. Задоволна сум од неа. Дома имаме прочистувач, го земавме минатата година, сега само сменив нов филтер Xiaomi e.
И мене вчера ми ги препиша матичниот гинеколог. И јас прочитав дека не е за бремени, но сношти ставив. Докторот ми кажа безбедни биле за трудници.
И јас сум загрижена заради загадувањево. Неколку дена ме мачи настинка, од синоќа почнав многу да кашлам, а одам на работа и тоа пешки, во Центар. Од вчера почнав да користам маска, ама колку може да се заштитиме само со маската? Воздухот во сите простории каде нема прочистувач е загаден. Се мислам ако ми продолжи кашлицава, можеби да земам боледување... Како функционирате вие кои одите на работа, дали одите пешки? Јас купив маска од Карес, некако на изглед ми беше најубава @Оли, во врска со маскава од Карес, мене филтерот уште од првото носење ми мириса како на некоја хемикалија, дали е тоа нормално или да го рекламирам?
@Филотеа Сега баш зедов да ја мириснам, не ми мириса на ништо. Но можно е да има некој мирис на почетокот бидејќи била спакувана или да мириса од материјалот. Остави ја на отворено малку, види дали ќе го снема, а ако не, рекламирај ја. Колку време ја имаш?
Да ти кажам, у право си, и полоши апчиња им давале на трудници па никому ништо. Иначе, ве читам за загаден воздух во Скопје, и верувам дека е многу загаден. Само шо планиравме во Сабота да одиме натакај, да се прошетаме малце на украсено, дека тука нема ништо..и си викам кај да одиме таму на загаден воздух..после ми текна си викам ние од Велес одамна бевме загадени па навикнати сме Ништо нема да ни биде за 5 саати Шала на страна, Велес е доста чист сега..освен Маслодајна малце што претерува, ама далеку од загаден град е среќа
@Jana06 ,@Suzzicka пијам чаеви , лимонади , супи, прегорен шеќер секоја вечер, инхалирам и не попушта никако , ле пробам со зрно црн бибер да видиме , ви благодарам многу на советите *** Само бебе да е во ред , мама се ке издржи.
Пред малку пишав во друга тема, но оваа како што гледам е нај активна, па тука ќе го поставам прашањето. Ајде мешковци некој предлог за работа од дома, но да не е за странски компании. Кога дознав за бременоста, бидејќи работата ми беше тешка дадов отказ. Но, дома е досадно и фалат финансиски средства. Мешиња ако имате предлози за работа од дома пишете ми. Благодарам
Мислам дека и мојата на почеток така беше, но потоа како да се излуфтира и затоа сега не мириса на ништо. Ако ти е шубе, оди до Карес и види што ќе кажат.
На пример еве јас сум програмер. Сега работам за скопска фирма ама имам опција да си работам и од дома. И општо за програмерските работи има доста за од дома. Ако си со економски/правен, не знам какви опции има. Евентуално нешто општо преку freelenacer.com да си бараш. Или пробај на Linkedin пребарај фирми поврзани со твојата струка и праќај CV
Мешиња како сте абе @lejlla некако ми ја нема последната недела ако не и повеќе? @Starlič и јас те читам и чекам секој ден хаха јас од вчера сум 36 и во исчекување сум секој ден и ти си ми блиску до термин па секој ден те следам будно Јас луѓе сум толку нестрплива неможам више едвај чекам да се запознаеме со мојата бубамара само денови бројам
Мене ми донесија подарок, бидејќи 99% пак ќе сум со царски и планирам да го носам. Првиот пат мислам дека цел стомак ми остана, се надевам дека колку толку ќе има ефикассност.
@Bebac види на Upwork, може да се најде нешто иако можеби не е твоја струка, но ако знаеш англиски може да пробаш пишување, преводи, маркетинг...
Со првото не носев, задоволна како се врати во нормала,со второво планирам да носам,сепак 2 бременост е. Гледам на нет има, ама си викам ај да не нарачувам па да го чекам со недели, мислев кај нас некаде ако се продава.
Не ти треба специјален појас, башка и незгодни се за носење и закопчување. Купи си поквалитетен мидер, јас од Лиска земав. Иста, ако не и подобра работа ќе ти заврши, од искуство