И јас мислам дека мидерот ќе заврши одлична работа. И јас планирам мидер да носам. Само според вас кога е најдобро да се почне со користење? И дали е вистина дека после породување не треба да се пијат големи количини на течности, бидејќи после било многу тешко да се намали мешето?
Јас па мислам дека треба баш повеќе течности демек за млеко да имаш... нека кажат поискусните со многу млеко (за доење)
Јас некои 2-3 дена пиев намалени количества на вода,после регуларно. Едит:2-3 дена од пораѓај мислев.
Напротив, мора да пиеш многу течности, најпрво за себе, а потоа и за млекото. На стомакот му треба повеќе време за да се врати, но ќе се врати во нормала. Впрочем млекото е далеку поважно од рамен стомак.
Немаат врска течностите со стомакот, мит е тоа. Баш после пораѓај ќе бидеш пожедна од вообичаено, тоа е природен начин на организмот да го стимулира производството на млеко. Што повеќе течности, толку повеќе млеко и толку побрзо исфрлање на насобраниот вишок на течност од бременоста (заради кој сме подуени повеќето трудници). Уште во болница даваат многу вода, сокови, чаеви и треба да се пие што повеќе
Како што кажаа погоре мноооогу течности ќе треба да пиеш за да имаш млеко,а и самиот организам ќе ти бара ,ќе се осеќаш жедна. Плус за столицата треваат течности Мидер носев обичен од пазар што не стега многу,една недела по породување, и јас не знаев кога треба,да не е рано,да не е касно.... горе,доле задоволна сум со стомакот, имам уште 3кг за да се вратам на тежината пред да останам бремена ( и уште -2 што се поправив пред тоа) и мислам дека ќе се среди. За месец два планирам и да почнам со вежбање.
Ти си 36 од вчера као 36 + 1 денес или 35 +1..... Јас од денес 35+0 и незз како се рачуна... Другата недела влагам 36та или оваа е 36та Док вика едно тука друго некои рачунаат и јас сум благо збунета.... Иначе од вчера на Сумамед заради гореспоменатите бактерии и молам Бога да ми се излечат и да не му наштетат на бебе
Даваат на ГАК доволно или треба да си носиме? Мислам јас секако ќе си носам пакет вода затоа што многу пијам и параноја ме фаќа ако немам вода при рака, ама ете во таа гужва кога ќе ме фатат болки ако не стигнам да земам .
Ааа да да даваат какво смути сакаш нарачај Има чешма во соба,ама јас таа не ја пиев, мм ми донесе мали шишенца ( попрактични се) околу 2-3 литри вода и сок од јаболко еден од 2 литра (си носев пластична чаша). Ова пиев после пораѓај, пред да се качам во родилна прашав што треба ми рекоа може леден чај и вода, па и таму испив по две мали шишенца чај и вода. На ГАК еднаш имаше сокче со цефче, еднаш чаша чај,еднаш компот, еднаш "чоколадно" млеко. Го испив само сокчето со цефче, зошто претпоставувам знаете каква е болничката храна..
Хаахах, така и мислев. Јас и онака слабо пијам нешто освен вода. 2-3 литри на ден не ме крпат мене. А не ми е јасен тој дел, мм во секое време може да ми донесе нешто ако треба така? Многу ми е страв да не ми фали нешто таму
Абе ќути. Ја тука нај мутава излегов, само нешто прашувам, само нешто паничам, се мене не ми е јасно, се ја незнам
И јас врска немам, ама ако почнам да паничам кај ми е крајот. Нека искачаат веќе бебиве, зарем 2020 ќе ја дочекаат у меше
И мене не ми е јасно и јас од денес сум 35+0 и мината недела кога ги правев последните брисеви (инаку пред малку ми јавиа дека се негативни) матичната ми даде упат за оваа недела за прво цтг и јас се збунив викам рано дека нели после 36 се оди, ама дека бебе е понапредно затоа. И ќе одам во четврток па ќе видам што ќе ми кажат. Инаку чуствувам притисок доле како бебе да стиска за надоле. Дали е нормално? И сега не е толку активно помалку го осеќам веќе не клоца туку како да се истегнува душа мала изгледа тесно и е веќе
Верувај не си единствена Премногу прашања имам само чекам да влезам во 30та недела и да бомбардирам (сега сум 20та)
Ќе се тркаме значи Сега ќе земам ќе си ја наполнам кадичката, и ќе се опуштам. Ќе се релаксирам малку. Ќе удрам некоја партија Кенди. Прошли пат ми пискавте да станам пакост да не направам, сега ми е сеедноо. Инаку золва ми отварала книга во црква за слави и и се паднало Свети Никола, па во четврток има слава, во Паланка, маж ми ќе оди може со другата сестра, јас не се осудувам да идам веќе, прошли пат стомак, јајници ме скинаа. Инаку нејзиното малечко сипаници има, па зетот ќе си седи дома ќе ја чува. Ако бидне нешто сама ќе си одам у Чаир, ако сакаш @Cherry333 дојди дружи ме, може заедно и таму ќе се дружиме, мислам ако Чаир се пораѓаш