Ахах уживај си, штом имаш када. И јас избегнував да се бањам со многу топла вода како секогаш, ама сега гајле ми е . Јас сакав Чаир, ама ГАК ќе одам. Ќе видиме дали ќе се покаам за одлуката .
Дебелки мешиња,како сте? Утрово правев тест за скриен шеќер,ми излегоа супер резултати. Некако имав одбивност и лоши очекувања од процедурата,читајќи искуства тука,но морам да кажам дека не е воопшто страшно,нит особено гадно. Прво ми земаа крв на гладно,па испив 500мл течност во рок од 10 мин,и ми земаа крв уште двапати на растојание од по 1час. Д-рот ја гледаше и беба,супер се развива и си одговара на неделите.Околу 700 гр и 31цм љубов имам во меше Ораганите се доразвиени комплетно,и ако добро сватив сега треба само да си расте.Дај боже да си биде се во ред до крај ко до сега. 24+2 сум иначе Ве гушкам сите,а една посебна и најсилна за @flower30 и нејзиното јуначе.
Бравос женска, и кај мене исто се е во ред со шеќерот. И исто не ми беше до толку лош и гаден шербетот. Кај нас даваат 5 минути за пиење, и само при крај осеќав мало гадење Супер и за бебка, нека си се развива како што треба. Јас утре сум на контрола как гинеколог. Поздрав!
Како што ти пишаа сируп на природна база, чаеви, супи со бибер и кромид ама многу кромид. Инхалации правев јас ако имаш инхалатор за деца дома, долго кашлав и на крај од страв и антибиотик прашав дали да пијам и гинекологот ми дозволи, а на брис имав стрептокока па затоа и прашав за антибиотик. Почна и стомакот да ме боли од кашлање и јас се исплашив ама ништо лошо не се случи. И да, млекото со прегорен шеќер и путер многу ми помогна.
Смее во секое време, ако си способна можеш да излезеш во ходник да се видите,внатре освен во апартман,не пуштаат посета. Ако не можеш ти да излезеш ќе им подаде на сестри,болничарки ќе ти донесат. Јас имав кроасани,плазма ми носеа лиснати,гевреци...што сакаш можеш да понесеш или да ти донесат,никој ништо нема да ти рече. Јас кога чекав да се породам се смеевме со мм,немаш кошула за мекици затоа не се раѓа. Купивме кошула и за два дена се породив
Мајки, освен со благо, со што друго се раздвижуваа бебињата? Веќе втор ден многу слабо го осеќам левото бебе, па почна да ме загрижува....
Сериозно, пресериозно е. Тешките метали влегуваат преку плацентата во крвотокот на бебињата. Земете маски обавезно, секоја аптека веќе ги има и не се скапи, не мора да е шарена (Вогмаск) за да штити. Гледајте само да има ознака FFP3. Јас носам маска секоја зима од 2013та кога бев прв пат бремена, па навака.
Мислам дека е 50 евра од ден,ама и во него посетата е ограничена. И таму се два кревети,значи две пациентки. Јас бев во обична соба со два кревета,и во таа има тв, тоалет со туш, само нема посета и нема фотеља
Апартманот е 50 евра и ко што кажа Софи, само мала масичка и 2 фотељи плус. Прашав и јас, ми рекоа 50 евра од ден. Единствена разлика од собите е што има посета од 8 - 20ч.
Мами јас завршив работа. Денес во 16:20 се роди буци со царски. Белчо еден на мама. 3500, 52 цм. Ве гушкам