Мене ми пукна водењакот и ме задржаа на патолошка. После скоро 70 часа ми почнаа контракции и се породив. Секако мора во болница бидејќи постои голем ризик од инфекции, а и потребен е преглед за да се види состојбата на плодовата вода.
Девојчиња дали можете да ми препорачате доктор, приватен каде што ќе можам бебево да си го видам во 4Д. Одам и кај матичнава и на ГАК божем со врски ама не ми го покажуваат, а веќе сум 31ва недела.
Во Ремедика кај др. Афродита Стомнарова.. јас таму одев и без да барам 4Д она сама ми пушти па дури и сликичка ми даде... ама прегледот е околу 2500 денари ...
Јас со финта ги пиев зашто не се баш лесни за поднесување ... во една чашка за ракија тотхема, во друга лимонче малку исцедено. На екс тотхемата, па одма лимонот на екс и воопшто не доаѓав до вкусот на тотхемата
Жени, додека бебето мрда, растура у стомак, на двапати осетив нешто како да пукна како пуканка во матката дури со звук беше, баш како пуканка што пука. Ви се случило ли такво нешто, имате ли претставашто може да е??
Значи само вие што коментирате стално си одговарате на прашања една со друга, ретко кога некоја ќе се уфрли и одговарате. Неколку пати прашав некој работи само еднаш дали одговоривте
И јас имам прашувано неколкупати и никој ми нема одговарано на некои прашања. Или никој не знае одговор или немале такви болки или симптоми, во зависност што прашуваш. Така да не ги зимај на срце тие ствари.
мене ми се случува некогаш ама си мислам од цревата ми иде, зошто и пред да бидам бремена знаеле да испуштаат чудни звуци
Не се возбудувај,му пречи на бебето. Еве јас не видов ниту ти дека си реплицирала на некоја трудница. Не се фаќај за ситници,верувај откако ќе се породиш уште повеќе ќе ти треба форумов. Можеби некогаш едни исти прашања 100 пати се поставуваат,па затоа остануваат игнорирани. Можеби таму каде што живееш во 12та недела не се задолжителни брисевите,па затоа не ти земале. Некоја инфекција може да ја имаш а да не дава симптоми,а во меѓувреме да направи беља,да скрати цервикс,да пукне водењак,да се префрли на бебе при раѓање или да дојде до предвремено породување. Затоа е важно да се направат брисеви во 12та недела и некаде на крај 34-35 недела, доколку се појави инфекција се добива терапија,антибиотик или вагиналети. Кај мене се скрати цервиксот па освен брисевите во 12та недела иако беа чисти,правев повторно во 22ра недела за да се види дали има инфекција што го крати. Последните во 34та ги правев за да не има нешто што би се пренело на бебето.
Мене ми се дешава така, наеднаш ќе спрета, и се слуша звук како да пука прст ( како кога ѓи пукаме прстите) секој пат ми е интересно.
Нема никаква, да си биде на чисто. И он па и ти,нема ништо штетно ако ти земе брисеви. А и таму верувам при крај ќе ти земат пак.
А може ли да пукне и да не знаеш инаку мене матичниот ми кажа дека од пукање воденик до порагај треба да има 24 часа максимум...... Тоа чисто мислење од неговата екселенција на кока јас слепо и верувам.... Ама денешно време секој доктор со свој став
@MimiG Еве јас на пример сум 35та имам две бактерии од прошлата недела на брисеви и одма ми даде антибиотик докторот.... Пошто од тие бактерии (Ureaplasma i Chlamidia) може предвреме да пукне воденик или да се скрати цервикс или при порагај да се пренесе на бебе :/ Во 12та правев брисеви беа чисти во мегувреме немав симптоми некои да укажуваат на постоечка инфекција а односи имавме само еднаш во 5 месец..... Ако ми е од мм па не свакам јас од него и трудна останав како тогаш не ми пренесе бактерија недај боже па во 12та ке се видеше..... Единствено логично објаснување ми е дека тие бактерии сум ги имала во мала количина и на брисевите во 12та не покажало ништо и после кога бев настината при пад на имунитет гадинките се намножиле па затоа сега ги има Во секој случај се надевам дека од ова Сумамедов ке ги снема и дека беба нема да има мака од нив..... Инаку и мои прашања останале без одговор па никому ништо Би ти советувала да си направиш брисеви за да си бидеш мирна.... Тоа чисто јас како гледам на работите Убав ден и секое добро