Лично на мајка ми и има пукнато водењак со мене и нема никакви болки добиено, па царски е породена, back in the day. Една познаничка 6 дена има седено со пукнат водењак, ама под надзор да има доволно плодова вода. Инаку треба провокација во тој случај брзо да пуштат, по некоја логика.. Све има. А ваљда ќе знаеш, треба да тече вода ако пукне
Јас ги пиев 2 пати, наутро и приквечер. Во меѓувреме каснував нормално зошто тешко станува од нив. Читав само 2 саати околу ампулата да се избегнуваат млечни производи зошто се намалува апсорбцијата на железо така. Инаку со сок од боровница или како што кажа членката, лимон ги пиев. Само со цевка, исто финта од тука зошто заби оцрнуваат не можеш да се насмееш .
И јас од тоа се плашам. Вчера додека седев у када ми дојде таква помисла. Викам сега ако ми пукне нема да приметам во водата дека тоа е водењакот. Ме фати паника. Затоа и пишав дали е лошо ако не се примети дека пукнал. Бебе вчера активно, од сабајле никакво го нема. Пак ме боли половината и чувствувам оптегање на стомак.
Здраво живо мамаситас... Во понеделникот ја видов бебушка, тогаш бев 29+4 а таа одговараше за 31+4 тешка 1733 гр ... машала како бато и таа е напредна... Се е во ред, рачиња, ножиња пред лице-се крие, поактивна од бато, наместена со главата доле. 99% пак ќе бидам со царски рез и ме фаќа паника. Не знам што ми е влезено во глава предмвремено породување и уште повеќе ми е страв, дали дека има болки од време на време... Важно со беба се е во ред, фала му на Господ. Инаку @Bebac исто и мене ми беше железото 7 пред две недели, тотхемата не можев да ги поднесувам во првата бременост, пиев сируп Флорадикс не ми помогна и тогаш пиев капсули Фероглобин и имав подобрување, а сега земав Хемовит на Health Aid, па ќе го видиме резултатот... Поздрав мешиња имајте убав ден
Па мајка затоа постојат прегледите на секој втор ден штом влезеш во 38-39 недела.. не за џабе докторите од болница викаат да се оди на преглед секој втор ден а и задолжително да се следат движењата на бебето во текот на денот, треба да се најмалку барем 10 движења, ако има болки веднаш на клиника да се оди да не се чека до денот на прегледот... кога одиш на клиника на преглед што ти викаат докторите.. во чаир сакаше да се пораѓаш, така ?! Зарем докторот не ти кажал после прегледот за 2 дена пак да одиш кај него?!
Јас уште одам на цтг кај мојот матичен гинеколог, и не не одам секој втор ден, бев во понеделник, сега сум во петок. Да во Чаир ќе се пораѓам. Бебе мрда, ама покрети не му бројам, а сигурно има повеќе од 10. Болките што ги имам не се неистрпливи, туку благи болки.
@*malenavolena*87 јас сум 36 + 3 денес па си сметам како 36 недела незнам со рачунањето и јас овде видов различно но јас си рачунам со полни недели а и кога одам на преглед секогаш и докторите така ми сметале . Не се секирај имаш таман време да испиеш антибиотик и се да се среди до породување мада како и да е штом ја тераш 35 недела немаш гајле со предвремено породување одиш накај безбедна зона бебето си е више убаво оформено и пораснато
Сега во клиника воопшто почнуваат цтг да ти прават во 38+. Јас бев во петокот, ми закажаа следно за 1 недела, а термин ми е на 22. Веќе и докториве како им чини прават, никаков протокол. Само Господ да не чува.
Да се пријавам прв скрининг помина супер ,докторот рече се е супер .Рече дека за две недели би требало да завршат мачнините ,одвај чекам да ви кажам искрено тоа ми е најтешко оваа бременост .За полот ќе дознаам следната контрола или евентуално планирам кај матичната една контрола после божиќ здравје
Јас цело време се мислам шо ако ти пукне при туширање, мислам истече малку плодова бода а ти не знаеш? Ваљда не е како на филмовите сета вода наеднаш да тече? Мене ми зеде некаде кај 6 месец брис само за пап тест, други брисеви ми нема зимамо. Баш гледав треба сега некаде да ми зема брисеви, утре сум на контрола и цтг ќе го прашам ако каже нема потреба од брисеви ќе излажам дека имам чешање и мора да ми зема. инску преги одејќи по патот ме стегна левата страна кај бубрегот некаде многу тапа болка некој како со игли да ме мушкаше. Потраја минута време и се смири. Ваљда се лажните контракции
Не, не е како на филмовите.. кога ти пукне ти истекува многу вода ама не е цела наеднаш туку си тече и си тече и си тече. Мене од кога ми пукна водењак прво дома еден туш па уште си течеше па во болница кога стигнав бев со пешкир меѓу нозете и кога ми дадоа спаваќа пешкирот беше цел утоп.. така да мислам не можеш да утнеш
Ти срцка веќе немаш ризици од кратење на цервикс и пукање на водењак.. Не дај Боже тие работи во 2 тромесечие доаѓаат од бактерииве и тогаш се најлоши. Инаку и јас не сум имала односи па ми излезе бактерија, не барај логика зошто ја нема. Може на пад на имунитет се активира, а за симптоми никакви нема. А имунитет паѓа од стрес, затоа уживај. Најкритичниот период е поминат .
Mene na prviot skrining mi rekoa sto nosam.mene macninite mi zavrsija vo 13ta nedela i sega sum extraa taka da ke pomine vremeneto brzo
И ја од тоа се плашев, ама тој кога ќе пукнел..си течело и си течело немало шанси да го утнеш Мене 15 мин пред пораѓај ми пукна, ау ау ауу вика докторот, не ни знаеше дека не е пукнат Каша вика каша па ајде бришеа после, хахаххаа..се сеќавам и се искакав малце, а ми ставија клизма..ама ете останало нешто..плус јак напон
Иако мене само што ми пукна водењакот одма ми почнаа болките ама и да немаш одма болки нема да утнеш. Кај секоја различно. Со лесно да ви е на сите што сте при крај
Хаха леле јас па од тоа највише се плашев пусти срам ќе ме изеде си викав. Јас не направив беља ама не добив ни клизма зошто немаше време ма да знам дека на многу жени им се случува ама ете ја сум тоа
Ах пусти маки на нас прворотките, дилеми, прашања... Ама мора да бидеме благодарни на постариве мамички, што се тука да ни одговорат, да не утешат и да ни дадат совет. Јас навистина го мислам тоа. Ви благодарам.