Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    3.609
    Допаѓања:
    53.065
    Пол:
    Женски
    Јас 26 год. Таман догодина кога ќе се роди бебушот 27:D
    Овде кај што живеам има многу млади мајки,трудници. Се осетив старо:sweat:
     
    На Girl-Rabbit, Dikinzi и Starlič им се допаѓа ова.
  2. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    Првото се фати одма, веднаш по менструација почнавме, дури и последните денови додека течев кафено. Така две недели пробувавме и после мм се врати у германија и јас сум останала трудна. Сега со второто ај шо почекавме малку ок, цели две години се мачевме и едвај фати. И кломифен пиев и мм спермограм правеше, па поеше едни витамини за да ги забрза сперматозоидите и ништо. На крај оставивме кога ќе биде тогаш и се деси. Фала богу. Сега едвај чекам да се роди и ќерка ми е нестрплива :inlove: неможам да ја замислам првата средба на двете сестрички, како ќе реагира кога ќе ја види па првата прегратка првиот бакнеж ахх ајде уште малку со бога напред :inlove::inlove: голема дотка ќе биде 6 год. здрави и живи да сме, се ќе биде во ред
     
    На Lorins, Girl-Rabbit, dunika и 12 други им се допаѓа ова.
  3. Enci200

    Enci200 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2018
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    823
    Овде за години се зборува :))
    Ајде и јас да се пријавам 32 миментално, со прво дете. Секој со својата приказна, како и да е, треба да се внимава со коментари од типот што чекате, лесно ви е на вас слободни сте си, абе она кариера прави... Ние 3 години се обидувавме, на крај инвитро помогна.

    Инаку, девојки, консултација околу суплементиве со железо. Гледам многу работи се забранети пред и по пиењето суплемент (житни производи, кафе, чај, млеко и м.производи, јајца +магнезиум,цинк).
    Вие што јадете пред и по?
    Ете сега ми паѓа на памет компир :) го нема на црната листа. Ама друго што може?
    Поздрав!
     
    На Lorins, Girl-Rabbit, dunika и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.289
    Пол:
    Женски
    Ние чат пат работевме на случајот. Свадба правевме на 9 Март. Јас на 16 добив менструација, некако после свадбата бев поопуштена, си реков мора бебе да се прави оваа година :rofl:
    После Малденци се фрливме на работа, и ден и ноќ :lol:
    Направив тест на 8 беше негативен. И на 13 април на мојот роденден нешто одвнатре ме тераше да направам уште еден, беше позитивен. На маж ми му е роденен на 14 така да после 00:00 го изненадив дека ќе биде татоо:rofl: Инаку и двајцата имаме 26
     
    На Sesil, Lorins, Girl-Rabbit и 12 други им се допаѓа ова.
  5. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    @Enci200 , и мене ми најтешко да се организирам заради таблетите за железо и магнеззиумот. Во упатството на тие за железо јас што ги пијам пишува дека треба да има 2-3 саати размак меѓу конзумирање на сите производи што ги наведе плус магнезиум. Пренаталните витамини и магнезиумот ги пијам одма после доручек, после пијам кафе со растително млеко, па 3 саати после тоа таблетите за железо. Е ми се има случено да згрешам, во меѓувреме после кафето некоја бонбона да лапнам :bandit: ама се тешам дека од неколку пати ништо нема да се случи :)
     
    На Lorins, Girl-Rabbit и Enci200 им се допаѓа ова.
  6. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    3.609
    Допаѓања:
    53.065
    Пол:
    Женски
    Ние пробувавме пред свадбата.
    5 месеци ,чат пат кога ќе се видевме. После свадбата 6тиот месец останав. Ама луѓе тој месец секој ден, за секој случај, да не го утнеме денот:D ми се здосади на крај :rofl:
    На работа направив тест, не можев да дочекам дома да си дојдам да му кажам, па веднаш му се јавив. Мислеше не знам да го "прочитам" тестот и дека нешто во грешка сум:rofl:
     
    На Lorins, Girl-Rabbit, dunika и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    5.454
    Пол:
    Женски
    Ние сме дечко и девојка од 2011, се запознавме на факс. 2016 ме побара за жена, 2017 се земавме. Пред свадбата дознав дека имам токсоплазмоза па плановите за бебе ги одложивме. Пролет 2019 конечно добив негативни резултати од токсото ама решивме дека ќе почекаме. Август 2019 не фати мерак некако за бебе, септември првиот негативен тест и мм се разочара рече не правиме, не се замараме веќе толку. Башка од работа му рекоа дека ќе патува секоја недела. Септември почна со патувања секоја недела од понеделник до петок не беше дома, не се ни надевав дека во тие моменти кога си покажувавме колку си недостасуваме ќе направиме бебе :D 14 Октомври на денот кога се запознавме прв пат, го направив тестот и беше позитивен. :D
     
    На Lorins, Girl-Rabbit, dunika и 10 други им се допаѓа ова.
  8. Enci200

    Enci200 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2018
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    823
    Да,и магнезиум и цинк не смееме. Значи автпматски и без семенки со мед (ако има семки од тиква). Јас си имав таква мешавина од семиња и си јадев по една лажица. Сега и на тоа треба да се пази.
    Значи генерално овошје некое да се касне, салата и ете компир варен... Аха,и месо веројатно може, нели?
     
    На Dikinzi и green.eyes им се допаѓа ова.
  9. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Врска немам, изгледа дека може :?: Нека каже некој друг ако има поупатен, да не изигравам паметна за нешто што не сум сигурна :)
     
  10. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.702
    Допаѓања:
    7.631
    Пол:
    Женски
    На ист ден свадба сме правеле, само јас на 17 добив :D. И ние одма пробавме, не верував дека од одма ќе биде ама ете.. Не ни сакав тест да правам, ама мм ми купи после 4 дена доцнење. И еве сме чекаме сега :inlove:.
     
    На Girl-Rabbit, ddevojce, Dikinzi и 5 други им се допаѓа ова.
  11. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    За витамините да се фатат најарно разделејте си ги. Ама јас ги пиев наеднаш тие што се за магнезиум и витаминските ( во нив има и за железо) со часа сок од портокал или вода. Ако само ѓелезо пиете најарно навечер пред легнување оти преку ден ако ги поете треба да чекате кафе да не пиете, лаеви, млечни раб итн. Насабајле магнезиум и тоа другото навечер тие за ѓелезо. Бидете најадени само и по еден два часа пијте ги, да не ве фати желудник.

    Хаха мажот ти како зајак си го јавнала секој ден :rofl:
     
    На Lorins, Girl-Rabbit, dunika и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.289
    Пол:
    Женски
    Што убавоо :D:inlove:
    Како договорени сме стапиле у акција :rofl:
     
    На Dikinzi и Cherry333 им се допаѓа ова.
  13. beba@meba

    beba@meba Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2018
    Пораки:
    458
    Допаѓања:
    1.237
    Пол:
    Женски
    Па чекај зарем Бошковски (ко што запомнив ти беше кај него) не те испрати на клиника да се запознаеш со докторот кој ќе те пораѓа.. од 38 недела мора да се оди секој втор ден на цтг и на преглед кај докторот кој ќе те пораѓа.. мене Васо до 38 недела ме гледаше кај него на цтг но после одма ми закажа термин кај негов пријател колега и од 38 па натака одев кај докторот на гак (бидејќи таму избрав да се пораѓам).. и од 39 недела докторот ми закажуваше цтг и преглед на секој втор ден но ми напоменуваше често да ги следам движењата на бебето во текот на денот и доколку имам чести болки веднаш да му се јавам и да одам на гак...
     
  14. beba@meba

    beba@meba Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2018
    Пораки:
    458
    Допаѓања:
    1.237
    Пол:
    Женски
    Пред 6 месеци бев на гак ... од 36 до 38 идев неделно на цтг кај мојот матичен но од 38 на клиника ме прати.. значи од 38 недела одев секој втор ден кај др Гирески... додуша он не се погаѓаше секогаш на смена но сепак негова замена ме следеше и секогаш ми закажуваа за два дрна преглед и цтг.. зарем е можно за 6 месеци да променат во врска со прегледите ?!?
     
  15. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.289
    Пол:
    Женски
    Не сум кај Бошковски. И јас сум кај Васо. Он ми кажа дека нема потреба толку рано да почнам со одење во Чаир. Секако ако има нешто да одам веднаш. Затоа сега ме следи. Се е ок, и нема потреба секој втор ден да одам на ЦТГ освен нели ако нешто недај боже има.
     
  16. beba@meba

    beba@meba Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2018
    Пораки:
    458
    Допаѓања:
    1.237
    Пол:
    Женски
    Епа супер.. со лено нека ти е.. терај до крај така како што ти кажува Васо.. зепак он е најдобриот од гинеколозите во државава... јас сум презадовилна како се грижеше за мене и мојата бременост ( ризична ) .. тебе ти посакувам со лесно да истераш до термин и да си се олесниш без проблем.. да си гушнеш живо и здраво бебче
     
    На Dikinzi и Starlič им се допаѓа ова.
  17. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    3.609
    Допаѓања:
    53.065
    Пол:
    Женски
    @ddevojce И мене не ми беше лесно :sweat::rofl:
     
    На ddevojce и Dikinzi им се допаѓа ова.
  18. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.289
    Пол:
    Женски
    Мислев да пишам дека може си со ризична бременост па затоа порано си морала да почнеш со прегледи на клиника, ама не сакав да згрешам или да те повредам. Да Васо е еден од најдобрите. Инаку јас немав никакви маки и проблеми во текот на бременоста,не повраќав, железото и шеќерот секогаш ми беа супер, бебуш се развиваше како што треба. Васо секогаш ми викаше дека се е одлично и нема потреба од грижи. Неколку пати го препрашував за да ми даде упат за во Чаир, вика зошто брзаш толку, уживај нема потреба. И затоа уште терам кај него. Фала ти. Се најдобро и јас ти посакувам.
     
    На beba@meba му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.702
    Допаѓања:
    7.631
    Пол:
    Женски
    Мислам дека зависи од докторот што ќе се погоди. Јас од 36 недела навака сум била 4 пати и секој пат различни ме гледаат. Прво ми закажаа на 7 дена, па на 5, па на 2 и после пак на 7. Ваљда на оваа последнава и изгледаше ептен мирна работата. Секако бев со препорака ако има нешто да отидам. И си мислев да одам да речам имам болки, ама стварно немам и бебо е активно, па еве задутре ќе ме видат.
     
    На Dikinzi му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Sandra456*

    Sandra456* Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2017
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    518
    Пол:
    Женски
    Zenicki dali vaka gi racunate nedelite /mesecite ??
     

    Прикачени фајлови: