Солено јади повеќе штом имаш низок притисок @elenaklasik ни еден симптом не е поврзан ни со пол, ни со коса, ни со бутур, се зависи твојот организам како реагира на сите промени кои ги носи бременоста. Не се јавува кај сите, а и нема одредена фаза кога се јавува, индивидуално е, кај мене на почеток на 9ти месец се појави ама ептен бледа, еве една недела по породување речиси и да ја нема. За болење боли, да не се лажеме дека ќе уживаш ама не се сконцентрирај на болката туку на моментот дека ќе си го видиш бебето конечно. Шетај меѓу контракции колку можеш повеќе многу побрзо се отвара така. Со бебето ке се снајдеш секако, инстинкт е тоа, сам ти кажува шо да правиш. Јас се рачунам во старите мајки, 29 имам Ко шо глеам меѓу најмладите овде сум била. Не битно, кој кога е спремен, кој кога може тогаш нек си има детенце. Некогаш не оди се по план и да сакаме.
@kockichka и @оли, браво за духот и енергијата. Го велам ова дека читајќи ве, се присетувам на други личности кои само се жалат за децата, колку е тешко, родила на 25 години, непланирано забременила, вака или така станала мајка (ако не сакала, голема е, нека размислувала за потоа) и потоа само се жали, и тоа пред мене во моменти ко ми било психички потешко... За потоа од истата личност да слушнам дека требало на 16г. да родела и да имала време за кариера. Оф тугоо. А кога ве читам вака ем млади и мудри ем изнауживани во животот, и со позитива и импулс, ми давате утеха. И дека сѐ во свое време си се случува.
Јас ја немам а прво ми е дури и градите не ми се потемнети претпоставувам дека сум со светол тен па затоа
мене пак ми се раширија пупките или како и да се вика тоа кругчето малку ми е поголемо од што беше ваљда е нормално
Linea negra се вика. Инаку и јас ја немам сега во вторава бременост, а во првата имав, некаде од кај 6-ти месец ми се појави. Не мора да значи дека во секоја бременост ќе ја имаме, јас сум посреќна што ја немам сега @kockichka ти си мој role model. Црпам од тебе, што за децава, пошто на иста возраст ни се, што животни мудрости Ќе те замарам ко ќе се породам со второво и јас
Линија имам ама бледа, скоро и да не се забележува. А ареолите ми се темни и огромни и градите ми се спуштени. Мене исто и нозете ми пораснаа еден број од почеток, не ми се отечени, едноставно ми се поголеми. Баш сабајле гледав видео дека не се враќаат во нормала најчесто, се сомневам дека ќе се вратат и моиве. Цели залихи чевли ќе ги наследи мајка ми, блазе нејзе . Вие што сте имале вакво искуство, ви се вратија ли стапалата на стар број?
Мене да, ми се вратија. И јас вака ко тебе разочарана бев, викав ќе треба сите кондури да си ги фрлам, ама не Има случаи кај што ногата си останува поголема, ама има и кај што се враќа на старо, ете како мене
Јас само имам читано за таа линија, линеа негра изгледа ја викаат...и во апликацијата ми пишува дека ќе почне да се гледа, а исто ништо немам. Секако не верувам дека е нешто за кое треба да се паничиме
Мене не носев 39-40 сега дури и 41 носам. Сега си викам уште за некој број да ми се зголемат и од маж ми патики ќе си носам.
Чувството е обострано. Секогаш уживам кога те читам и знам дека ќе имаме многу за споделување. Слободно обрати ми се во било која форма. Ти одговарам и си размислувам, сите форумџики што ми се драги ги замислувам на изглед како некој од моите пријатели со кои се слични. А ме замисли Оли, генерација сме, во исти години сме се журкале, а што ако таа што ја замислувам е таа позади никот . Ок, можда е тоа премалку веројатно, ама шансите да се знаеме од град, под услов да е од мојот град се огромни. Не ми замерајте што избегав од темата, денес спиев екстра пола саат и пукам од енергија , ама и мисливе ми се насекаде.
Со првото ми се појави сосем бледа, ама ја имаше, а сега немам ништо. Со првото и повлакнеста бев, сигурно и не е нешто поврзано ама многу различни бремености сакав да кажам
Молете се да се зголемуваат, потемнуваат и да се менуваат до непрепознатливост. Јас со првото си се радував градите дека исти ми беа кога отидов на пораѓај, само малку потемнети и кога ќе ме видеа сестрите ми викаа ааа бебе нема да фати немаш брадавици, јас шок! Мамиче ми се расплака додека фати, месеци борби за доење, затоа сега брадавиците ми се огромни и темни, а градите малку виснати - да има што да фати а не како првиот пат да го пикам во мене и града не се гледаше
Индивидуално, со првото кај 6-7 се јави, сега со второво ептен бледа тадури не се забележува, баш неќна и @ddevojce прашуваше за ова Исто и јас Со второво некако повеќе страв имам.. Да, треба да се рашират, и треба да потемнат, не е научно докажано, ама потемнувале за бебето да може да ги види, да научи како изгледаат, и да ѓи препознава. Со првото ми се проширија и потемнеа, дека доев сега ми се плус и виснати До душа сега набабрени, ама коа не доев беа суви ..суви виснати сливи