Аа гледаш заборавив тоа да го пишам. Уште е така горе е водењакот, горе е бебето уште важи тоа, да викам брза помош ако пукне. Му велам шо ако ми пукне на улица или у некој трговски. Вика исто ќе си легнеш и ќе кажеш на некој да ти викне брза помош. Велам како бе да легнам у јавност?? Па така, народот нема да разбере ама брзата оомош ќе знае Брисеви у 37 недела ќе ми зима за стрептокока, а викам за кламидија, вика на почетокот правевме нема потреба. И така. Има уште време д, ајде белќим ќе се заврти, додека правев цтг правев филмови у глава како што ќе биде царски си замислував.
Ќе помини, без гајле. И јас до кај 12 недела и со лошење (ретко повраќав) ама со огромни болки во желудник бев и не можев да јадам секаква храна. После 13 недела веќе почна да се подобрува, сега ми е супер само имам како камче во желудников после јадење ама не е страшно, далеку како на почеток. За понатаму, ќе видиме. Инаку, ја имам таа линијата на стомак, ид папукот надолу ми е потемна ама имам и нагоре кон градиве, таа е посветла. И друго, бев на гости, имаат куче и секогаш се пазам да не ми скокни на стомак( си има таква навика) и вечерва баш ми скокна малку ме фати страв, вака една секунда како да снемав воздуха, ама погоре ми скокна, и си викам не е страшно пекинезерче е , не е големо некое ама кога така изненадно скока, и да не си бремена ќе потснемаш воздух. Јас пак навечер како што сум надуена, уште тоа ми фалеше. Ама ништо не ми е, немам болки или којзнај што, се надевам така ќе остани. Јас па одма во веце истрчав да видам да не имам крв нешто...пу пу пу...
Ооооо душа иста бев и јас. Мислев ќе умирам. Едвај издржував на работа, повраќав по неколку пати во тие вециња бљааааккккк, се трудев психички сама да си влијаам ама ништо не помагаше. Секој ден си поставував нов тест за мачнините, пример денес непечени бадеми, утре чај од ѓумбир и се така пробував се што слушнав и што прочитав. Броев денови, недели, се тешев некако. Земав 1недела боледување и убаво ми дојде. После секоја помината недела бев се подобра. Сега уште имам мачнини и повраќам чат пат ама поиздржливо е каде каде и кога ќе го осетиш па тоа мало животче како си претка внатре те потсеќа дека си живее и расте во тебе среќата е неизмерна
Пробај да грицкаш неколку зернциња ориз, тоа на почеток ми помагаше колку-толку, а сега ( 38ма недела ) буквално ништо.. полошо ми е него на почеток. Киселини до гуша, на вечер во 3-4 саат се будам да повраќам, колкава ли коса ќе има оваа пуфла.
Е јас со првото имав киселини во 8ми, ама рупурут ме спасуваше. Да пробаш така? @strelkata @SanelaS @Dikinzi @Kate Rina 93 @lavinija28 фала најјјј Инаку имам козметичко мое, нема шанса да го затворам сега, а сама сум, декември е хаос, јас едвај работам, па и повраќам, па работам, ама знаат клиенткиве и полни се разбирање и направив само втора смена да одам за да не се преморам оти од се се задишувам. А инаку да, притисок имам 90/60
Машко е и ова, ама еве сега веке 31 недела и ја нема таа линија како првиот пат. За повраќањево и јас сум иста и со првото и сега со ова, посебно навечер нема шанса да заспијам, а да не повратам предходно како камен да имам во желудник.
И мене ми е попладне секогаш потешко, да не речам најтешки саати имам тогаш. Сабајле во 2:30 исто ме разбудија нагони, не знам... А се надевам и едвај чекам до 13та недела да дојдам. Два мажиња а? Јас сакам женско второ (и за првото сакав де хахаха ), ама па и машко да е ќе е супер, другарче ќе си има Константин и онака му треба. Само си викам може требаше порано, мн разлика ми е некако сега скоро 4 години.
@ddevojce првото бебе на ден на термин 2 пати се сврти. Кога бев кај матичната беше со главата горе и таа брзо на болница да одиш да зборниш за царски. Во рок од неколку часа на болница кога стасав веќе беше со главата долу. Сега второво, во вторникот беше со главата долу, а вчера напреку, главата лево. Инаку 38ма недела сум. За царски, еве пр јас мн убаво поминав. Со спинална, општата не е убава ниту за бебето. Со спинална ем не те боли, ем одма ќе си го видиш бебето. Доколку дојди за со царски, најдобро да си послушаш лекар тогаш што ќе ти предложи. За брисевите и мене исто ми рекоја, нема потреба втор пат. Само стрептокока сега. За во Германијава зборувам. @LadyC за линеа негра, мит е. 2 девојчиња и ја имам и за едното и за другото
Здраво мешиња.. Јас се враќам од ГАК, синко спие абер нема. Цтг ништо не покажува. Контрола во понеделник, тогаш ја начнувам 41 недела. Се разочарав малце, во исто време сум нестрплива, ама ќе си почекаме за гушкање изгледа. А глувчо не напредува нешто посебно во стомак.. Сега ќе спијам, да го искористам трудничково што го арчам пред да дојде бебуш .
@Cherry333 кај и да е ќе излегува, нема кај да бега. @Lorins Фала, ама сепак те правеа царски со првото иако се сврте у последен момент? имам прашања: 1. Дали ќе носите улошки кога ќе влезете у девети?? За ако ви пукне водењак некаде, колку толку да имате заштита?? Јас душекот на спалната го заштитив со специјални подлоги шо ги ставаме на душеците да нe се помочуват децата. 2. вреќичка за спиење се двоумам која големина да земам. Има броеви 50/56 и 62/68. И двете вреќички се прават на половина се подвива спрема детето како ќе расте. Дали со ракави или на кимоно да биде?? 3. Дали ќе го мачкате бебето кога ќе се роди со некое масло или крема на телото и лицето? Ќерка ми кога се роди имаше екстреѓно сува кожа,до два месеца и се лупеше кожата. Буквално како изгорена од сонце да е била и така се лупеше. Од болница ми дадоа масло од миндел и со него ја мачкав на почетокот. Неа морав да ја мачкам.
Бела проѕирна течност, ако се стиснеш може ќе потече, ама ако не си 9-ти не се стискај, може контракции лажни да добиеш. Кога водите љубов мажот ти малце нека олабави околу нив не е страшно ама незгодни се, ние кога имаме односи, имам контракции, после магнезиум пијам. Иначе малце забегав од тоа што сакав да го кажам..има жени им тече од 4ти месец колострум, де шетаат со флеки на гради не де дешава кај сите така. А кога ќе влезеш 9ти, почни сп кружни движења на градите, добро е за стимулација на млеко Не си прави бајрам на мозокот, ќе се сврти ќе видиш А ако ти рекол да си легнеш така и ќе направиш, гајле ти е за другите, гледај си ти здравјето на бебето. А мене брисеви ми зема во 30та недела, и немала да зима пак, нормално ли е ? Ох бе душа, коа имаш свој бизнис тоа е , ајде лека полека. Тие се жени треба да те сфатат. Чим ти е низок притисокот пробај него регулирај го, може ќе ти стане подобро. Со лесно мајче Да, за новороденче, за оние кои што повраќаат доста, ја лично ја немам користено, моите кумашини за малото ја користеа.
Над 3 кила ќе биде ќе видиш А за спиењето тотално те поддржувам, одмарај дур можеш Улошки не планирам да носам, не ни мислам на тоа . До душа не мислев..сеа ти ме замисли Вреќица купи си 68цм, ќе ја користиш подолго, па и удобна треба да и биде и нејзе. Јас нема да користам, барем така сум во план, ја грееме собата, ќе биде облечена, и онака не претаат многу, па ќебенца доста ќе и бидат. За мачкање ќе ја мачкам да. Иначе кажа првото дека си го мачкала, оти се лупело, така е душо кога ќе го надносиш бебето, кожата им се лупи на надносени бебиња. На ќекра ми е се лупеше исто скоро 2 месеца. Не е ради сува кожа тоа Иначе планирам и вторава да ја мачкам, првото дека ја бањавме секој ден, ај да не биде мачкана секој ден, преку една ден. А второво не планирам да го бањам секој ден, па ќе си ја мачкам по секое бањање.
Луѓеее јас денес сум последен ден на работа од понеделник сум 37 недела и ќе си го отворам породилното да си се спастрам дома со се да сум спремна и да поспијам малку. Инаку за колострумот јас го забележав уште од 5 - 6 месец и баш чудно ми беше и сега мислам само се зголеми што е и логично само кај мене не забележувам капки туку како лушпи имам. За козметика си купив цела колелција на фризидерм имаат доста пофалби па со тоа планирам да ја мачкам дека пишува за лице и тело на лосионот. И така ептен сум возбудема неможам да го дочекам моментот да се гушкаме, што се тиче пораѓај не сум воопшто исплашена едвај чекам да помине за да се запознаеме
@Cherry333 во исто време сме биле на ГАК и јас пред малку си дојдов дома. Инаку мене вчера ми правеа цтг не е рано за 35 недела бидејќи имам висок притисок исто и ме боцнаа незнам што сакаше докторката да види па сабајлево бев со резултатите да ми ги види и кажа дека се добри уште д-димери треба на 26 да проверам и на 30 сум пак на цтг. Исто и јас ќе си легнам времево е баш за спиење
@LadyC трудничко сиииии? Ајјј не си свесна колку се израдував. Лесна бременост женче, уживај во бременоста.
Кога се пораѓав беше со главата долу, додуша и ми рекоја ако е карлично пак можи да одиш природно. Од вечерта, до сабајлето ме чекаа за природен. Само се јави друг проблем кај мене, срцевите тонови на бебето се намалуваа, стопираа незнам, при секоја силна контракција и завршив на итен царски. Влошки, секојдневни некогаш ставам за излегување, инакви не. Јас во вреќа без ракави го ставав бебето, само нз која бројка беше. Ќе ти пишам ко ќе видам Ии не го мачкав бебето со ништо.
@Dikinzi не знам ни јас далиќе носам. Сега носам секојдневни дека бело прање и ккао помочена се осеќам, ќе видам. Правам си екскурзии на мозокот со водењакот а инаку за тоа не сум знаела дека се лупат бидејќи се надносени. Не ја бањав и јас секој ден. Ние шетавме по малку, не седевме дома 40 дена. Сега и со ова не планирам дома да клофам. За врњќички се мислам уште затоа и прашав. Големата не ја ставав у вреќа си спиеше со јорганче. Имав една вреќа купено као за пролет околу 68 големина не ја користев. И една добив на подарок 56 бр мислам е не стои бројка ама тоа е само ккао материјал обична не ми се допаѓаат и двете шо ги имам. Како се исперени така стојат. @Lorins фала. @Dikinzi со што мачкаше? @Ms allways right јас ако ке се лажам на фризидерм користев млеко за сончање и многу бев задоволна од него. Сеа ќе гледам ско мачкам нешто да е природна база, и welleda се исто убави малку се поскапи со невен се, незнам дали ги има во мк