Леле ќе пукнам.. Ме мава некоја депресија и нервоза, не можам да се смирам од вчера навака.. Цело време лежам у кревет. Немам воља за ништо, треба ручек да правам, а немам идеа што да биде, ниту пак желба да направам. Треба денес да одам на цтг, се мислам дали и тоа да го направам. Ме нервира што бебе нема абер за излегување. Гајле и е... Мене ми е се потешко и помачно.. Ми се тресе цела снага.. Вознемирена сум.. од недела веќе 41 ја фаќаме.. Изгледа сепак ќе треба царски да се закажува..
Jas 8 mi sum I nefarbana ostanav celo vreme treba da miruvam a na flizer se farbav I nisto sega taka si dremam
Ако ти пукне водењак не те спасува улошка Вреќичка подобро да е на кимоно,го пикаш бебето и закопчуваш, вака со ракави ако ти заспало пред да го ставиш,додека му ја облечеш ќе го разбудиш. Земи си 68ца ако сакаш 2-3 месеци да ја користиш. Зависи од бебе до бебе,моево е 2м и 10 дена веќе носи 68ци,пораснат е 9 см од раѓање. А и треба да е покомотна вреќичката. Види во стружанка имаа на фб објавено. Бебето го бањам и мачкам со Мустела купка и млеко за тело. На почетокот имаше лушпи на дланки,рачиња,ноџиња,па тие суви делови ги мачкав со Јекодерм и за 2 недели се среди. Објаснувањето од патронажната беше дека бебињата биле замотани во обвивка која откако се раѓаат треба да падне. Во 39та недела се породив. На лице не му ставам ништо,сега за ладно време ми препорачаа крема за заштита од студ и ветар,во план сум да земам од Веледа. Мајче до сега ти направија ли преглед со рака? Ти кажаа ли дали бебето има заземено позиција? Количина на плодова вода, степен на зрелост на постелка? Не се нервирај,ќе излезе,нема кај да бега
Не се плаши од царски и спинална.. и јас така бев ко во паника дека нема да можам да ги мрдам нозете и едвај чекав потоа да почнам да ги чуствувам но за брзо пак си се нормализира.. подобро спинална отколку целосна.. имаше со целосна им беше лошо им се повраќаше со ова се ок вечерта и ке те станат.. само со лесно да е..
Ние ја зедовме за бебушот сеа.. баш ваква ни препорачаа на болница.. ок е али нишо посебно според мене баш и бебо сеа знае да си блјуцне после јадење, нема некој ефект, а може да се користи и за поголема возраст.. на оваа некако запагува бебчето налево надесно па му ставам и крпи од по страните да не замине некаде )
@Sofi.ja Преглед со рака не ми е правен никогаш. Пред две недели кога бев на цтг ми правеа и ехо, имаше плодова вода колку што треба. За постелка ништо не ми рекоа. Наместена е со глава надоле.
Зошто царски? И како тоа преглед со рака не ти направиле? Така ќе видат колку си отворена. Плус над термин си. Може веќе е почнат процесот. Види со докторот што ќе те пораѓа разговарај подетално.
Кој процес? Ништо не чувствувам. Бебе мрда, најнормално е се. Епа го одминувам терминот, затоа реков царски може ќе треба.
Јас се породив 41+ ништо не чувствував, отидов да раѓам веќе отворена 5 прсти. Ме задржаа во Чаир, после преглед со рака.
Уште одиш кај матичен или почна во Чаир? Кажи дека имаш болки и ќе те проверат со рака. Така барем ќе знаеш нешто повеќе,а не вака статус кво. Инаку мислам дека даваат провокации,па ако нема реакција се оди со царски. Чекаат уште 14 дена од термин.
Уште сум кај матичниов. Денес нема да одам на преглед за цтг, во понеделник ќе одам, тогаш и ќе барам упат за Чаир.
@Sofi.ja не е за тука ама кoга веќе пиша да прашам?? Штo ставаш пoд вреќичката?? Кoлку е oблеченo бебе? Мoже да ми jа сликнеш да видам дали е истo дебела сo мojата?? @Starlič не се грижи ќе си дojде, каj мене за пoмалку oд 12 часа се заврши рабoтата...сега има денoви кoга сум ненаспана и на мм му викам сакам на еден ден да сум трудна На сите мешиња ви пoсакувам лесна бременoст, уживаjте преубав периoд е тoа. Jас сега пoстojанo си гледам слики oд периoдoт кoга бев сo меше, самoтo спремање за бебе сo мм, се нештo фали вo главата на мама....а сега плакарoт не и се затвара oд партали
Користи ѓи на пролет, баш се добри вреќициве, и онака се за спиење. Не мора да се лични, нека ти бркаат работа, и онака за брзо ќе ги порасне Јас ја бањав со еуцерин, и ја мачкав со бекутан. Во недела мислиш 40 недела ќе си точно ? Каде душо се залета ти во Чаир царски а ?? Ќе си дремеш мила таму до крај таму нема царски на лепе очи ни провокација Јас бев во Чаир, него ме буни што до сеа не си била ниту еднаш на цтг таму ? Јас кога влегов 9ти одев секој петок таму на цтг и на ехо, а кога направив 40 недела одев секој 2 ден на цтг и ме проверуваа дали сум отворена. Се породив дента коа направив 41 недела,природно без провокација. Чекаат тие до 42 не се секирај ти А зошто немаш уште упат за таму да одиш ?
@Dikinzi Затоа што матичниов мој мисли дека нема потреба да одам уште сега во Чаир, најверојатно бидејќи се ми било супер, сум имала убава бременост, и доволно вода,и дека цтг било супер, т.с во понеделникот ми кажа така. Да во недела со 40+ почнувам.