Ниско ти е а многу рано си уште во бременоста. Пиј немој да избегнуваш, зошто не знам суплемент со железо што е пријатен. Од тотхема па ќе ти се гади во моментот додека го пиеш, а и после нормално. Немав јас апетит ич кога ги пиев, ама подобро е кога ќе каснеш нешто. Сега сакам овие твоиве да ги земам, зошто сигурно ми паднало железото и мене, а немам проверено, немам упат земено. За хеликобактерија не знам што да ти кажам, не мора да значи дека ти е вратена ама провери си..
Јас земав коприва да варам чај и какао во зрно. Наредна недела ќе испитувам крв, па ќе ти кажам ако имам подобрување.
Прочитав дека семе од коприва, чај од коприва не се препорачувало во бременост, предизвикувало контракции во матката,колку е точно не знам Јас јадам,машала, имам апетит ама ете железото катастрофа. Може и случајно ми се погоди гадењето со времето кога го испив прашокот, ќе видам утре пак ај Инаку уште едно прашање. Можам да ги пијам во исто време магнезиумот, сидералот и вит Ц? Не ми кажа матичнава дали треба на размак или може и заедно
Оф мешка, нит водење љубов, нит секс едино гушкање, најбезбедно е . Јас неколкупати сум ги чепкала пупките, ама не сум забележала дека предизвикуваат контракции. Макар шо има логика, ерогена зона се. А бре не можам поради тоа да имам секс, не ми дава нешто однатре, плус и ми е страв дека мн контракции ќе ме стегнат. Фала ти за советите . Инаку @Enci200 , не е ова моево колострум, зашто како шо рече @Dikinzi течност е, а кај мене е како сиресто.
Има чаеви кои е безбедо да се пиијат во бременост, на пример од коприва може, една чаша дневно, исто и од ѓумбир колку што памтам од кога бев бремена. Но да, повеќето чаеви, меѓу кои и познатата камилица не се препорачуваат во бременост и предизвикуваат контракции.
Дали сите во 35та недела сте правеле испитување за стрептокока? Матичната ми нема ништо кажано, ама на интернет прочитав дека е пожелно...
Пиев едно време кај 6-7ми месец и плус Тотхема, добро памтам. Јас и не трудна си имам дефицит на железо , кога и да проверам, така што и пред да бидам трудна и за време на бременост (баш читав дека е безбеден од коприва), а еве и сега, дали семе, дали чај, од време на време си конзумирам. Слободно по една чаша. Можеш ако ти е толку страв да си се консултираш со докторот, ќе видиш дека ќе ти дозволи. Ама од Тотхема нема поефикасно нешто, мене во брменоста само тоа ми помогна брзо и ефикасно, го пиев се сеќавам со сок од боровница, не се осеќа така, ич нема да ти биде грозно.
Јас не пијам тотема, некоја друга членка беше. Јас си почнав со коприва и какао превентивно. Инаку, тотема имам пиено многу одамна и ги пиев со многу малку сок од портокал или боровница на екс со затнат нос И знам дека треба да се внесува и ц витамин за железото да се сврзе со нешто (не ми текнува како беше)
Па поубаво така кај матичниот да си одиш барем знае и те прати, не како мене ме мрднаа на клиника и онака сеа 1 доктор нема што ме има гледано 2 пати и само различно ми кажуваат ме испоизвадија од памет .
Ти како си? Има ли нешто на видику? Изгледа нашиве инати ќе бидат. Дали го чекаат вториот снег или први бебиња во новата да бидат. Денес бев толку разочарана и изнервирана, помислив на многу глупости... после криво ми падна што мислев така... Не отидов ни на преглед, оставив за во понеделник.
Ништо нема.. И јас се испоплакав прееска без врска, ми попуштаат нервите на моменти. Сега бебе нешто лудува и малце имам болки дека бев да шетам. Ќе го терам мм секоја вечер да ме ака негде, може ќе помогне. Ајде ќе се тркаме ние гледам
ee женички да ви се пожалам, малку сум тажна, умре хрчакот пред малку грехче. Додека примаше терапија добар беше, заврши терапијата и толку, му се влоши состојбата ослабе ни јадеше ни пиеше и си умре Како ќе кажам сега на детето не знам. Ќе го однесеме кај ветеринарот утре и таму ќе го оставиме, ќе и речам дека треба таму да биде во болница и да оздравее.
Абе се е тоа супер, ама малце ми е чудно Да, на поглед е проѕирна, а ваљда кога остава дамка е жолтеникава, јас носам темни елечиња и затоа не сум забележала. Стискање на градите сега не е пожелно. Спомни си обавезно, иначе прееска баш бев на преглед, и коа зимаше мерки ко да ѓи земаше од кутура, прави кругче гледам повеќе од тоа што е бебе, ама не се замарам јас со тоа. Си намалувам или си додавам оти одприлика е толку. Може и кај тебе така прават, се набрзина за да завршат работа побрзо. Ако ти викаат дека се е во ред, верувам дека е така Тууу, ептен ме бендисува, многу е убава Со здравје да се користи Тоа не е причина за плашење, ниту пак поврзано со немање млеко, далеку од тоа..такви претпоставки баталете. Честитки мила, добре дојде..со лесно и добра мисла Хахахахааа ме изнасмеа сите се плашиме а безбедно е Да појаснам околу контракциите, како што кажав не се болни, ниту опасни, само се незгодни. Инаку кога се допираат или стискаат градите, а тоа ќе го забележите после од кога ќе се породите и бебе кога ќе цица, ќе имате интензивни грди контракции, мене ми беше тадури тешко од нив, и најчесто се за да се ичисти матката целосно по пораѓај, бебе цица, контракции се јавуваат, меѓутоа е мајка природа и така треба да биде, тоа си е нормален процес на чистење. А за тоа што е сирест и кај мене е така, пупките ми се полни со такви белки, прво е течно па после си се суши. Не мора да има, не е обавезателно. Треба да го има од кога ќе се породите..сега е ствар на хормони, и секое женско тело е раслично. Жено, ај кулирај и одмарај уште малце дур можеш Иначе мене кога ми пукна филмот, рипав дома како на јаже, имавме голема љубов јадев луто ..и така реши излеа да испаѓа Кога ќе те фатат болки, измеѓу контракции ќе правиш клекни стани, или па само ќе.клекнеш и ќе дишиш длабоко, ќе шеташ цело време кревет избегнуј, за да се отвориш побрзо. Истово важи и за @Starlič Ох леле душа мила... баш ми е жал. Убава ти е идејата така да и кажеш на малата, подобро за неа