Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.203
    Допаѓања:
    26.194
    Пол:
    Женски
    Да го раскажам моето водење на бременост во странство.

    Кога дознав дека сум бремена одма го фатив телефонот за да закажам термин на гинеколог. После точно побарани 12 доктори конечно најдов слободен термин и тоа прв да ми биде во 10та недела (а до 12 морам да направам преглед за да ја добијам книшката Мајка-Дете). Секако мене не ми се чекаше толку време си тргнав за Мк, после толку многу препораки решивме да одиме кај Др. Петрова во Ремедика и во 5тата недела ни потврди дека има срцева реакција и се е во ред. Одлучивме секој скрининг да го правиме кај неа, а за редовните контроли да си го водам тука. Не знам кој баксуз сум па морав кај оваа докторка да накапам, ни на живо се смее-ни на умрено плаче. Пошо ми е прва бременост, не ни знаев дека треба да пијам витамини бар во првиот триместар, ниту ми зеде брисеви, се тие работи ги прочитав тука. Кога ме праша Елена каква терапија користам ( Флорна киселина,магнезиум..) јас како падната од на марс. После 20 недела сама си одлучив никакви витамини да не земам, докторкава моја ниту некогаш ми ги спомнала. Во 31 недела на контрола кај нејзе животов ми се скрати, според неа бебчето било закочено во развој 2 недели и тежело само кг., јас од ординација излегов со плачење, маж ми закажа одма скрининг за во 32 недела кај Елена, фаќање авионот и право таму. Фала Богу според нив ( Ремедика ) со бебуш се во ред 1700кг., нема место за паника. Јас лута веќе не ми се враќа назад сакам да се породам во Мк. Последната контрола кај нејзе во 35 недела конечно бидна, па со очи да не ја видам инаку притисокот кај неа кога и да ми го мереше беше над 150 големиот, нејзе мува не ја лази. Се запишав во болницата кај што ќе се пораѓам, таму чекам 3 саати за да предадам документи, не ми се верува дека тоа се случува тука. Прва и последна контрола во болницата во 37ма недела, обично ехо, ЦТГ не знам како функционира, вагинална контрола? Што е па тоа? Само ми беше кажано, спремај торбицата кога ќе имаш болки или пукнат водењак викај брза помош. Кога читам тука какви се прегледи сте праеле, колку пати одите на прегледи,што не сте пиеле стварно се чудам кога ќе речат некој Македонија биле затуцани докторите ,дефинитивно сами се подценуваме ама апсолутно за се.

    Сега ја чекаме пуфлата да дојди на свет, па ќе ви раскажам за породилното искуство во странство.
     
    На Autumn_, Lorins, Ms allways right и 13 други им се допаѓа ова.
  2. *malenavolena*87

    *malenavolena*87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2019
    Пораки:
    1.699
    Допаѓања:
    3.500
    Пол:
    Женски
    Девојки денес ми беше последен ден на работа :)
    Почнува одмор после тоа породилно и се осекам супер штом нема веке работа :) Инаку од вторник здравје 36та а едвај чекам да дојде пошто имам закажано преглед кај матичниот и ради тие бактериите едвај чекам да ја види беба да ми каже што и како..... Се надевам дека срце мајкино е добро и дека си напредува како треба како што рече пред 2 недели.... Инаку ради бактериите се мислам дека ке завршам царски ама како треба така само Господ да не чува и да бидеме и беба и јас добри.
    Ме фака фуфка пошто се ближи денот ама се храбрам ке се гушкаме со куклата моја. Иначе скроз сум хаос само заборавам нешто како смотана и кога јадам се се прљам ко прасенце сум :)
    Толку од мене :)
     
    На Lorins, Ms allways right, 0ли и 9 други им се допаѓа ова.
  3. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.950
    Допаѓања:
    12.179
    Пол:
    Женски
    А може да пишиш во која земја ти се случувало ова патешествие? Ако не е тајна...
    Стварно малтретирање големо си доживеала, ама ете набрзо ќе се израдувате со Господ напред (fingers)
    Само за убаво и те очекуваме со убави вести! :*
     
    На Ms allways right, Girl-Rabbit, Dikinzi и 2 други им се допаѓа ова.
  4. lavinija28

    lavinija28 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    Јас после позитивен тест и бхцг, бев во 6 недела и 3 ден и одма на почеток од 6 недела ми се јави кафено. Др виде точка, сакус и срце се слушаше. Заради кафеното ставав утрогестан 2*200мг и тоа се до околу 18 недела кога направив прекин од 3 дена (по совет од др), но потоа пак имав кафенко. Сепак, се констатираше дека второво кафенко било можда од ниската постелка, а дека сум имала долг цервикс, немало потреба од утрогестан. Ставив само едно пакетче онака преввентивно, и веќе не ставам. Се надевам нема да има потреба понаатаму....Битно, ти посакувам да си видиш точкичка а за кафеното доста од нас го имале во тој период. Со среќа :hug:
     
    На 0ли, Girl-Rabbit, Dikinzi и 2 други им се допаѓа ова.
  5. betty oh

    betty oh Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    85
    Пол:
    Женски
    Mi pristigna mojata ubavica Jana So les i tebe mamicka ❤
     
    На Lorins, Ms allways right, Martka и 14 други им се допаѓа ова.
  6. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.203
    Допаѓања:
    26.194
    Пол:
    Женски
    :l::l:
    Австрија, стварно за некој работи е ептен средена земја ама за ова немам добро искуство. Не велам дека сите доктори се лоши, мене ми се паднала таа ладнокрвна докторка која воопшто не беше заинтересирана за вршење на нејзината работа како што треба. Чудни ми се и прегледите во болница т.е немам прегледи :sweat: фала многу, све најдобро и кај тебе па сите да им се радуваме на нашите срциња :l:
     
    На Girl-Rabbit, Dikinzi и elenaklasik им се допаѓа ова.
  7. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.289
    Пол:
    Женски
    Нека е жива и здрава малечката. Брзо опоравување.
    Ние уште чекаме. :hug:
     
    На Lorins, Ms allways right, Veki4kaa и 3 други им се допаѓа ова.
  8. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.250
    Допаѓања:
    148.760
    Пол:
    Женски
    Конечно нормална вечер. Замислете не ми се гадеше за прв пат. Толку бев среќна, што направив палачинки и се изнабрцав те солени те благи и не повратив и немав мачнини. Извинете сите сте тука дупли, ама која сака бујрум :*
    Сабајле на два портокали бев од што не можев да стојам од лошо што ми беше, вака "нормално" заборавив кога се осеќав последно. Не знам дали ќе трае , ама за сега сум многу среќна, нек трепка :inlove: :rofl:
     
    На Lorins, Ms allways right, Sexybaby86 и 20 други им се допаѓа ова.
  9. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    3.609
    Допаѓања:
    53.065
    Пол:
    Женски
    Мешиња јас се извадив oд памет денес.
    Ми потече баеѓи вода од доле измешана со крв.
    Ме донесоа во болница,бебушот е добар,вода има доволно. Ме задржаа денес во болница за секој случај. Но никој не знае да ми ја каже причината за крварењето и водата.
     
    На Ms allways right му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Баш ми е жал можам да замислам колку си се исплашила. Среќа се е во ред, ти посакувам така да остане. :hug:
     
  11. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    3.609
    Допаѓања:
    53.065
    Пол:
    Женски
    Се мислам што грешка напраив што прокрварев. Се си беше нормално, ко секој ден. Не знам навистина :|
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Enci200

    Enci200 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2018
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    823
    Не може да се генерализира. Јас дел од бременоста ја водев во мкд и дел во странство. Споредувам приватно со приватно здравство.
    И Систина е каде каде позаостаната. Специјалисти има, но организација доста слабо. Сме чекале и по 2 саати таму. А да не зборуваме, непрофесионално однесување - сестрите се бацуваат со некои клиенти, што им се поблиски, па срцки мрцки...мене тоа не ми се допаѓаше. Може сум поладна личност.
    Јас каде што сум сега си имам апликација, преку неа си закажувам термини за прегледи, во ист ден имам резултати, ми ги праќаат онлај не морам да одам ни да ѕвонам. Ако имам нешто прашања можам и онлајн да си пишам со акушерка/ендокринолог/педијатар.

    Во мкд ништо не преземаа околу моето повишено тсх (а имав повишено и им дадов резултат), а тоа е доста опасно во бременоста...среќа овде е рутинско испитување за бремени и сега примам терапија.
    Нормално ми препорачуваа различни суплементи во зависност која недела бев и кои потреби ги имав.

    Единствена разлика од мкд е што овде микробиолошките брисеви се се прават, но јас на своја рака си ги направив.
     
    На dunika, 0ли, LadyC и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    6.162
    Пол:
    Женски
    Сега за сега супер си тераш, цице па дохрана, ама 60 мл на новороденче му се многу, тоа по 30 мл пие :D Ќе ти бидат отечени, и не дај боже болни..пу пу пу поплукај се таму. Ќе надојде сега млекото наеднаш, ќе сетиш и по бебето, најчесто наеднаш иде па се засркнуваат кога цицаат ( тоа е рефлекс на испуштање на млеко ј пецка кога иде наеднаш) цело време нека цица, следи му влечење, голтање и дали е фокусиран кога цица, кај мене малата од кога стигна убаво млекото беше готова за 5-6 мин цицање. Седнува се нацицува, и после може да си дреме, има бебиња цицаат по саат време оти ѓи мрзи да влечат. На 17 ти се породи, денеска 21..кај и да е треба убаво да стаса. Иначе коа ќе се стиснеш бело ако тече млекото е . На фб лајкни ја страната подршка на доењето и што не ти е јасно прашувај ѓи, јас од таму научив доста, се уште ѓи следам со прашања секој ден :*

    :*

    Без паника 80 % од жените имаат такво крварење, нема потреба да се плашиш, малку одмор, користи ѓи препишаните лекови и се ќе биде во ред :*

    Аууу господе..па тука кај нас значи ние сме се траќале ! Знам на запад малце б'ја не ги лази..ама до волку..како можат алал да им е ...

    Да сте живи и здрави :*

    Секој ден да ти е така :D Ајде више можда се смирува :*

    Која недела си ? Те прегледаа ли ко шо треба ?
     
    На betty oh, Bubish26 и Milicka* им се допаѓа ова.
  14. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    3.609
    Допаѓања:
    53.065
    Пол:
    Женски
    @Dikinzi 13та сум, ме гледаше на ехо прво, рече супер е, одговара за 14та недела, вода има, вели стварно не ми е јасно од каде вода толку да ти тече. После вагинално ме прегледа, со рака,прст не знам. Вели затворена си. Срцето убаво мѕ чукаше на бебето..
    Не дигав тешко ништо. Пред да ми се случи ова влегов се бањав и се бричев долу, ама клекната,раширена.. ми е да не сум направила некоја беља со тоа дека клекната.. Само што се средив,после 15тина мин ми потече
     
    На Dikinzi му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.731
    Допаѓања:
    182.346
    можно е бри бањањето да ти има влезено вода а при бриченјето да се имаш изсечено малце па од коа си станала си се обекла и ти истекло на станувањето
     
  16. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    3.609
    Допаѓања:
    53.065
    Пол:
    Женски
    Многу вода потече,ко да се измочкав , и крв имаше ,не изгледаше ко од исечено..
    Леле извинете на деталиве,ама навистина се извадив од памет и не можам да престанам да мислам од што ми се случи тоа
     
    На Dikinzi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.950
    Допаѓања:
    12.179
    Пол:
    Женски
    @Kate Rina 93 , можно е да е од тоа шо си била клекната и раширена, бидејќи си била во понапната положба. Знам овде на форумов прочитав ја советуваа една членка за полесно да се отвори, да прави вежби да клекнува итн. Ма веројатно од напонот дошло до тоа. Крвта беше потемна, кафена или? Аман чувај се, мн не се напрегај. Се` да си продолжи во ред со бебенцето :l:
     
    На Dikinzi и Kate Rina 93 им се допаѓа ова.
  18. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.289
    Пол:
    Женски
    Не се секирај, штом ти рекле дека е се во ред. Со нервоза повеќе ќе си наштетиш. Штом има доволно плодова вода и штом сте го слушнале срценцето нема потреба да се грижиш. Чувај се. :hug:
     
    На Dikinzi и Kate Rina 93 им се допаѓа ова.
  19. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    3.609
    Допаѓања:
    53.065
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам на сите, се смирив сега. Штом бебуш е добро ,немам гајле.
    Инаку @elenaklasik свежа крв беше. Не беше кафена или мн темна. Онака црвена,нормално.
     
    На Dikinzi, Sexybaby86 и elenaklasik им се допаѓа ова.
  20. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.203
    Допаѓања:
    26.194
    Пол:
    Женски
    Одлично, јас само скрининзи правев во Ремедика и можам само да ги пофалам, посебно Др.Елена стварно пријатна жена пред се, па после феноменален доктор. Не знам каде живееш, верувам дека секој доктор и секоја болница функционираат поразлично, тука каде што бев јас искрено сум тотално разочарана. 5 обавезни прегледи и на сите 5 повишан крвен притисок и ништо да не се превзема за тоа, витамини да не ни знам дека постојат додека не ми кажаја во Ремедика, згора над се ладно соопштување дека плодот е закочен 2 недели, а уствари да си е со него се како што треба.. не знам како е Македонија за живот, не знам какво е општо здраството само од мое искуство многу подобро него ли тука (државно не сум била). Се надевам дека кога ќе дојде до порагај ќе сменам и мислење за болницата, а и за персоналот. За жал таму кај што сакав немаше место ама ајде следната бременост здравје. Не викам дека сегде во Австрија е така пошо ова ми е прва бременост, а фала Богу болници до сега не ми требале за нешто лошо, можеби само лош доктор ми се паднал, а за прегледите после 37ма недела не знам.. си чекам само да почнат болките.
     
    На Dikinzi му/ѝ се допаѓа ова.