Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Meredit

    Meredit Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    91
    И јас мислам дека се ближи големиот ден и за тебе.И јас можам да ти го дадам истиот совет,да бидеш колку што е можно посмирена кога тоа почне и што е најбитно стравот и нервозата да ги сведеш на минимум.Јас ти посакувам се најубаво и со лесно.И само без паника.Породувањето можам да кажам дека е едно од најпрекрасните спомени и работи кои ќе ги доживееш во животот. :)
     
    На Jagoda123 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.896
    Допаѓања:
    40.716
    Пол:
    Женски
    Јагода нормално е да се спушти стомакот надоле, натежнува плодот . Кај мене веќе подолго време е така.
    Многу незгодно за седење ми е :(
    Инаку нели завршив една ноќ во болница , со мал хематом на плацентата , среќа не беше страшмно па ме пуштија дома ... сега е се во ред ... фала богу :)

    Инаку се ми е спремно, вчера конечно ја доспремив и мојата торба
    Сега се спремно чека ...

    Почнав да го пијам и чајов од лист од малина со желба да почне поранко процесот :$ :$ ама ќе видиме кога бебето ќе биде спремно :)

    Имајте убав ден женски
     

    Прикачени фајлови:

    • DSC01366.jpg
      DSC01366.jpg
      Големина на фајлот:
      246,4 KB
      Прегледи:
      176
    На Jagoda123 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. D-E-L-F-I-N-A

    D-E-L-F-I-N-A Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    22
    Од кога почнуваат отоците во бременоста?Јас сум 6 месец и веќе нозете почнаа да ми отекуваат и стапалата и глуждовите и едвај одам,не е малку рано уште од сега да ми отекуваат или...?
     
  4. gluvarche

    gluvarche Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    113
    Jagoda , MacenceEna јас сум тука негде со вас, но некако се си мислам има време има време просто не ми се верува дека си дојде времето :wasntme: и така си се понашам ко да нема да дојдам јас на ред :lol: ама ве читам и возбуда и мене ме фати
    мене стомакот не ми е нешто спуштен освен обилен исцедок, подуени прсти и по некоја нагла боцка во долниот дел други симптоми немам , незнам зашто али се си мислам дека ќе надминам термин, така ми е замислено во главата, а може и ќе се изненадам

    битно и ние сме спремни торбицата е спремна и останува да уживаме и одмараме уште малце

    за страв :?: па даааа има страв, али повеќе мислам што како ќе биде после пораѓај него на самиот пораѓај

    само смирено и да не следат позитивни мисли :hug:
     
  5. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.896
    Допаѓања:
    40.716
    Пол:
    Женски
    Глуварче па многу ретко е да се родат бебињата на терминот , 4 проценти се раѓаат само на денот на терминот.
    Јас си го надносев првото ,можно е и второво да е така. Иако викаат вторите бебенца се раѓаат поранко .. Ама кој знае :lol:

    Инаку стравот е нормален, секоја трудница го има . Јас искрено со првото се породив со провокација , немаше абер да излезе . И не ни знам какви се тие болки , незнам ни сега што да очекувам ...тотално збунета сум. Како во магла ми е првиот пораѓај . Знам дека цел ден го поминав во болки , се додека не добив епидурална , после преспав и болки и се :D :D

    Сега останува да си почекаме ...кога бебињата спремни ќе бидат за ислегување :*
     
    На gluvarche му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    јас сум 7месец и сеуште немам отоци меѓутоа кај секоја жена организмот е различен, избегнувај премногу зачинета храна и сол и пиј повеќе течности
     
  7. Jeny

    Jeny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    230
    Ајде со лесно нека ви биде на сите што наскоро очекувате да се породите. Сите нас не чека истата возбуда измешана со страв ама тоа си е нормално, само трудете се да не паничете. Штом сте си спремни веќе, потребната опрема за бебенцето купена, алиштенцата испрани и испеглани, торбицата за во болница спакувана, нема потреба од паника ви преостанува само да си ги чекате тие слатки болки кои наговестуваат дека нешто прекрасно ќе се случи. Инаку ако може да споделите што носите во торбицата за болница? Мене од болница една акушерка ми рече дека освен влошки со мрежичка, гумени влечки, влажни марамици и пелени друго не требало. Што си спремавте вие?
     
  8. l-a-d-y-di

    l-a-d-y-di Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    Jagoda123 и MacenceEna пошто сте при крај, ви посакувам со лесно да си помините и побрзо да ве читаме во темата се породив...
    А со втори деца и јас имам слушнато дека порано се пораѓаат, а и пораѓајот е побрз.
    Со провокација болките почнувале побрзо да се јавуваат и биле поинтензивни( тоа што научив од вежби)

    А сега да ве прашам дали имате болки во колковите и ципите, навечер дури не можам да спијам,
    Па си реков да ве прашам дали вие имате такви болки, дали се нормални или да одам на лекар
     
  9. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    јас имам болка во левиот колк интензивно почнаа во последниот месец кога ми се зголеми мешко и се си мислам дека тоа е од тежината бидејќи цела ноќ спијам на лева страна
     
  10. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.896
    Допаѓања:
    40.716
    Пол:
    Женски
    Јас за мене спакував една спаваќа , повеќе пара хеланки , маички на кратки ракави ...
    несесер со сите потребни работи , четка , паста , шампон , крем и сл.
    Бањарка и неколки крпи, фен итн. :) Книга *ако најдам време за читање *
    Влошки ке добијам таму во болница

    За бебе спакував алиштенца за сликање и за одење накај дома. Цуцли :)
    ете тоа е одприлика се што спакував .

    Овде е дозволено во секое време посета , може да остане и мм да спие овде ќе си го плати болничкиот кревет и оброк . Иако нема потреба може за спиење и дома да си оди.
     
  11. Jeny

    Jeny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    230
    Ова што го читам не е македонска ситуација, во право ли сум? :) И јас си помислив никако да не заборавам да спакувам некоја книга, оти книгохолик сум :geek:
     
  12. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.896
    Допаѓања:
    40.716
    Пол:
    Женски
    Да Џени не е во Мк :D Овде е друга политика , поопуштено е ... и за посета и за самото породување .
    Јас незнам како би издржала да не го видам детево*поголемата ќерка* тие неколку дена кога ќе сум во болница :tmi:

    Мм ќе биде со мене цело време во родилната сала , не сака да пропушти од тој момент кога ќе се роди детето , да ја пресече папочната врвца :)
     
    На zalosna, Jeny и gluvarche им се допаѓа ова.
  13. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Jeny не е страшно и нешто да се заборави, ќе ти го донесат подоцна.
    Јас спакував две торби, едната за мене, другата за бебушко.

    Еве што има во нив:
    За мене:
    - Пењоар ( Не дозволуваат да носиме свои ноќници, ниту пижами. Не знам каква ќе ми се погоди па за секој случај си го спакував пењоарот)
    - Голем и мал пешкир (за туширање и за лице и раце)
    - Несесер (четка за заби, паста, шампон, сапунче, четка за коса)
    - Две пакетчиња влошки со мрежичка
    - Влошки за гради
    - Влажни марамчиња
    - Две тоалетни
    - Неколку пара гаќи (кои исто така не се дозволени) чорапчиња и градник
    - Папучи

    Облеката како мојата, така и за бебето ќе ми ја донесат кога ќе треба да излеземе од болница.
    Сакав да земам нешто и за раната, но ми кажаа дека нема потреба, бидејќи таму ќе ми ја средуваат, а потоа ќе ми кажат со што да ја третирам јас самата дома.

    За бебушко:
    - 2-3 мушамки за пресоблекување (Не знам дали ќе ме остават да го правам тоа самата, но јас си спакував за секој случај)
    - Влажни марамчиња
    - 10 пелени (Памперс)
    - Павловичева маст (Оригинална)
    - Јекодерм

    Облека имам спакувано, многу убаво памучно комплетче, но спакував и едно плишанко подебело зошто март е непредвидлив, па да имам две опции за убаво и лошо време. :)
    Тоа ќе ми го донесат кога ќе треба да излегувам од болница.
    Покрај овие две торби, си ја спакувавм и целата здравствена документација, со сите анализи и испитувања кои ги имав во овие 9 месеци.
    Во мојата торба си ставив и една голема чоколада. :$

    l-a-d-y-di jас имав проблеми со левата нога, баш во пределот на препонот - ципата.
    И мене ми беше тешко превртувањето од една, на друга страна за време на спиењето.
    Некаде во 8-ми месец ми престана болката, а само што го започнав 9-ти месец почнаа проблемите со десната нога.
    Болката ми започнува од половината, а се шири низ целата десна нога.
    Отежнато движење, превртување, клекнување па исправување и сл.
    Последниве денови болката ја снемува, тоа ме радува. :)
    Инаку болките од ваков тип, во нозете и кичмата се нормални во бременоста, нека не те загрижуваат.

    Јас сум денеска супер, мешето си стои така спуштено, кога седам ми е во скут. :lol:
    Ноќеска имав некои слаби болки, но не беше ништо сериозно. Еве на бебеушко уште не му се изглегува! :)
    Ќе чекаме, колку треба да чекаме.. :)
     
    На Jeny и Agrona им се допаѓа ова.
  14. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Здраво мешиња. Јас се одмарам еве веќе 10 дена дома сум си на одмор од работа и уживкаме со бебушко. Сакам да ве прашам дали е нормално да ме болат препоните? Мене овие 3-4 дена ме болат, не многу но ме болат така од време на време. Си викам се шири матката се шири карлицата. Можно ли е тоа?
    Инаку сега во среда сме на преглед и ќе ве известам како сум поминала колку е бебушко како напредува, веќе сме 25/26 недела. Со Господ напред ќе биде се во ред до крај се надевам.
    Имајте убав ден, поздрав ! :inlove: :hug:
     
  15. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.180
    Oд ширењето на лигаментите ,доаѓа до такви болки како грчеви,само одмарање треба :)
     
    На Agrona му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Rusi

    Rusi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Здраво мешко и до тебе :) :inlove:
    Болката во препони ти е дефинитивно од тоа што карлицата веке постепено почнува да се шири. Јас со првото имав појака болка ама само од едната страна и тогаш ми рекоа дека притиска на некој нерв и од тоа се јавува болка, ама кога болката е на двете препони истовремено, не е многу силна и не е постојана обично е од ширењето на карлицата.
    Убаво да сипоминете на преглед, да си се изнагледате :inlove: , сигурно се ке биде како што треба, ама да си поминете од редот. Поздравче и пишете колку сте пораснале :) :inlove: :*
     
    На Agrona му/ѝ се допаѓа ова.
  17. wtff

    wtff Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    533
    Ајде здраво и од мене :D Денеска бев кај докторот, но не на преглед само за закажам термин, и имаше слободно само дури на 30.3, после 3 недели... А толку сакав да си го видам бебушот :( Ама ајде ќе почекаме... Ми рече доколку се ослободи некој термин за порано ќе ми се јават, но да не веруваш :) И така... Инаку сме си добро, повеќе одмараме.. Ајде :hug: :*
     
  18. Cacuvche

    Cacuvche Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Според мене поубаво е да си имаш матичен гинеколог и секогаш да ти закажува кога е потребно за ехо и за прегледи и да те праќа на испитувања. Јас цела бременост сум така и сум презадоволна и се е во најдобар ред.
     
  19. mace31

    mace31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    59
    здраво и од мене,еве ја стасавме и 40 сетата недела,курто абер нема за искачање,стомакот ми е се уште до желудник абер нема за спуштање,двапати лежам на патологија за висок крвен притисок и веке сите ме знаат и веке ми е здосадено,двапати неделно идам на цтг и ехо и се е во ред,секоја недела крвна слика ради протеините малку ми се високи,ми најдоа и скриен шеќер 9,2 и сега сум на диета,ми викаат дека можно е и царски да ме породат а па др,доктори ми викаат седиси дома док не ти пукне водењак или болки док не те фатат,веке незнам што да мислам и кого да слушам :( :( :( страв ме фака од се што се изнагледав таму :( :|
     
  20. wtff

    wtff Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    533
    Јас имав во Мк матична, и си одев кај неа. Но сега сум во Германија, тука немав до денес. И сабајле кога бев кај докторот ми се запиша матичен и сега имам и овде. Овде веднаш на првиот преглед, ќе ми закаже и за следен пат. :)

    Срцка нема од што да те е страв сега на крајот. Штом е се во ред уживај, кога тогаш мора да излезе ;)