Девојки да прашам кога сте правеле брисеви, дали по препорака на вашиот матичен сте ги направиле или на своја рака сте им рекле да ви ги направат? Јас сум 25+6 недела и ги направив досега 2та главни скрининзи, исто и крвна слика и урина но никој не ми спомнал за брисеви... Бидејќи прочитав кај повеќето дека сте правеле, ако можи да споделите искуство.
Матичните гинеколози имаат протоколи по кои се водат и точно кажуваат во која недела што да се испитува. Немаш воопшто направено брисеви?
Јас ги направив микробиолошките во 19та недела така ми рече докторката. Читам тука дека околу 12та ги прават како и да е докторот треба да ти каже. Прашај си на следен преглед.
во која болница си? ја би сепак и на друго мислење отишла има опција да се провере да не изтекува плодова вода
Не досега не сум ги направила а за уште една недела ке влезам во трето тромесечие затоа ме чуди што не ми рекле да ги направам @Jana06 Баш ќе прашам во понеделник сум на преглед.
Добро утро. Да пише @Kate Rina 93 како е . Те мислиме мила. Чим бебенцето е во ред не се плаши, се ќе помине. Само мирувај сега многу .
@LadyC Синојка само што станав до вц пак прокрварев, цела влошка се натопи за секунда.. Ми приклучија уште една инфузија да допре крварењето, пред 2 часа бев во вц, немав ништо. После ќе ми направат преглед, ќе видиме..а немам болки, се е најнормално. @ALISA0000 во државна сум во мојот град,имаме пријател доктор овде и стварно имам доверба во него. Чекам визита сега, па преглед и да видам како е бебушот. Ви благодарам што ме мислите @0ли
Да,можно е само така да ти се паднало сега гледај напред, подготви си се за пораѓај, како да се однесуваш со телото после пораѓај, и за доење секако. После 37 недела веројатно само тоа цтг се прави, или и стрептокока брисеви ако немаш правено. Јас цело време се спремам, гледам филмчиња на YouTube и се надевам дела се' ќе помине во најдобар ред. Ти држиме среќа!
Го видовме бебушот,добар беше, вода има доволно. Денес не крварев. Примам терапија. И денес ќе останам во болница. Се надевам ќе испадне се добро. Позитивна сум,го галам цело време и само му зборувам. Се надевам ќе ме послуша да си седи во меше
Не се секирај, се’ ќе биде добро. На сигурно си, одма си изреагирала и примаш се’ што е потребно. За жал некогаш се случуваат вакви работи што не’ вадат од памет, но на крај добро се завршува. Те гушкам, пуштам позитивна мисла и стискам палци се’ да биде добро. И ќе биде
@Kate Rina 93 се загрижив кога те прочитав со првиот пост.Мило ми е што сте добро со бебче,се надевам нема да се повтори.Ако не се лажам дома си,не одиш на работа,одмарај колку можеш и без нагли потези. Бебе сакало да те подисплаши малце,ке му вртиш кога ке се роди
@Kate Rina 93 само храбро мила, под надзор си и се ке биде супер, гали меше нека осети колку многу го сака мама , само опуштено тоа е најбитно, пишувај да не те мислиме
Киров е супер. Арно не ти се погодил лудиот Москов Страшно шо да ти кажам. Оти не отиде во некоја Здравствена компанија?? Обично тука у гер ако не најдеш лекар одеш у здравство и они ти наваѓаат. Не се секирај, се ќњ биде во ред. Биди позитивна не мисли на ништо лошо и одмарај. И пердув не дигај. Среќно и пишувај ккао си. Јас синоќа бев на вечера со колешките од работа се напив турски чај, блаккк колко ми беше одвратен, мислам ме изгреба по грло Од денес 34+1 не ми се верува уште малкуу . Мајмунката уште се нема завртено према тоа како прета у стомак. Ај има време. Убав неделен ден П.с видете каква книга сум нашла у библиотека за ќерка ми
Аа сакав да прашсм до кога пиете магнезиум!? Јас го прекратив ама сакам да го почнам пак ме утепааа грчеви и ден и ноќ заборавив да го прашам докторот некни
Здраво и од мене секси мамици. Јас ве читам редовно, секој фен го отворам форумот ама немам што да пишам и затоа не пишувам. Денес еве да ви кажам дека дојдов во Скопје на гости кај татко ми и брат ми, па здравје ќе посефиме со син ми до Божик Времето катастрофа тука бе луѓе, мрачно, врне, ладно, за никаде е Ајде од утре која е од Скопје и сака да се дружиме, може да се договориме некаде да се видиме, да излеземе. Јас сум во Џевахир, ако има некоја тука во близина може и тука кафе да пиеме, јас седам долу во Sky bar, а син ми си плива во базен, ама ќе ми здосади за некој ден оти сама ќе сум, маж ми си оди денес попладне, брат ми од утре е на работа цел ден, јас немам кола тука и ако е и вакво никакво времето каде да одам по ова време. Пишете која сака јас сум тука
Јас не сум се бричела клекната никогаш, се стоенката. Инаку за таа вода да ти кажам, ако е случајот како мене ич да не се секираш, оти јас во првата бременост кога бев 8-ми тука некаде, почна да ми тече водичка , беше Јуни месец, ај си мислев да не се одмочувам, ај после мислев од бањањето да не е, оти и сега коа се бањам имам вода останато на гаѓите ,па после викам ај да не се потам доле мајке му , топло беше времето, после филнови ме удрија да не е пл. вода, и ако ми веруваш, на секое поголемо течење бев на доктор, поточно кај 5 ДОКТОРИ ( може и фазла)! Сите ми го кажаа истото, плодова вода доволно, водењак не е пукнат, не сум отворена,со бебуш супер се, и сите ми спомнаа ( без ја да кажам) од кандида да не ми било, таа знаела како водичка секретот да го направи. И така до 41 недела, ми течеше, не цело време ама колку душа да ти земе, и на крај аи ја родив. Ако е истата ситуација тогаш опушти се. Брисеви први заборавив која недела ми зема,вториве ми ги зема во 30та оти и реков дека имам чешање, иначе после 30та ги зимаат, до 35 најкасно Така и ќе биде, без гајле се е во ред Полека припремај ја, да ти помага после Јас се уште го пијам, и планирам до 37 ма здравје боже да го пијам.