Не знаеа од што е. Ама пред неколку дена ми земаа брис, денес стигнале резултатите. Ми било позитивно на некоја бактерија, отиде маж ми да ги земе и да ги однесе кај матичнава, па да видиме,можно е и бактеријата да е причината за тоа.
Здраво девојки. Јас завршив преглед, ништо на повидок со 1 ден надминат термин. Ми го правеа фамозниот преглед со рака за прв пат, не сум отворена ич. Тие што се плашите, да знаете не е толку страшен како што го прават.
Кога е забрането тогаш му се јаде на човек инаку, и јас исто забележав мнооогу помалку се потам. Порано лочки под мишки стално имав, без разлика со или без антиперспирант, а сега скоро ич. Еднаш само се испотив во бременоста, кога шетав ама брзо многу беше одењето. А и избегнувам дезодоранси... (никако антиперспирант),и сепак ок функционирам. Не бегаат луѓе од мене.
Јас имав токсоплазмоза, според твоите резултати ти си имала порано токсоплазмоза, сега немаш. Така да немаш причина да се плашиш. И кај мене IGG e позитивно и засекогаш ќе биде. Битно е да не е нова инфекцијата (кај тебе не е) ако беше ќе беше IGM позитивно. Не се секирај нема ништо страшно, не ти е од тоа, кај мене IGM стана негативен пред неколку месеци а IGG то е сеуште високо. Ама не примам ништо за тоа, бидејќи не е нова инфекцијата. Заклучок: Резултатите ти се добри, компликациите не ти се од тоа што си имала токсо.
Женски ќе полудам од нервоза со мој термин за на трасфузиологија. Дали некоја ваѓала скоро упат за на траснфузиологија и со која шифра? Ни општ матичен ни гинеколог може да ми извади упат а треба да примам до пораѓај по две на ден. Епа не се малку пари да им ги оставам така...чураммм
И јас денес сум на преглед, и цтг пак ќе правам. Па ќе видиме дали и мене ќе ме прегледаат со рака Ќе се пофалам вечер
Овие 3 дена ви здосадив Многу се извинувам. Ама премногу сум ви благодарна што ми се најдовте во овие моменти
Секој петок отвараат термини за на трансфузиологија во Скопје за наредната недела..Јас вадев пред 10тина дена.. Кажи и на сестрата или гинекологот во петок нека ти направи упат..Баш јас ќе одам петок за во понеделник да ми извади упат.
Им покажува дека има слободни термини,но која и шифра да изберат и дава грешка за несоодветна шифра. Освен ако само во петок може да се вади упат.
@Kate Rina 93 какво досадување, си имаше мака, ти требаше поддршка, затоа и постојат темиве Одмарај дома, лежи, се ќе биде ок И јас денес се извадив од памет. Се лизнав по скали дома Среќа некако на страна паѓав па не беше директно на задник или на стомак, плус успеав на раката да се задржам тие неколку скали надоле. Мислам дека се е ок, бебиња нормално си мрдаат, ама раката и грбот на страна таму кај бубрегот болат многу Се спремам сега да станам ручекот да го правам, веќе каснам Се ок со ова седењево дома на патолошка, ама скаливе од памет ме извадија
@Kate Rina 93 Се извинувам, во право е @Butterfly1107, ова е дека порано си имала, сега е негативно. А ако е друга бактерија, ќе ја средите со терапија. А зошто земаш од матичен? Не ти дава упат трансфузиологот за секое наредно одење?
Епа како ќе се нервирам во 8ми месец...на последниот извештај ми пишале контрола на 24ти со нов упат и мислење од гинеколог. И никако неможат да ми извадат упат. На крај ќе извадам приоритетен за во мојот град и да се надевам дека ќе ми препишат клексани според мислењето од гинекологот.
Ме зачуди зошто нов упат. Ај сфаќам мислење од гинекологот, тоа е во ред. Мислам ти кај Елена одеше и чудно ми е зошто ти бара нов упат.
Искрено претерано задоволна сум од неа, но сега многу ме налути. Дури и се јавив да и кажам дека неможам да извадам упат, ме направи и луда, како другите можеле јас не. Ме остави на цедило последен месец, но ќе се снајдам ќе ги рефундирам до последна инекција, и така ме сотреа цела бременост.
Уште ова да те прашам. Досега извештај од гинеколог не и' носеше на секоја контрола? Ајде, не се нервирај сега на крајов. Толку работи поминаа, ќе се снајдеш и за ова. Можеш и преку ГАК да пробаш да земеш за кај неа упат.
Носев извештај ако имав обично на 5 недели ми закажуваше контроли и имав, дали од Трајковски или од матичната. Ќе помине и ова, но немаше потреба, кога супер си соработувавме до сега. Ќе се фокусирам на убави работи сега, може и шопинг хехех
Какво извинување, на секого некогаш му е потребна поддршка , молам бога само да биде се во ред, и да немаш во иднина вакви паники Аман бе жено ! Како си сега ? Верувам раката те боли..ама друго ? Нареден пат екстра по внимателно