Второ, трето па и шесто мислење ако треба. Немој да избрзаш, нека те види и друг доктор. Ти посакувам среќа. @Martka ти го пишала моето искуство. Едит: @Martka ме врати во еден стресен и во исто време најубав период од животов. Ме разнежни со тоа што си пишала.
Здраво друшки, вчера бев на 2 скрининг во Плодност. Според неделите сме си таман, некој 5/6 дена понапредни. Пак го видовме курката и го пофалија дека ни дозволи се' да видиме и измериме 470 гр е, мене постелката ми се кренала, не е повеќе ниско, цервикс 4.7. Следно било скрининг за срце и тоа испитување за скриен шеќер, па после празнициве ќе видам со матичнава...Засега е ок, па понатаму со Господ напред. Позз и гушки
И јас помислив дека ништо чудно да ти е и на психичка база- се нервираш, очекуваш постојано и напната си па и што викаш те распрашуваат сите од околу ...Најубаво да се опуштиш (што знам дека не е баш возможно тоа) и да си очекуваш во смиреност да дојди моментот. Сепак, во меѓувреме секако во консултација со лекари.
Мене свеки вчера ми ги спои жичките.. Јас сум била крива што бебето не искачало, цела бременост сум спиела (???), а на работа одев до пред 10 дена. Функционирав најнормално, дури и на почеток кога немав енергија не одмарав многу затоа што ми го тупеше дека многу спијам. Еј какви створења бре. Јас сум си го направила сама проблемот. Кој проблем чудо од неа од стресовите што не се породив пред време, е тоа треба да и го кажам .
Абе биди најактивна на свет ако сакаш! Ниеден доктор не може прецизно да каже кога ќе се породиш. Знаеш колку има во 42 недела што родиле? Значи тоа е отприлика датум до кога, а не ко слеп за стап за него што се фатила свекрва ти. Батали ја, лелеее ја се изнервирав. И @Dikinzi лелееее хард кор еј. Значи толку ми е неугодно страшно нешто. Читав баш од висок прогестерон се дешавало. А која недела си ти?
И јас одам во Плодност. Мене вториот скрининг ми е крај на јануари. На првиот синко го пофалија како е добро наместен и се убаво измерија. Ќе видиме дали ќе биде умен и на вториот скрининг.
@Starlič абе ти уште трудно си Кога зборевме во лп, викам за некој ден готово се породи, ама ништо Знам како ти е ова чекање, и напнати прашања од луѓенца, и ја исто се нервирав. Цело време викав дека сум 10месеци трудна и дека неможам веќе Ајде да не израдуваш наскоро
@Kate Rina 93 леле мила сега те прочитав. Позитивни мисли само и одмарање многу. Буквално само вц-кревет релација. А за железото види мене многу ми помогнаа тотхема ампулите. Грозни се да, ама на екс не се осеќаат толку @Starlič уживај опушти се и мавни повеќе на секс овие денови гледам само 3 дена си над термин.. ако ти е за утеха јас малата 10 дена ја надносев.. ќе си излезе бебче нема кај да бега. Опуштено само и не слушај муабети многу многу. Од едно влегло од друго излегло така и јас правев
Da,dr.Trajkovski e vo new born,nekoja od chlenkite pisha deka 1500den. e za eho ne skrining i mene me zacudi cenata.Neznam kako e so zakazuvanje dali se ceka mnogu nema odeno kaj nego,jas sum pacient na dr.Ivanovski i razgleduvam iskustva za prv skrining iako mi e seushte rano.Mn.pofalbi citam za dr.Dimchev
Здраво девојки После висока бета, која правилно се дуплира, се уште не сум била на ехо преглед. Вчера имав светло розов исцедок, кој беше ептен малку, веднаш стана светло кафеав и брзо го снема. Денес утрово веке немам ништо. Му се јавив на матичниот, ми рече да одмарам, покриена сум со терапија и рано ми е за ехо преглед. Од клиниката кај што правев ин витро ми рекоа да го прекинам аспиринот. Инаку примав и аспирин и клексан. Какви се вашите искуства во ваков случај? На колку време го прекинувате аспиринот? Дали по прекинот на крварењето повторно почнувате да го пиете?
Па ако ја слушнам пак да тресне таква глупост ќе и речам.. Јас бев во вц коа го збореше тоа на мм, само ја слушнав. Тој и врати, ме одбрани. Заради него ја трпам само, иначе дека не знае што збори има докажано повеќе пати и ништо не разбира. Дури и лута на крај она ќе биде од мојот безобразлук
@eta јас имав кафеав исцедок во 1во тромесечие,неколку пати.Аспирин пиев до 12 г.н,значи не го прекинав,а Утрогестан ставав три пати дневно,и тоа вагинално,со што сметам дека уште толку ја иритирав матката.На почеток се вадев од памет,но лекарите беа скроз лабави уверувајќи ме дека е стара крв,си се чисти матката,и дека нема врска со плодот. Така си отидов и на одмор,и нормално функционирав.Фала му на Бога засега е се во ред. Ке биде и кај тебе,уживај и одмарај си
37 недела сум, бев на преглед и ЦТГ. На ЦТГ не покажа никакви болки (инаку од време на време имам Брекстон Хикс контракции кои деновиве така станаа малку напорни). Бебето е супер, свртено надолу, а мене ми е омекнат цервиксот и отворена сум 1,5 - 2 см. Др.вика дека сигурно не сум баш без болки, ама јас не осеќам ништо. Мислите ќе издржам да не се породам до Н.год вака?
Не.. таман работа.. немој да мислиш така.. туку не чудно ми е навистина зошто Васо не реагира бидејки си над термин... навистина не ми е верно...и јас се породив над термин и тоа 3 дена иако ме водеа како ризична беременост.. плус тоа првиот преглед со рака ми беше кај Васо во 37 недела .. ми рекоа дека сум 2 прста отворена и после ме пратиа на клиника и таму сите прегледи ми беа. Веќе не отидов кај Васо... со 2 прста отворена си терав до 40+3 и со индукаци па после со провокации ме породиа... извини ама навистина ми е чудно тоа што кај тебе воопшто не реагирале како кај сите трудници...
Јас имав крварења 6,7,9,11та недела. Некогаш розево, некогаш кафеаво на влошка и на бришење по неколку денови, ќе престане па пак ќе се врати. На 2 пати имав голем крвав исцедок во шоља и на бришење. Ме гледаа на ехо повеке доктори (зависи кој ќе се погодеше на дежурство во Ремедика) немав ништо видливо, се беше во ред со бебињата, никој не ми кажа од каде доаѓа крвта. Најверојатно постелката се поместувала нагоре, не знам. Ми дадоа прогестерон депо инекција после поголемото крварење, и сите ми кажаа утрогестанот никако вагинално кога има крварење. Па ги земав орално се до денес 3×1. Еве се е во ред 27ма недела сум
Кај Васо последен пат бев на контрола 6 дена пред термин, ми кажа дојди еден ден пред термин, тоа требаше да биде петок, јас не отидов, не се чувствував добро, отидов вчера, него го немаше. И ете така излезе да уште сум кај него со поминат термин. Сега сваќам дека сама си ја направив работата потешка.. И криво ми е, ама тоа е што е .. во четврток ќе одам, кај него закажав..
А ако го родеше порано не дај боже, шо ќе викаше ? Пак ти дека си крива оти си работела цело време , оти си одела на работа ? Ах тие таквите жени кој ѓи учи да се такви ? Зошто прават дополнителни нервози ? Душо..јака ти душа кога ќе се породиш..освен совет да ти дадам, ако она не затвора уста и ти исто така Тоа и ми беа првите симптоми пред да дознаам дека сум бремена. До душа и некако си знаев Гасови наеднаш еден тон почнав во вц да станувам по 2 пати, што не се дешаваше кога не бев, ми се лошеше и ми се спиеше цело време и кога ќе го соберев мешето доле се правеше како една топка тестот после ги потврди моите сомнежи иначе јас си имам мака ако не испуштам гасови и ако се стегам, после имам ненормална болка во стомак до виткање стасувам, за да ми помине легнував се склупчував, и ќе испаде гасот и веднаш се смируваше стомакот после . Поминаа..па не знам да не те лажам некаде кај 4 ти веќе се намалија, и сега си имам ама не како на почетокот што би рекла ти МАЖ се чудев како може да бидат толку силни и долги хахахахаххахахаа Иначе јас сум 34 + 1 Секако дека е можно, можно е и порано, можно е до термин да тераш, еве @beba@meba погоре има пишано