@Dikinzi не знам еј. Ама каква безосетност можеш да добиеш од жена, и тоа што некогаш родила, од маж никогаш нема да добиеш. А тежок пораѓај имала со мм и од траума нема второ дете, не ни можела да дои, а мене ѕрцките ми ги вади со глупи муабети. Ама кога ќе дојде бебе здравје, мислам дека многу посесивна ќе бидам и нема да и дозволувам да се плетка кај што не и е место .
@Kate Rina 93 Мила, еве доказ дека и други минат низ тоа и дека се ќе биде во ред Нема што криво да ти биде , бебето секако ќе си седи внатре до кога сака тоа. Можеш да примениш некои митови за да испадне побрзо, ама сепак тоа се само митови. Всушност и зошто брзање ? Јас исто така кога надминав термин си викав, ајде бе малечка испаѓај да те видиме, не можев да ја дочекам, после си реков туу што брзав ја еве ја тука е нема више спиење, филмови и грицки натенане
Па што ако имала тежок пораѓај ! Кој пораѓај е лесен ! ( До душа има жени што знаат да се породат за 2 саати ..блазе си им ) И со доењето се намачила оти немало кој да и каже. Верувам по муабетов што го кажуваш ќе ти се меша, ама верувам дека и ти ќе и вратиш оти менталното твое здравје од кога ќе се породиш е многу по битно од неа ! Да знаеш само да те предупредам дека ќе бидеп лоша снаа ако зборуваш многу ама ако..биди си, за твое дете и ѓавол ако треба ќе станеш И друго..ако имаш поддршка од сопругот, не му се мисли, со него муабет, и он прво нека ја реши
Е ајде де, ама она си се истрауматизирала. Тоа за нејзе збори. Иначе до сега дека све по г*от и одев, еве мрза излегов и затоа бебето не се родило во термин хахах. Ма ќе ја баталам веќе, баба ми е понапредна со размислувањата од неа, млада жена такви глупости да тресе, имам пишувано во темава и претходно за нејзините митови зошто ми се лоши во бременоста и зошто не треба да пијам терапија доктор што ми дал. Ај да не бегам од темава, ќе живееме некако заедно, мораме уште некое време.
Супер сум денес. Вчера се напив магнезиум, парацетамол, и еден диазепам испив. Спиев убаво. Не ми е јасно уште зошто така ми се случи. Откако останав бремена не ми се случило така никогаш. Цело сабајле се мислам како да се опуштам малку, се осеќам стегнато.. се мислам дали да дрмнам едно црвено винце Малце се уплашив, на нашиот кум татко му не е добар, во болница бил, и им рекле дека нема да го биде.. А јас треба да се пораѓам.. страв ми е да не биде ист ден..
Да живеат бабите , тие со понапредно размислување Имам една таква многу си ја сакам отк делиме исто мислење, а за свекрвите..тоа е ..нема крај Не мисли на тоа, пу пу пу скраја да е , нема такво нешто да се деси. Само да ти кажам, ако пиеш магнезиум прекрати ги, и ја ѓи пиев во 9ти,коа и кажав на матичната ми вика како уште пиеш ? Па ние чекаме да се породиш, а тие ги прекратуваат болките
Леле и јас магнезиум си пиев до пред некој ден. Па кога прочитав тука викам стварно тие се за опуштање мускулни контракции јас си ги делкам до 41 недела . Ама готово денес и витамини престанувам, ќе протестирам
Само да бидеме добри, да си изгураме до крај и да се израдуваме Послушна сум, од кревет не станувам,маж ми многу ми помага,цело време е покрај мене,освен кога е на раб. Кога станувам за до вц, кога се движам осеќам тапа болка долу кај матката. Штом легнам се смирува. Затоа не мрдам од кревет. Сега секој симптом ме плаши, денес и малку болка осеќам во кичмата ама тоа е нормално нели Вие како сте? Се спремате за нова година?
Јас откако влегов во 9 месец ги прекинав и витамините и магнезиумот. Ама ми се кочеше многу левата нога и за да колку толку си олеснам пиев, ама се на се 3 магнезиума сум испила, а витамински 2. Маж ми ме караше зошто не ги пиеш, викам неможам више. Така да и јас веќе ги прекинувам. Фала што ми кажа.
Абе чудесии се Мојава само слуша нешто и ми раскажува, селски муабети оваа на бебето од 4 месеци му давала печено јаболко Друга му давала тетрапак млеко, адаптираното млеко било отровно и секој ден нови простотилуци Само јас се и вракам ништо не кутам пошто обично глупостите ми ги кажува на само, а кога сум со мм не ја ни есапам он ја слуша и дебатира : D
А тоа што е омекнато и што сум веќе малку отворена? Др.вика најверојатно ќе се породам порано (ваљда мислеше порано од терминот)...а јас сакам барем н.год да помине, не ми се остава детето дома без мене за н.год.. плачка сум знам!
И јас сум тука некаде со неделиве , пред 4 недели на преглед кај докторот ми рече ќе се породиш порано бебето ти е многу спуштено долу така да се е можно мене ме фати една паника дека не сум спремна па ајде одма спремав торбиците со облека. Одев на секои 20 минути во веце и неможев да се движам оти мислев цело време ќе испадне хаа зашто го чувствував многу ниско . На контролата во 36 недела докторот ми вика можно е само неколку дена порано, бебето ти е качено погоре цервикс скратен ама уште не си спремна. Денес 38 недела бебето ми се качи до желудник горе, повеќе немам потреба за одење во вц и функционирам сосема нормално, така да ништо не се знае кога и како може и пред нова година , може и на термин може и ќе се преноси .Инаку за магнезиумот мене докторот ми рече по потреба може да го земам. Се опуштив и си очекувам сега да се запознаам со бебушот.
Nemoj za toa da se plasis da se sekiras ako bide bide vo ist den gledajsi ti za bebenceto sega I ne e nekoj od vaseto semejstvo pa do tolku da stvaras stresovi