Здраво и од мене. Денес бев на контрола. Ич не сум задоволна од матичниот ми гинеколог и сакам да го менувам. Имала ли некоја од вас слично искуство? Ќе си направам ли проблем. Јас, додуша веќе си направив проблем, му кажав во лице дека не сум задоволна од некои негови постапки, тој се навреди, се налути и цел преглед ќутеше. Не ми го ни покажа бебчето да го видам на екранот. Ве читам и низ други теми, и си се чудам. Јас сум 17та недела а сеуште не сум го слушнала срцето на бебево?! Неговата машина нема звук или што е проблемот? Го прашав еднаш, ми рече:„чука срцето како не“, и толку. И денес ептен ме изнервира и разочара и сега сакам да го менувам. Проблем е што тој ми е матичен уште пред бременоста. Не сум од Скопје, а во мојот град е ограничен изборот, да не речам нема избор. А, и што пиете кога ве боли глава? Што смее да се пие?
midnight.flower најдобро е да не го менуваш матичниот, сепак како што напиша ти ја знае состојбата и пред да останеш бремена. Можеш да си појдиш приватно на преглед, кај некој гинеколог што има поубава и понова опрема, сигурно на твојот матичен му е постаро ехото и затоа не ти има пуштено звук Кога ме боли главата еве на пр денес ме болеше се напив парацетамол, после некое време магнезиум кој секако го пијам и малце одморив
Јас мислам подобро да си го смениш, секако веќе си му рекла дека не си задоволна од него и мислам дека нема да ти обраќа многу внимание понатаму. Ете гледаш уште веднаш не ти го покажал бебето. Пробај во друг град што е близу твојот. И мојата матична во Мк не беше од мојот град, туку во следниот град. Доколку не си имала некој посебни проблеми пред тоа, не е битно од кога ти е матичен. Ќе објасниш убаво што како на новиот доктор и готово. Едит: и мене ме боли во моментот главата. Си изгасив вагленчиња (незнам дали го знаете тоа, ако на некој не му е јасно нека ми пише во лп ќе му објаснам. Тоа е за од уроци.), и доколку не ми помине ќе се напијам парацетамол.
Devojki,treba da odam zadutre za brisevi no,stavam vaginalno I utrogestan.Dali.bi precelo toa nesto na brisot ili ne?
Јас исто не бев задоволна од мојот матичен гинеколог и го сменив во 28 недела. Сега за сега сум задоволна. Се надевам така ќе остане уште неколку недели. Ако е така ќе си го задржам и за понатаму и после бременоста
И јас не сум задоволна од мојот матичен, па затоа си имам уште еден гинеколог во приватна болница кај кој одам редовно секој месец. Немам потреба да ја менувам сега бидејќи и онака не ми значи ништо нејзиното мислење. За главоболка јас еднаш се имам напиено парацетамол и само повеќе одмарање во затемнета и тивка просторија. Главата може да боли и од намален притисок (тоа беше случај со мене) па се напивав по една чаша кока кола. Е сега мешиња јас да прашам, дали имате проблем со непцата? Мене почнаа некако да ми се набубруваат како отечени, а користам лакалут паста сензитив и мека четка. Ако некоја го има истиот проблем некаме посоветува како да го решам
Chupe мене не ми набабруваат непцата ама ми крварат, и тоа си е нормално, користам Лакалут сензитив паста и детска четка за заби (тие се ептен мекички) па некако ми се реши проблемот. Пробај да ги истриеш непцата со чајче од камилица, жубуркај
Еве не и нас! Денеска бевме на ЦТГ и ехо во Државна болница. Воопшто не сум задоволна од докторите што беа на смена, ако не ги прашаш, збор не ти кажуваат. На ехо се е во ред, имам доволно плодова вода, бебушко си ужива. За ЦТГ-то збор не ми кажаа, веројатно и тоа е во ред штом ми закажаа повторно контрола за една недела, ако до тогаш не се породам. Бебушко си мрда, си претка.. Јас уживам во последните денови од бременоста, чувствувајќи го него во својот стомак. Наскоро ќе се сретнеме. Денеска ја завршувам и терапијата со инекциите, пресреќна сум, рацете ми се заникаде. Конечно дојде крајот и за нив. Убав ден мешковци!
Еве ме и мене денес преглед после една недела ... хематомот го нема ,плодова вода доволно , цтг исто во ред ... Значи уште време ми останува . Јас продолжувам да го пијам чајот од лист од малина со надеж да започне побргу се ова При крај сум многу нестрплива и овие неколку недели ми се како векови
А каде ќе се пораѓаш?? Ако е во државна ќе ти требаат гумени или пластични влечки, папучи за по дома не се дозволени, а за облеката за бебето ќе ти биде потребно само она во кое ќе го изнесеш од болница, за таму се си имаат и не треба да се носи.Само кога ќе дојдат по тебе облека за изнесување од болница и толку. А за тебе влошки, пешкири повеќе,влечки и за хигиена несесер. Тоа е се што треба.
Cacuvche во државна ќе се пораѓам. Да, да папучите ми се гумени, а облеката за мене и бебето ќе ми ја донесат на денот кога ќе излеземе.
Eve me i mene fala so me mislite me nemase izvesen period a sega sum da se odjavam od temata (pak ke si dzirkam so ima novo) jas si se.guskam so mojata peperutka mi mrtkase vo stomaceto a sega vo racete..da im cestitam na novite trudnici i posakam lesna bremenost a site vie vo iscekuvanje sano napred i so lesno da vi e.se vredi da se pomine za malite ocicki koga ke ve poglednat.pozdravcee se izv za lat od mob sum
честитки нека е жива и здрава да имате многу, многу, безброј среќни моменти заедно, бакнежи и прегратки до вас
devojce честито ќерќичка да е здрава и жива голема да расти и најсреќна да биде,те мислев зошто те нема ама штом си сте заедно гушкајте се си сега уживајте си бацни ми ја еднаш принцезата
Мамички, во која недела го дознавте полот? Јас сум 16та недела и 3 дена па наредна недела сум на ехо. Се надевам дека ќе успее докторот да види Уште едно прашање - во која недела за прв пат го осетивте мрдањето на бебушот? Иначе деновиве од време на време осеќам како некое стегање па дури и болка во долниот дел од стомакот. Дали е тоа нормално? Претпоставувам дека не е ништо страшно дека е поради ширењето на матката? Добра ви ноќ
Мене во 17 недела гинекологот ми кажа дека е девојче, но не беше 100% сигурен. На некои и многу порано успеваат да им го кажат полот, особено ако носат машко (ова од општи муабети го имам слушнато, демек машките порано ги препознаваат, не знам колку е вистинито) Движењата на бебето ги осетив во почетокот на 5 ти месец (18-19 недела) и не бев сигурна што точно осетив, ептен се збунив ,,Поинтересни,, се движењата на бебушот во поголемит месеци (во 7 ми и 8 ми) буквално цел стомак ти се изместува, не само што ти ги чувствуваш туку и може да ги забележиш на стомакот... Ова мислам е периодот кога мајката започнува да се привирзува за бебето, станува свесна за животот што го носи во себе (барем кај мене беше така, ептен се радувам кога малава ми го бранува цел стомак) Инаку такво стегање и болка во стомакот не паметам да осетив, но претпоставувам дека е нормално бидејќи самата бременост со себе носи огромни промени во нашиот организам, сите органи се поместуваат од ширењето на матката па можеби од тоа да осеќаш нешто. Сепак прашај си го гинекологот, и онака си на преглед за некој ден па треба да си прашаш се што е поврзано со твојата сосотојба!
Јас полот го дознав дури во 23 недела кога бев на скрининг. Пред тоа синко не сакаше да се покаже (18 недела докторката маки мачеше да види ама без успех). Сигурно го осетив мрдањето во 19 недела, а пред тоа не бев сигурна дека тоа е тоа. Повеќе чувствував како гасови внатре, ама најверојатно било тоа. За стегањето на стомакот и јас ги имав истите симптоми, еден период ги имав и после ми престанаа. И јас бев уплашена, ми личеа на оние брекстон хикс контракции а секаде пишува дека тие се јавуваат подоцна. Ама да не се подречам досега се е во ред со бременоста, се надевам дека до крај ќе остане така. Ти сепак консултирај се со твојот матичен, тој најдобро ќе ти каже што да правиш.
Здраво мешиња. Сношти спиев на рати ама буквално на рати на секој саат станував за во веце, киселини ме отепаа + и гасови многу имав сношти и осеќав подуеност во стомакот. Ах....цела вечер око не сум склопила. Тешко на син ми си слушаше како и "пеат" на мама цревата и цел стомак ми кркотеше. Ај си реков настинка да не е некоја па во 3 часот сум правела чај од нане. Малку ми помина, но после пак исто. Сабалјево бев да ми земат крв од вена за Д-димери, па во 14 ч. мм ќе треба да ги земе резултатите и во 17 ч. имам закажано на гинеколог да си го видам бебуш. Со Господ напред ќе биде се во ред. Душиче мајкино цела вечер мрдаше ме осеќаше дека не сум како што треба. Ајде ништо страшно може сум се проладила малку. Имајте убав ден.
Честитки, баш ми е мило за тебе заедно се спремавме за одредени теми, мммм убаво ееее сите сме за тоа бебенце да го видиме тогаш нема болки и умор туку само љубов и среќа.