Ќути и радувај си се јас сум веќе 24та недела па уште си повраќам ама тоа е. Бебуш ми го тренира желудникот. Изгледа ме спрема за менување пелени, да не повраќам тогаш, да си спие со суво газе хаха срце мамино
Мајки, ме боли стомакот горе високото, бебе е доста активно, и при мрдање ми прави гасови и морам нон стоп во вц, ви се случува ли на вас така?
Мешиња наминав да ве поздравам. Трета смена доење сум сега Сакам да ви се заблагодарам на сите за честитките, јас и синчето веќе една недела сме дома здрави, живи. @LadyC благодарам што ме мислеше. Добро е се Со лесно на сите и да ви повторам еден клише муабет: Ќе ви фали мешето!
се размрда жабчето баш сегаа пред спиење , клоца ли клоца ама вечерва киселини ме убија , вода, млеко, гастрогард и џабе па ме гори .
Јас по една пиев.. така ми кажа матичниот.. и баш се изненадив од резултатот.. за 15 дена ми го покачи железото на 20... презадоволна бев од резултатот, најискрено.. се надевам дека и ти ќе имаш добар резултат ..
Vemolam dokolku nekoja od vas bila vo brzi vreme na skrining kaj Trajkovski da mi kaze koja e cenata sigurno .
Минатата бременост исто имав јака кашлица дури стомак ме болеше од кашлање,ми помогна само Алпенкрафт сируп ништо друго Секако препишан од матичната. Во секој случај на природна база е
сите мешиња што сте со киселини бебушите со косите ке си играат( така сум слушнала) моево келава зелка ке има изгледа хаххах
Не знам колку е точно тоа. Јас ненормално имам киселини. Што и да каснам, за 15 минути горам. Незнам дали после бременоста ќе исчезнат.
Добар ден трудници. Мене ме фати грло и нос откако дум во Скопје, бев во аптека ми дадоа прополаид со мента за грлото и едни тсблети на природна база со брл слез што се шмукаат, само тие биле безбедни за трудници. Ги има некоја користено или прополис или овие таблетите со бел слез? На упатството пишува да не се користсат во бременост и доење, а таа ми рече као безбедни се...
И јас бев вака. Ма некад и од воздух ми се чини горев. Секогаш раскажувам колку ми беше слатко првото јадење после пораѓај, без ништо да ме гори. Значи, одма ги снема киселините.
Јас го користев спрејот, а за таблети шмукав на др.Таис од жалфија. Тоа кога бев 4ти, само пробај и природни работи домашна супа со мн бибер, млеко со прегорен шекер,цедени сокови и сл. Да не те разочарам јас пак завршив со антибиотик тогаш Ама може ке куртулиш ти полесно
Јас немав киселини,само 2 недели пред пораѓај малку И беба се роди со многу коса,јас мислам нема врска тоа Иначе за киселините памтам ме спасуваше само млеко
Ако ти се појавиле во бременост,ќе исчезнат по породувње. Како си ти? Торбата спремна ли е? Се движиш ли? Јас откако влегов во 9ти го малтретирав мм секоја вечер да пешачиме ,околу 1 час за побрзо породување А за време на породувањето ми рекоа да правам чучњеви ама со нозете подраширени и стапалата закосени да се убрза процесот. Јас како што знам не смее да се користи ништо од пастилите за грло ,освен Пантенол за обнова на усна шуплина. И прополис без алкохол. Сепак консултирај се со гинеколог за тие што си ги купила.
@Sofi.ja Добра сум. Ме боли стомакот само. Не, слаба сум со движење. По цел ден лежам и спијам... Немам желба ни за шетање ни за движење. Се е спремно. Само бебе да излезе.
И за побрзо и полесно породување исто имам читано дека треба да се пие чај од лисја од малина и урми да се јадат. Има на интернет повеќе напишано. Прочитајте си женски: raspberry leaf tea и dates Јас планирам кога ќе влезам во 9 мес. да почнам со по една чаша чај, и цело време да зголемувам докај литар. И исто по 5 урми на ден (измиени со врела вода)